„Денови без драма“ е третата годинашна претстава на Народниот театар-Битола. Премиерните изведби на пиесата што ја напиша и режираше Марјолаин Биренс од Холандија ќе се случат на 14 и 15 март, а во проектот во кој се испреплетуваат пет драми на пет лица играат актерите Соња Михајлова, Борис Чоревски, Елена Моше, Васко Мавровски и Илина Чоревска.
Денови без драма е претстава чие дејствие се случува на стар плоштад и во неа се испреплетуваат пет драми на пет различни лица кои всушност преку своите приказни го претставуваат пејзажот на животот. За неа авторката на текстот и режисерката Марјолаин Биренс, првата Холанѓанка која потпишува еден театарски чин во Македонија, забележува дека се бави со луѓето кои што се заглавени во сопствените мисли и кои често мислат дека е можна друга идеја или верзија за животот на некое друго место и дека го напишала по смртта на своите родители.
„Се работи за една претстава која што со сите свои белези, карактеристики и нишани е во колосек на современата европска драматургија, со посебен нагласок на Холандија како земја каде што се развива еден засебен однос кон ваквиот вид на театар, и ние сметавме дека со поставувањето на овој текст со нејзино видување на нашата сцена ќе биде особено интересно за нас како театарска куќа имајќи предвид дека наша долгогодишна интенција, наша долгогодишна цел е да се отвораме што повеќе кон Европа и кон светот“, истакнува во пресрет на премиерата Валентин Светозарев, директор на Народен театар – Битола.
Тој дополнува дека договорите за соработка со Биренс се одвивале во текот на изминативе две години и дека сега кога проектот е готов да и биде претставен на публиката, тие добиваат „една тивка драма која само навидум како почнува, така и завршува“.
„Се отвора една тивка драма која како почнува така и завршува, особено не типична за нашата драматургија и нашиот театарски сензибилитет. Една многу помирна, посмирена, или ако сакате визуелно да се изразам, една многу повермерска слика, каде што скоро ништо не движи и ништо не се случува, меѓутоа се случуваат страшни нешта, се случува животот на пет луѓе кои играат во оваа претстава“, вели Светозарев.
Во „Денови без драма“ настапуваат Соња Михајлова, Борис Чоревски, Елена Моше, Васко Мавровски и Илина Чоревска кои на мошне инспиративен начин ги градат ликовите и ја доловуваат атмосферата од текстот на Марјолаин Биренс.
„Во приказната за животот и човекот правилата се исти. Има почеток, има драма, има крај, но ако не можеме да ги наредиме работите од позиција на околности и она што се случува околу нас можеме да ги одбереме начините со кои што ќе се справиме со драмата во животот, така што Дамата од љубов избира од сето тоа да се соочи со драмата во животот со убавото, со љубовта и тоа во поширока смисла на зборот. Љубовта не само кон човек, туку кон она што значи живот воопшто. Убавото во денот и убавината на она што е човек и живот. Би завршила со една реплика: Секој ден е убав, а изборот е на личноста што ќе одбере да понесе од вчера за утре“, вели Соња Михајлова, која во претставата го толкува ликот на Дамата од љубов.
Борис Чоревски, доајенот на Битолскиот театар и воопшто на македонското глумиште, актерот кој во „Денови без драма“ е задолжен за ликот на Повратникот, ќе забележи дека соработката со режисерката од Холандија – Биренс за него е ново и драгоцено искуство независно од тоа што има бројни улоги во кариерата и дека овојпат потпишува лик близок на неговиот сензибилитет.
„Мојата улога – Повратникот, е многу блиска до мојот сензибилитет, до начинот на којшто јас го разбирам животот. Сметам дека тоа е едно убаво искуство и за мене, но и за гледачите кои што ќе можат да ме видат во една сосема поинаква улога, во поинаков сензибилитет на сцената. Се надевам дека претстават ќе има добар одѕив кај публиката затоа што е поетична и можеби секој од присутните може да се пронајде во ликовите или во дел од неа, од она што ние го направивме“, вели Чоревски.
Кон ова само уште информацијата дека преводот од холандски на македонски јазик за „Денови без драма“ е на Синоличка Меллес Трпкова, драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимите ги подготви Благој Мицевски, а за светлото се погрижи Димче Спасовски.
Инаку, Марјолаин Биренс е добитничка на повеќе награди и признанија за драматургија меѓу кои и наградата Европски гран-при за современ текст во 2002 година за пиесата „Јас девојката од Зиланд“.
Се работи за една претстава која што со сите свои белези, карактеристики и нишани е во колосек на современата европска драматургија.Валентин Светозарев, директор на Народен театар – Битола.
Во приказната за животот и човекот правилата се исти. Има почеток, има драма, има крај.Соња Михајлова, актерка.
Тој дополнува дека договорите за соработка со Биренс се одвивале во текот на изминативе две години и дека сега кога проектот е готов да и биде претставен на публиката, тие добиваат „една тивка драма која само навидум како почнува, така и завршува“.
Се надевам дека претстават ќе има добар одѕив кај публиката затоа што е поетична и можеби секој од присутните може да се пронајде во ликовите или во дел од неа, од она што ние го направивме.Борис Чоревски, актер.