На лицата со интелектуална попреченост треба да им се дозволи самите да донесуваат одлуки, врз база на информации кои ќе бидат направени попристапни до нив, вели Искра Росо од Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби „Солем“ од Скопје во разговор за Радио Слободна Европа.
Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби „Солем“ од Скопје утре ќе ја промовира Програмата за самозастапување на лица со интелектуална попреченост. Искра Росо од оваа организација, во разговор за Радио Слободна Европа, вели дека на овие луѓе треба да им се дозволи самите да донесуваат одлуки, врз база на информации кои ќе бидат направени попристапни до нив.
Госпоѓо Росо, што подразбира програмата за самозастапување на лицата со интелектуална попреченост?
Тоа што многу често можеше да се увиди е дека лицата со интелектуална попреченост ретко се прашуваат за нивно мислење, бидејќи сите тргнуваме од некоја почетна позиција дека тие не знаат, не разбираат, не можат да сфатат што значи, последици итн. Нашето стојалиште е дека секому треба да му се дозволи да донесе одлука врз база на информации. Наша задача е тие информации да ги направиме лесно пристапни и лесно достапни за лицата со интелектуална попреченост. Тоа значи дека одредена информација треба на друг начин да се објасни, да се претстави со поедноставни зборови или можеби со други визуелни ефекти за да тие ја сфатат.
Каков ефект произведува ваквиот начин на впуштање на лицата со интелектуална попреченост во донесувањето одлуки? Каков ефект има по нив?
Кога ние сами одлучуваме сме посигурни сами во себе, инсистираме нашиот став да се чуе. Еве најпластичен пример, ние ова го работиме од август 2013 година и самозастапниците во нашата група самите го осмислија флаерот што ќе се дели на промоцијата, тие ќе бидат главните презентери, сами, нормално со помош на асистентите, ги направија презентациите. Едноставно се оди на тоа ним да им се даде повеќе моќ за одлучување.
Што сè опфаќа оваа програма и на кој начин се реализира?
Тоа е директна работа со нашата група којашто моментално брои 18 луѓе, се одбираат теми, досега имаме работено неколку теми, на пример дискриминација, предрасуди, насилство, тоа се тие поопшти теми, но во исто време обработуваме и теми кои се интересни за нас во моментот. На пример, нивна желба беше да се обработува што се случува со протестите во Босна. Се слушаат вести. Никој не би помислил дека можеби вестите што одат на телевизија се неразбирливи за некои наши сограѓани. Се снимаат вести и после тоа тие вести полека се објаснуваат.