Не би се согласил дека со реизборот на претседателот Ѓорге Иванов може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Граѓаните ќе покажат кој кандидат ќе се избере. Јас очекувам, според нашата пракса, партиските гласачи да одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата, вели вицепремиерот Муса Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Џафери, со коалициониот партнер лесно се договоривте за предвремените избори, откако ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати вашата иницијатива за консензуален претседател. Пред повеќе месеци во јавноста се тврдеше дека ова е ваша заедничка игра како алиби за избори.
Прво сакам да кажам дека нашиот менталитет навикна на тоа дека секој политички предлог што ќе го види е некоја конспирација и личи на некоја игра. Мислам дека тука е во прашање многу легитимен политички став на нашата партија за избирање на претседателот на државата преку некој компромис, договор или консензуален кандидат. Времето ќе покаже дека тоа не била никаква игра, туку дека биле легитимни, оригинални ставови на партиите, во овој случај на нашата партија за консензуален претседател на државата.
Зошто не истапивте со имиња во јавноста за тоа кој би бил можен консензуален кандидат?
Прво, најбитно е моделот, концептот. Во втора фаза, во случај политичките партии да би имале таков договор за моделот, тогаш тоа ќе беше најлесното, кој е профилот или кој би бил кандидатот кој може да биде претставник или да ја претставува идејата како консензуален претседател. Ние не сакавме и не сакаме да ја персонализираме, што не би било во ред, односно не е тоа целта на идејата.
Многу албански интелектуалци изјавија дека кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, би бил прифатлив консензуален кандидат.
Тоа се мислења од интелектуалци или јавно мислење што демократски е во ред, дека тоа треба да се тестира во јавноста, што би значело и што мисли јавноста, професори, политички субјекти, функционери, невладини организации, тоа ќе се докаже при изборите кој е поприфатлив, но тоа е сосема друг пристап, кога се оди на избори. Нашата цел или нашата идеја беше дали може преку консензус да се најде моделот за претседател на државата, кој, релативно речено, може да ги претставува сите граѓани од функцијата претседател на државата.
Можни ли се заеднички комбинации и интереси со СДСМ во вториот круг од претседателските избори?
Нашиот став е многу јасен. Затоа што сега не постигнавме некој договор или согласност за нашиот модел, ние сериозно немаме кандидат, затоа што гледаме дека тоа нема да успее. Праксата докажа дека Албанците преку нивните кандидати не успеваат да влезат евентуално во финалето, во вториот круг и мислиме дека тоа не е профитабилно или нема да значи ако ние се натпреваруваме во таа прва игра со кандидат од партиските редови.
Најавивте бојкот на претседателските избори и ДПА излезе до свој кандидат. Дали ДУИ губи со тоа што нема свој кандидат и дали со тоа нема да ги збуните Албанците?
Јас мислам дека е демократско право да немаме кандидат и да не влеземе во тој натпревар. Тргнувајќи од досегашната пракса дека тој кандидат нема да успее, поради поделбите на гласачите, претежно по етничка линија или претежно по партиска линија и ние сме консеквентни кон нашиот предлог, ќе работиме и понатаму и мислиме дека тоа е добро за целата држава кога претседателот на државата ќе ги претставува сите преку некој консензус за кој на крај би гласале и граѓаните или зависно од дијалогот што би бил предмет на расправа на сите политички претставници на граѓаните, преку политичките партии, кој би бил крајниот модел за да личи како консензуален, кој хомогенизира како највисока функција во државата.
Дали по претседателските и предвремените парламентарни избори почнува вистинска политичка криза ако победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, за кого вашата партија рече дека е неприфатлив за Албанците?
Јас не би се согласил дека со тоа може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Ние имаме наш многу транспарентен став за функцијата претседател на државата или за консензуалниот модел. Граѓаните ќе покажат кој кандидат ќе се избере преку изборите, шпекулативно би било кој ќе биде поприфатлив. Јас очекувам, според нашата пракса, партиските гласачи да одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата.
Дали е вообичаено владини партнери дури и етнички да се спротивставуваат и дали сметате дека така се нарушуваат меѓуетничките односи што има влијание и врз безбедноста на државата или тоа и натаму останува најлесниот начин за добивање гласови?
Секоја партија има одговорност кон граѓаните и гласачите да ги претстави нивните барања, модели и платформи. Во тој правец и ние многу транспарентно и на време го доставивме овој модел, овој концепт, мислејќи, затоа што има многу аргументи дека тоа ќе биде во интерес на целата држава. Тргнувајќи од многу аргументи, кои функции ги има претседателот според уставот, што може да придонесе, во кои историски моменти би можел претседател на држава да биде некој друг кандидат кој не е од македонската етничка заедница, што тоа би значело и дали тоа би било во корист на внатрешна кохезија, стабилноста и имиџот на државата надвор, кој ќе игра многу битна улога за целокупната стабилност на државата кога ние ги надминавме сите тие предрасуди и може и Албанец и Турчин да ја претстави државата како претседател на државата.
Ако сте незадоволни од соработката со ВМРО-ДПМНЕ, дали повторно би коалицирале со истиот коалициски партнер ако победи на изборите?
Прво и основно правило е дека на избори гласачите треба да одлучат кој ќе добие легитимитет. Тоа се добива преку програми, преку тоа што ќе понудиме пред гласачите. Не се избира преку емоции, дека ние однапред треба да прејудицираме кои ќе бидат партиите што ќе ја состават власта, мислејќи дека тоа е демократско право на граѓаните да гласаат за програмите на партиите и така се добива легитимитетот да се разговара и преговара каква ќе биде идната програма на идниот состав на владата, не преку други начини дека кој со кого подобро комуницира.
Дали со тоа што повикувате на ваша поголема бројност во парламентот значи дека не сте можеле да влијаете на одлуките или тоа е вообичаен вокабулар пред избори за добивање поени со оглед на тоа што претходно ги добивте министерствата што ги сакавте?
Мислам дека е легитимно секоја партија пред избори да бара зајакнување на легитимитетот, зголемување на бројот на гласови и тоа е легитимно. Ние тргнуваме и од целокупната анализа што направила ДУИ досега, кое беше влијанието и на централната и на локалните власти и мислиме дека е сосема легитимно и очекувањата се сосема реални и објективни да има зголемување на гласовите, а преку тоа и на мандатите. Нема врска дека само поради тоа да се создава перцепција дека ние не можевме некои барања или идеи да ги наметнеме во заедничката владина програма.
Колку сте задоволни од спроведувањето на рамковниот договор?
Има разни пристапи или разни разгледувања како тоа се имплементира. Со тек на времето тие кои се занимаваат со Охридскиот рамковен договор се убедуваат дека е најзначајниот политички документ за стабилноста, внатрешната кохезија и демократизација на целокупното општество. Мислам дека не бил и сè уште не е мал предизвик за Република Македонија за тој пресврт да се поддржува како документ, почнувајќи од тоа дека на пример втората заедница треба да се претставува во сите органи на државната власт. Некојпат многу зависи и од маркетингот, пропагандата дека на пример правичната застапеност би значела вработување на државни службеници, но не е само тоа, туку претставување на Албанците и на другите заедници, ама сега зборуваме за Албанците во сите органи на државната власт. Со тоа сакам да кажам, дали, како отворено прашање или како прашање за расправа, дали тоа како уставен амандман гарантира или овозможува да се претставува втората најголема заедница во Република Македонија и на функцијата претседател на државата и кој би бил начинот, методологијата, преку кој модел би можело да се оди, што е правно, уставно и легитимно право. Пристапот кон решавање на многу етнички и меѓуетнички отворени прашања, пристапот како тоа може да се избалансира, да нема мајоризација од поголемата заедница кон втората и третата, што ние го имаме во Рамковниот договор, бадентеровиот принцип, консензусот што подразбира преку договори да се доаѓа до решенија, кои ќе треба да бидат механизмите при решавање на многу крупни работи да учествуваат претставници на сите или на што е можно повеќе етнички заедници, до тоа како да функционира локалната власт, каде што уште подиректно се пресликува мултикултурата или каде се пресликува тоа дека Република Македонија е мултиетничка држава во сите состави. Тргнувајќи од тоа дека предизвикот од тоа како се донесе Рамковниот политички договор и во кои околности почнува да се имплементира, политички треба да бидеме задоволни од трендот, но остануваат уште многу важни работи кои треба, зависно од динамиката, да се исполнуваат во иднина поради тоа што тоа е во интерес на сите граѓани, не само на една етничка заедница, која досега за жал доминира како перцепција.