Понудите од потенцијалните концесионери за гасификација на главниот град ќе се прибираат до 26 мај, а до крајот на годината ќе треба да биде потпишан договор со инвеститорот.
Владата повторно најави гасификација на Скопје. Понудите од потенцијалните концесионери ќе се прибираат до 26 мај, а до крајот на годината ќе треба да биде потпишан договор со инвеститорот. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека очекува од концесионерот да вклучи дел од македонските градежни компании.
Професор Константин Димитров вели дека се работи за сериозен зафат, бидејќи досега никогаш не бил распишан тендер за разлика од порано кога имаше изготвено само студии и проектна програма.
„Единствено останува да се види дали е тоа атрактивно и дали странските или домашните потенцијални инвеститори ова го сметаат како економски прифатливо и дека ќе им донесе определен профит во тој период од 20-тина години колку што се предвидува да ја управуваат дистрибутивната мрежа во Скопје“, вели Димитров.
Комуникологот Петар Арсовски вели дека проектите како гасификација се во полза и на власта и на граѓаните.
„Видете, вакви проекти како гасификацијата, кои се капитални, на која било партија што ќе ги спроведе, без оглед дали е тоа локална или централна власт, ќе им донесе поени и тие секако се дел од политичкиот маркетинг, но се еден дел од политичкиот маркетинг каде притисокот на јавноста ќе направи политичкиот маркетинг да мора да има испорака“, вели Арсовски.
Димитров смета дека гасификацијата би била поволна за објектите кои се во државна сопственост и кои сега двојно поскапо ја плаќаат енергијата. Но, според него, тоа не би било доволно.
„Би требало во тој систем на дистрибуција да бидат приклучени и индустриските потрошувачи, бидејќи ако се мисли само на енергијата за греење, многу е тенка економската оправданост за да влезе некој инвеститор којшто би обезбедувал гас за 5 месеци во текот на годината“, вели Димитров.
Според Арсовски, капиталните проекти кои се сериозно рекламирани, потоа стануваат репер за вреднување на партиите.
„Вакви големи проекти кои јавноста ги запаметува во текот на кампањата, потоа се репер по кој се оценува успешноста на политичките партии во евентуалниот мандат кој би го добиле“, вели Арсовски.
Димитров порачува дека со покачувањето на цената на електричната енергија и на течните горива, цената на гасот е поприфатлива и постои реална оправданост за проектот.
Единствено останува да се види дали е тоа атрактивно и дали странските или домашните потенцијални инвеститори ова го сметаат како економски прифатливо и дека ќе им донесе определен профит во тој период од 20-тина години колку што се предвидува да ја управуваат дистрибутивната мрежа во Скопје.Константин Димитров, универзитетски професор.
Професор Константин Димитров вели дека се работи за сериозен зафат, бидејќи досега никогаш не бил распишан тендер за разлика од порано кога имаше изготвено само студии и проектна програма.
„Единствено останува да се види дали е тоа атрактивно и дали странските или домашните потенцијални инвеститори ова го сметаат како економски прифатливо и дека ќе им донесе определен профит во тој период од 20-тина години колку што се предвидува да ја управуваат дистрибутивната мрежа во Скопје“, вели Димитров.
Комуникологот Петар Арсовски вели дека проектите како гасификација се во полза и на власта и на граѓаните.
Вакви големи проекти кои јавноста ги запаметува во текот на кампањата, потоа се репер по кој се оценува успешноста на политичките партии во евентуалниот мандат кој би го добиле.Петар Арсовски, комуниколог.