Партиските подмладоци се обврзаа на фер избори
Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за фер и слободни избори во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“. Тие се обврзаа на достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашувања, уцени, навреди и притисоци врз граѓаните.