Од 28 февруари до 2 март, Битола ќе биде домаќин на првиот „Порта џез фестивал“. На тридневната манифестација, публиката ќе има можност да ги проследи настапите на „Тони Китановски трио“ чии гости ќе бидат Кубанецот Оскар Салас и Американецот Дејв Вилсон, „Сетстат“, „Џезобел квинтет“ и триото на Поповски, Секуловски и Јосифовски.
„Порта џез фестивал“ ќе биде настан кој ќе ја слави пред сè националната џез сцена, и кој ќе се обиде на едно место да ги собере најдобрите македонски џезери и нивните љубители.
Сред напливот на шунд и неквалитет со кој се соочуваме секојдневно, со овој настан ќе се обидеме да направиме уште еден донкихотски обид да ја потсетиме публиката кои се музичките вредности што и дома звучат светски – ќе забележи организаторот Влатко Христовски – Дадо во пресрет на првото издание на Фестивалот кој што треба да се одржи од 28 февруари до 2 март во култниот битолски клуб, инаку препознатлив како децениско урбано уточиште на добриот звук.
Од таму сосема разбирливо е што на првото издание на оваа субкултурна манифестација публиката ќе има можност да ужива во настапите на докажани македонски џез музичари и творци кои со години наназад ја крепат идејата за силна, плодотворна и пулсирачка сцена која би и доликувала на држава во која дефинитивно се случува еден од најквалитетните и најавангардните џез фестивали во овој дел на светот – Скопскиот џез фестивал.
Тродневните случувања ќе започнат со перформансот на „Тони Китановски трио“ чии гости во случајов ќе бидат кубанскиот перкусионист Оскар Салас и американскиот саксофонист Дејв Вилсон, потем следуваат настапите на енергичните „Сетстат“, „Џезобел квинтет“ и триото што го сочинуваат гитаристот Сашо Поповски, тапанарот Александар Секуловски и басистот Оливер Јосифовски.
„Идејата е одлична и таа во основа ќе зависи од два елементи – изведувачи и публика. Работата на изведувачите е да ја убедат публиката дека она што го работат е навистина добро, а публиката пред сè ќе треба да дојде во клубот па потоа да реши дали и понатаму ќе го поддржува настанот. Сигурен сум дека ќе биде успешно бидејќи Битола си има традиција така да има и прилично едуцирана публика“, истакнува Китановски.
Со сличен став е и неговиот колега по инструмент и професор на Џез академијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Сашо Поповски, кој своевремено токму снимките забележани во клубот „Порта џез“ во Битола ги објави на својот деби носач на звук.
„Џез музиката, џез културата и тој тип на урбано живеење во Битола трае од поодамна. Првиот мој албум е снимен токму во „Порта џез“ во 2005 година. Затоа се надевам дека овој тип на културни настани ќе продолжат и во иднина и дека фестивалот ќе си фати корен и ќе прерасне во традиционално случување“, вели Поповски.
Инаку, зад Фестивалот со својот авторитет застана и Оливер Белопета, чии заложби за повеќе вакви локални пулсирачки џез случувања во земјава се поодамна познати, а покрај концертните настапи програмата вклучува и џез работилници и проекции на музички филмови.
Од друга страна, „Порта џез фестивал“ е уште едно камче во мозаикот на фестивали (во кој несомнено влегуваат и оние во Штип, Прилеп, спорадичните во Охрид и Кавадарци, згаснатиот во Куманово), кои на еден или друг начин ја третираат најслободарската музичка форма и кои се обидуваат да ја стимулираат современата раздвижена македонска џез сцена.
Затоа и разбирливо кога Китановски знае да дополни дека секој придонес кон тоа е извонредно значаен и дека „можеби е добро што во овој случај, како и во многу други работи, малку доцниме со следење на светските процеси“.
„Некако сцената пркна. Морам ова да го кажам и да си го пофалам Универзитетот во Штип и џез одделот таму. Купишта млади момци, сега и девојки, секоја година излегуваат од таму како дипломирани џез музичари и покажуваат многу енергија. Се самоорганизираат. Некогаш ние постарите ќе ги организираме некако работите да тргнат на поарно. Секаде во светот пропаѓа оваа урбана култура на жива музика. Се надевам дека нас тоа ќе нè избегне бидејќи и онака доцниме со полно работи, па некогаш е добро да задоцниме и со некои лоши работи од светот. Ќе видиме, ќе си каже времето. Секоја генерација си има некој свој филм и како ќе се развиваат случувањата зависи од нивната страст“, вели Китановски.
Идејата е одлична и таа во основа ќе зависи од два елементи – изведувачи и публика. Работата на изведувачите е да ја убедат публиката дека она што го работат е навистина добро, а публиката пред сè ќе треба да дојде во клубот па потоа да реши дали и понатаму ќе го поддржува настанот.Тони Китановски, музичар.
Од таму сосема разбирливо е што на првото издание на оваа субкултурна манифестација публиката ќе има можност да ужива во настапите на докажани македонски џез музичари и творци кои со години наназад ја крепат идејата за силна, плодотворна и пулсирачка сцена која би и доликувала на држава во која дефинитивно се случува еден од најквалитетните и најавангардните џез фестивали во овој дел на светот – Скопскиот џез фестивал.
Се надевам дека овој тип на културни настани ќе продолжат и во иднина и дека фестивалот ќе си фати корен и ќе прерасне во традиционално случување.Сашо Поповски, музичар.