Црн Дрим загаден поради лошите пречистителни станици

Поради неефикансост на пречистителната станица водите на Црн Дрим се со висока загаденост.
Водата што излегува од пречистителната станица кај струшко Враништа, а е наменета за пречистување на отпадни и фекални води е од четврта и петта категорија, покажуваат последните анализи на Центарот за Јавно здравје во Охрид. Оваа вода понатаму се влева во водите на реката Црни Дрим. Сашо Точков, епидемиолог, вели дека загрижува овој податок.
Евидентни и јасни се индикаторите кои укажуваат дека и натаму езерото се оптоварува со органски води кои ги носат реките и реката Црни Дрим е оптоварена со неефикасноста на пречистителната станица, односно доаѓа до загадување на водите во Црни Дрим.
Сашо Точков, епидемиолог.


„Водата од пречиститечната станица од колекторискиот систем во Враништа од отпадните води е од четврта и петта класа и не ги задоволува стандардите за испуст во Црни Дрим. Водата во реката Дрим после испустот од пречистителната станица е од трета класа и водата пред пречистителната станица исто така е од втора и трета класа. Евидентни и јасни се индикаторите кои укажуваат дека и натаму езерото се оптоварува со органски води кои ги носат реките и реката Црни Дрим е оптоварена со неефикасноста на пречистителната станица, односно доаѓа до загадување на водите во Црни Дрим“, вели Точков.

Сашо Точков, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид.


Тој вели дека водата од пречиститлната станица како систем кој ги пречистува отпадните води треба да биде најмногу со класа два и како таква да влегува во Црни Дрим.
Има недостаток и на материјали за да може пресата да работи непрекинато и нема повеќе тиња. Тоа е и поради финансиските проблеми кои ги има Проаква.
Ваит Ајро, поранешен директор на МЈП Проаква.


„На почетокот функцијата била таква каква што треба. Препорачувам да се ивзврши реновирање или набавка на неколку нови филтри или делови. Не знам кој дел таму не функционира“, рече Точков.

Според туристичките работници ова може негативно да влијае и врз равојот на туризмот во Струга и дека треба да се направат максимални напори работите да се променат. Ваит Ајро, поранешен директор на МЈП Проаква, рече дека системот за пречистување на води и денес бил во добра кондиција, но оти проблем има со системот за одведување односно колекторскиот систем.

„Кој нанесува пет пати повеќе други води освен фекални води.Тоа го пореметува технолошкиот процес. Има недостаток и на материјали за да може пресата да работи непрекинато и нема повеќе тиња. Тоа е и поради финансиските проблеми кои ги има Проаква“, рече Ајро.

Од Центарот за јавно здравје велат дека и квалитетот на водата од трите реки кои се влеваат во Охридското Езеро биле од трета категорија и не ги задоволувале стандардите според законската регулатива за класификација на води. Водата во Охридското Eзеро во овој момент на потегот од Свети Наум до Парк била од прва класа, додека во приградскиот дел и во струшкиот дел од прва и втора класа.