Онлајн и офлајн активизам

Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Додека едни си седат дома, други се обидуваат да ги оцрнат тие што сакаат одредени промени за одредени прашања, трети лепат етикети односно ги обојуваат дека се припадници на оваа или онаа политичка партија, а сепак активистите се трудат да сменат нешто што не е функционално во системот, пишува Сашко Јованов од Македонската платформа против сиромаштијата во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
За оваа тема доста размислував по одржувањето на Маршот против сиромаштија и онлајн кампањата 5 до 12, но и по моето враќање од Турција каде што бев дел од проектот Социјални медиуми за активно граѓанство. Во Турција дискутиравме многу на оваа тема, како и за тоа каква е ситуацијата кај нас и каква е во останатите земји кои беа исто така дел од овој проект.
Додека едни си седат дома, други се обидуваат да ги оцрнат тие што сакаат одредени промени за одредени прашања, трети лепат етикети односно ги обојуваат дека се припадници на оваа или онаа политичка партија.


Кога ги разгледувавме проблемите и активизмот во секоја земја, сфатив дека во одредени работи сме слични со другите земји по однос на ова прашање, додека за други сме многу поразлични. Главно што воочивме како генерален проблем е малиот процент на активни млади и нивно вклучување во младинските програми, но исто така дали и како младите ги користат социјални медиуми како слободен простор за изразување и решавање на одредени прашања.

Младите сочинуваат голем процент од населението во светот, но помалку од еден процент се активни. Младите луѓе имаат многу моќ, бидејќи тие имаат енергијата и ентузијазам да се посветат на каузата што е важна за нив.

Активисти се луѓе кои гледаат на потребата за промени, подобрување и мотивација без оглед на причина за која се сака за да се стане активист.

Секој има можност да го стори тоа без разлика на возраста и причината. Да стане активист и да има верување дека може да направи нешто во врска со решавање на прашањата со кои е засегнат лично или, пак, неговата заедница и да ја создаде посакуваната промена на подобро.

Секој во денешно време има свој профил на Фејсбук, Твитер, Истаграм итн., но како ги користиме тие, дали треба да станеме свесни дека овие моќни социјални медиуми можат да бидат моќна алатка за истакнување на одредени прашања или проблеми со кои се соочуваме во нашата заедници.
Да бидеме солидарни и да ги поддржиме сите кои сакаат да направат промена и да решат важни прашања.


Сведоци сме на многу онлајн и офлајн кампањи кои се организирале преку овие социјални медиуми. Сведоци сме дека се разработиле доста прашања кои ги засегала одредена целна група, но вистинскиот активизам не се покажал на дело. Додека едни си седат дома, други се обидуваат да ги оцрнат тие што сакаат одредени промени за одредени прашања, трети лепат етикети односно ги обојуваат дека се припадници на оваа или онаа политичка партија, а сепак активистите се трудат да сменат нешто што не е функционално во системот. Да, во овој поглед се разликуваме од другите земји, не треба да зборувам на оваа тема, туку делата си го покажуваат своето.

Тоа што јас сметам дека во иднина треба да се направи е да се укаже на младите и воопшто на целата јавност дека можат да бидат и онлајн или офлајн активисти, дека преку овие алатки можат да дискутираат и решаваат одредени прашања со кои се засегнати.

Како пример ќе ја посочам нашата онлајн кампања насловена како 5 до 12, со која пред сè тргнавме да ја подигнеме свеста за големиот процент на сиромаштија во нашата држава. Кампања која требаше да ги поттикне корисниците на социјалните медиуми да се вклучат со свои предлози за надминување на овој проблем, да се вклучат и направат нешто за себе, но сепак активизмот кај нас, а посебно кај младите, е на ниско ниво дури и за вакво важно и сериозно прашање .

Да бидеме солидарни и да ги поддржиме сите кои сакаат да направат промена и да решат важни прашања. Започни денес, направи промена, направи нешто за себе...