Достапни линкови

Администрацијата не ја оправа закон


Професионализацијата и ефикасноста на администрацијата пред сè зависат од политичката волја и доблест на политичарите кои не треба да вршат политички притисоци и уцени.

Кога е донесен Уставот на Република Македонија? Кои се државни симболи на Република Македонија? Колку време според уставот може да трае притворот? Што е адвокатура? Што е политичка партија? Ова се дел од испитните прашања на коишто треба да одговорат идните административци доколку сакаат да се вработат во државниот или јавниот сектор. А токму испитите и вработувањето во јавната администрација се најчести теми на интернет форумите каде што граѓаните скриени зад безбедноста на својот аватар, пишуваат за искуствата и патешествијата низ кои поминале обидувајќи се да седнат на другата страна од шалтерот.
На тоа работно место за кое што аплицирав јас вработија девојка од Скопје за да работи во Битола и над сето таа не е без родители, а огласот беше за вработување на 50 деца кои што се без родители низ цела Македонија.
Коментар на интернет форум.

Честопати советите кои им ги даваат искусните на тие што аплицирале за работа е: „не мачете се, работното место е веќе пополнето, ова е само формалност“. Една девојка, која на форум се претставува како „Џивџи“, вели дека огласите за вработување во администрација се објавуваат за вработени преку партија.

„Сè е гола вода, јас кога бев на полагање на испитот за службеник запознав девојче од Прилеп, кое, како што видов според бодовите, падна на испитот, а по две недели прочитав на интернет страната страната на Агенцијата за администрација дека е примена на работа, па кажете ми сега дека ги примале во администрација само најдобрите“, раскажува друга девојка, која се потпишува како Миме.
Оф леле, што е предуслов за вработување? За жал, да имаш партиска книшка, па да те вработат. Мора да си во некоја партија, инаку вака да учиш, па да очекуваш шанса, многу тешко.
Анкетиран граѓанин.

„Јас полагав, положив со максимум поени, ме викнаа и на интервју на кое што имаше девојки кои што не ни знаеја за кој оглас се викнати, бидејќи наводно аплицирале пред една година па не се сеќавале. Но тоа не беа девојки без родители, како што беше наведено во огласот дека е наменет за вработување на деца без родители. Јас три пати се тегнев до Скопје по патишта за да полагам сè што ќе ми речат и на крајот знаете што? На тоа работно место за кое што аплицирав јас вработија девојка од Скопје за да работи во Битола и над сето таа не е без родители, а огласот беше за вработување на 50 деца кои што се без родители низ цела Македонија“, објаснува уште една девојка за своето искуство.
Тоа е ваше мислење дека партиската припадност е главен репер за влез во администрацијата.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација,

На форумите се пишуваат и шеговити математички пресметки за тоа од која партија најмногу се исплати да се има книшка за поголеми шанси за вработување. Па иронично констатираат дека партиски војник со опозициска книшка кој ќе премине во владеачката партија побрзо ќе се искачи погоре на списокот за вработување за разлика од вистински симпатизер на партијата.

Граѓаните велат дека професионалноста во администрацијата во Македонија се одредува со партиската книшка што ја поседува вработениот. Тие велат дека главен предуслов за вработување е партиската книшка.
Да бидеме малку поотворени, не се примаат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци. Ако во тој натпревар во континуитет, што е нормално, се примаат и Македонци, ние нема да ја стигнеме целта. Тоа е на некој начин, како ние да трчаме по една пирамида која нема крај, не е возможно да издржи буџетот.
Муса Џафери, вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

„Оф леле, што е предуслов за вработување? За жал, да имаш партиска книшка, па да те вработат. Мора да си во некоја партија, инаку вака да учиш, па да очекуваш шанса, многу тешко.“

„Да, треба знаење, но сега е за жал само партиска книшка. Реално е така.“

„Човек треба да биде партиски определен, за жал тоа е“, велат анкетираните.
Муса Џафери, вицепермиер за спроведување на Рамковниот договор.
Муса Џафери, вицепермиер за спроведување на Рамковниот договор.

Од друга страна, пак, ниту тие што се вработени во јавниот сектор повеќе години не се чувствуваат безбедни, особено кога станува збор за напредување во кариерата според стекнатите знаења и вештини.

„Јас сум во државна администрација и знам како сè сега се вработуваат колегите, процент од албанската популација, процент од ова, процент од она, џаболебари колку сакате, тие се вработени, а всушност не работат ништо“, вели една граѓанка.
Мислам дека за сите оние барања, предлози и забелешки кои ги имавме, разговараме и постигнавме согласност, тоа оди во прилог на задоволување на нашите барања.
Живко Митревски, претседател на ССМ.

Во меѓувреме, бројот на вработени во јавниот сектор со помош на лотарија порасна за 1.600 луѓе кои што ги вработи Македонски шуми, но подоцна Владата реши да ги прераспредели во други институции. Раководителите во институциите „на слави и по комшии“ тивко се жалат дека се ставени во тесно, оти новодојдените од Македонски шуми мора да се вработат, а луѓето кои со години се водат како хонорарци во институциите, а работат со полно работно време без платени социјални придонеси и натаму ќе си останат во статус кво ситуација.

Но, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски негира. На новинарско прашање кое се однесува на партиските вработувања одговара дека во изминативе три години функционира квалитетен систем на вработување во администрацијата.
Очигледно е дека правата на администрацијата ќе бидат скратени, дека платата наместо да се зголемува ќе се намалува и дополнително е проблематично што има непринципиелноста во законите како што е експертското познавање на странски јазик.
Драге Јовановски, поранешен синдикалец.

„Тоа е ваше мислење дека партиската припадност е главен репер за влез во администрацијата и ние уште во 2010 кога го изменивме законот за државни службеници, 30 проценти се од полагањето на стручниот тест, 30 проценти од основниот и 10 проценти е просекот којшто го има кандидатот на факултет. Тоа се 70 проценти и дополнителни 30 проценти доаѓаат од интервјуто, тоа е начинот на кој од 2010 се влегува во администрацијата“, вели министерот Иво Ивановски.

Во извештајот на Европската комисија, пак, е наведено дека сè уште постојат случаи на огласи распишани по мерка за соодветен кандидат и нерегуларно вработување на кадар. Некои вработувања се спроведуваат како социјална мерка, наместо како одговор на потребите на институциите.

Тие кабинетски службеници ќе бидат богови, ништо нема да работат, ќе работат другите кои секогаш ќе бидат виновни ако нешто е погрешено.
Пеце Груевски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.
Потребни се дополнителни напори за гарантирање на професионалност и независност на јавната администрација и правична застапеност. Сè уште не се достапни официјални бројки за вкупниот број на вработени и привремени вработувања во јавната и државната администрација, се објаснува во извештајот.

Министерот Ивановски изјави дека забелешките на ЕК никогаш не се однесувале на преобемноста на администрацијата, туку на нејзината ефикасност и дека новите законски измени тој проблем ќе го решат.

„Извештаите од ЕУ се за неефикасна администрација и овие два закони се токму во насока да стане администрацијата ефикасна и со каталогот на работни места којшто го подготвуваме во секој момент ќе се знае колкава е бројката на администрацијата“, вели Ивановски.
Дека администрацијата нешто не работела, ама затоа има некоја одговорна влада која сега тие лоши чичковци и тетки ќе ги натера на памет. Е, не така.
Ивон Величковски, ЛП.

Сепак, тој нема одговор за тоа колкава е сега конечната бројка на државни службеници за кои министерството е надлежно.

„Законски, до крајот на првиот квартал од оваа година ќе се знае, затоа што се уште ги прибираме дел од информациите од институциите, така што за брзо време ќе ја информираме јавноста со детална статистика и детална анализа, бидејќи не станува само збор за бројката, туку и за етничка припадност, полова еднаквост и сите тие информации ќе се завршат до крајот на март“, вели министерот Иво Ивановски.
Вработените во администрацијата ќе имаат време од 2 години да се прилагодат што значи дека првпат од 2017 ќе се применуваат овие одредби.
Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Европската комисија констатира дека јавниот сектор и понатаму е најголемиот работодавач. Државниот буџет наменет за активната програма на пазарот на трудот останува несоодветен и е малку намален.

Според истражувањата на невладиниот сектор, постои огромна понуда на работна сила, подготвена да се вработи во буџетски финансираниот сектор, кој се претпочита, поради стабилните работни места и важењето на правната регулатива. Таков не е случајот со приватните претпријатија, каде работните места не се сигурни и незначително се почитува социјалната регулатива. Вработувањето во државниот сектор се извршува со оглед на партиската припадност.

Замислете додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ да може да вработува и преку лотарија, да вработува и на работни места кои не постојат, а луѓето да седат дома и да земаат плата, арно ама после една година да важи овој закон и некој друг да биде виновен.
Цветанка Иванова, СДСМ.
Но, власта таа перцепција во општеството се обидува да ја смени веќе со години. Во медиумите често се емитуваат реклами со пораки дека нема погрешен шалтер, дека едношалтерскиот систем функционира, дека секој службеник е должен да ви одговори, иако не е надлежен за вашето прашање дека се спроведени милион реформи со кои администрацијата е ефикасна и квалитетна.

Од друга страна, пак, не сме е да се изостави проблемот, ниту со луѓето кои што се вработуваат според пропорционалната етничка застапеност. Бројката на луѓе коишто добиваат пари, а не одат на работа, ниту еден од власта не ја соопшти. Според пресметките на Европската комисија во 2012 година застапеноста на државни службеници од немнозинските заедници делумно се зголеми за една третина, но голем број, односно околу 1.500 луѓе сè уште не се распределени во органите на државната управа. Ромите, Турците и другите помали заедници и понатаму не се доволно застапени во јавната администрација, особено на повисоко ниво, а потребно е да се зајакне начелото на заслуги при вработувањето на членовите на немнозинските заедници во државните институции, е наведено во извештајот.
Нема потреба од такви најави освен во функција на нивниот стил на делување, навреме да ги прегрупираат активистите и полначите на кутии.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Во интервју за Радио Слободна Европа, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џефери изјави дека не може да се знае конечниот број на вработените по правична застапеност затоа што тие постојано се распределуваат на работни места.

„Да бидеме малку поотворени, не се примаат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци. Ако во тој натпревар во континуитет, што е нормално, се примаат и Македонци, ние нема да ја стигнеме целта. Тоа е на некој начин, како ние да трчаме по една пирамида која нема крај, не е возможно да издржи буџетот“, рече неодамна Џафери.

РСЕ: А евидентиран е таков случај да се вработуваат Македонци во администрација што седат дома, а земаат плата?

„Не знам, не знам, ама знам едно дека се примаат и треба да се примаат и Македонци. Дали се тие во икс институции, немам проверено, тоа е друго. Како бројки релативно кажано за вработувањето по правична застапеност, може да бидат 100, 200, 300 додека да се најдат адекватни места за нив, административно да се процесуира тоа, треба време. Не кажувам дека нема некој застој, но не е таа перцепцијата дека тие седат дома и дека тоа е некоја голема бројка“, изјави вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери во неделно интервју на Радио Слободна Европа.

Со новите предлог закони за административците, се наметнуваат повеќе обврски за нив и намалување на нивните работнички права. Еден од најспорните моменти, според експертите, е оценувањето на вработените. Според предлог законот, во зависност од просекот од сите добиени оценки од еден до пет, административниот службеник може да биде оценет дека особено се истакнува за што добива награда бонус една плата, или не задоволува за што добива отказ. За работниците кои што „делумно задоволуваат“ е предвидено намалување на платата во висина од 30 отсто во период од една година. Оценката во голема мера, односно 75 проценти, ќе зависи од работодавачот. По негодувањата во јавноста, министерот Ивановски соопшти дека ќе се вметнат измени.

„Се намалува непосредно влијанието на раководителот од 75 проценти на 65 проценти, што значи дека Синдикатот, односно комисијата која ќе оценува ќе влијае со 35 проценти“, вели Ивановски.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, смета дека на овој начин оценките на административните службеници ќе бидат пореални.

„Мислам дека за сите оние барања, предлози и забелешки кои ги имавме, разговараме и постигнавме согласност, тоа оди во прилог на задоволување на нашите барања“, вели Митревски.

Експертите сметат дека со ваквите правила администрацијата само се заплашува и оти се стега обрачот околу административците. Со казните и наградите коишто се вметнати во законот, на раководителите на секторите им се дава морков во едната и стап во другата рака, па по свое убедување ќе го користат орудието кое најмногу одговора на партиските потреби, објаснуваат аналитичарите. Правникот и поранешен синдикалец Драге Јовановски вели дека е очигледно оти правата на администрацијата со предлог пакет законите ќе бидат скратени.

„Очигледно е дека правата на администрацијата ќе бидат скратени, дека платата наместо да се зголемува ќе се намалува и дополнително е проблематично што има непринципиелноста во законите како што е експертското познавање на странски јазик. Вреди секој да знае англиски, но ова е Македонија, ајде да поставиме прашање кој Французин знае англиски, значи администрацијата треба да си ги познава нашите прописи“, вели Јовановски.

Предлог законот не доби поддршка од надлежниот Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и граѓански здруженија, кои бараат повлекување на новите законски решенија. Претседателот на УПОЗ, Пеце Груевски, вели дека тие како мнозински синдикат не се согласуваат со законските решенија, односно имаат забелешки за членови кои нанесуваат штета на работничките права на административците.

„Вели државни и јавни службеници, а едно поглавје е насловено и кабинетски службеници, значи ако имаме државни и јавни, треба да следи и кабинетски службеници. Тие кабинетски службеници ќе бидат богови, ништо нема да работат, ќе работат другите кои секогаш ќе бидат виновни ако нешто е погрешено. Кабинетските службеници немаат никаква одговорност и како категорија не ги предвидува законот“, вели Груевски.

Тој вели дека не ја разбира улогата на Сојузот на синдикати која дава поддршка на законите, затоа што УПОЗ е мнозинскиот синдикат кој што ги застапува вработените во администрацијата.

„А колективен договор кога ќе треба да се потпише за државни и јавни службеници ние ќе треба да го потпишеме, се разбира со тие синдикати заедно но главниот збор треба ние да го имаме не во смисла да диктираме како да иде што да иде, меѓутоа ние сме најзасегнати, кај нив има по 100 до 200 јавни службеници, а кај нас 80 проценти од членството се државни службеници, значи некаде околу 4.500 луѓе“, изјави Пеце Груевски.

Јовановски вели дека Владата секогаш си наоѓа покритие во провладин партнер.

„Тие си бираат синдикат, по однос на репрезентативноста нема критериуми во оваа држава, не се знае кој колку членови има, а втора работа се преговара и разговара со кој било кој е во интерес на владејачката партија, односно сегашната власт. Сè додека не се донесе регулатива регистрацијата на синдикатите да се одвива пред суд или пред друго тело“, вели тој.

Предлог регулативата за административците е тема која што ги раскара и пратениците. Во жестоката дебата во Собранието дел од опозициските пратеници тврдат дека со овој предлог закон ќе се направи „чистка“ на неподобните или недоволно лојални партиски војници.

Ивон Величковски од Либералната партија вели дека со овој предлог закон власта сака да направи вештачка слика случувањата во администрацијата.

„Дека администрацијата нешто не работела, ама затоа има некоја одговорна влада која сега тие лоши чичковци и тетки ќе ги натера на памет. Е, не така“, рече Величковски.

Тој објаснува дека под притисок со новиот предлог закон ќе се удри по неподобните административци и само кон нив ќе се спроведуваат спорните одредби од регулативата.

„Овие одредби кои со ништо не гарантираат стабилност и напредување, туку напротив гарантираат политичката волја на политички определениот раководител да биде применувана“, вели Величковски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели дека со овој предлог закон власта покажува голема храброст, сериозен пристап и силна политичка волја.

„За постојните вработени овој закон ќе почне да важи после 3 години, затоа што законот има одложено важење од една година, доколку го донесеме во овој месец. Вработените во администрацијата ќе имаат време од 2 години да се прилагодат што значи дека првпат од 2017 ќе се применуваат овие одредби“, вели Александар Николовски.

Пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова, вели дека во последниве 14 години административната регулатива во Собранието е менувана 30 пати.

„Замислете додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ да може да вработува и преку лотарија, да вработува и на работни места кои не постојат, а луѓето да седат дома и да земаат плата, арно ама после една година да важи овој закон и некој друг да биде виновен затоа што ВМРО-ДПМНЕ донесе еден таков закон. Храброст ќе беше ако го донесеа ваквиот закон на почетокот од своето владеење“, вели Иванова.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека чекорите поврзани со администрацијата кои што се преземаат последниве неколку месеци укажуваат дека Власта се подготвува за избори.

„Нема потреба од такви најави освен во функција на нивниот стил на делување, навреме да ги прегрупираат активистите и полначите на кутии“, вели тој.

Хајредини додава дека преобемната администрација влијае негативно врз приватниот сектор.

Оваа година платите и придонесите за администрацијата ќе го чинат Буџетот нешто повеќе од 384 милиони евра. Во однос на минатата година кога за плати се потрошиле 373 милиони евра, годинава ставката е зголемена за 11 милиони евра. Според владини претставници, порастот е резултат на најавеното зголемување на платите на администрацијата, но и на нови вработувања.

Платите ќе се зголемат, ќе се делат петки и единици за административците, но бројката колку луѓе се вдомени во државниот и административниот апарат и натаму останува непозната. Ресорниот министер Ивановски тврди дека со новиот Закон за администрација ќе има пребројување и точно ќе се знае колку вработени има во целиот државен апарат. Дотогаш – се лиферува бројка и од 160 илјади административци.

Според одредени проценки на аналитичарите, бројот на административци се движи од 140.000 до 160.000, а просекот за земја како Македонија треба да изнесува од 60.000 до 70.000 илјади вработени.

Експертите упатуваат на тоа дека професионализацијата и ефикасноста на администрацијата пред сè, зависат од политичката волја и доблест на политичарите кои треба да ги тргнат рацете од таму и да не вршат политички притисоци и уцени. И покрај сите забелешки за јавната администрација, повеќето од младите сакаат да се вработат таму. Според истражувањето на невладината коалиција Сега, 28 проценти од невработените млади луѓе во земјата сонуваат да работат во државната администрација. Истражувањето покажало дека речиси 40 проценти од анкетираните млади сметаат дека не може да се вработат ако не се членови на одредена политичка партија, а 28 отсто од истите не веруваат дека можат да дојдат до работа ако немаат роднински или пријателски врски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG