И покрај постоечката инфраструктура за поддршка на популарно наречените „стартап бизниси“, економистите посочуваат дека притисоците врз приватниот сектор во форма на чести казни и зголемени давачки кон државата не помагаат во охрабрување на потенцијалните претприемачи.
Отворањето на нова компанија е брз и едноставен процес. Одржувањето на нова фирма е предизвик, потребен е труд, но и покрај постоечката инфраструктура за поддршка на популарно наречените „стартап бизниси“, економистите посочуваат дека притисоците врз приватниот сектор во форма на чести казни и зголемени давачки кон државата не помагаат во охрабрување на потенцијалните претприемачи.
Поддршката постои, вели бизнис консултантот Синиша Пекевски, појаснувајќи дека Агенцијата за вработување нуди мерки за поддршка, а тука се и институциите кои даваат обука.
„Најголемиот предизвик го гледам во континуираното инвестирање, во инвестирањето во понатамошен развој. Помалите бизниси многу тешко се одлучуваат на инвестирање и проширување на постојните капацитети“, вели тој.
Во Mакедонија исто така недостигаат одредени комерцијални форми за поддршка на стартап бизнисите, како бизнис ангели, поточно лица кои ќе земат удел од компанија за сметка на финансиска поддршка. Тешко се стига и до поволни кредити од банките, посебно ако веќе се нема почетен капитал кој би се презентирал како гаранција. Тоа не е изговор, вели Пекевски.
„Постојат други институции каде што вие може да најдете свој инвеститор кој може да влезе во вашата компанија и да биде ваш партнер. Е сега, од друга страна, прашање е колку малите компании навистина сакаат и имаат желба да дозволат некој друг инвеститор да влезе во нивниот бизнис, да помогне финансиски, но од друга страна да добие одреден процент од компанијата и целокупното водење на бизнисот да биде на транспарентен начин“, вели Пекевски.
Од друга страна, тука се и зголемените трошоци за водење бизнис на кои често се жалат приватосопствениците. За илустрација, годинава трошокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар за мали и микро претпријатија е речиси дуплиран од околу 1.000 на приближно 2.000 денари. Одредени фирми се жалеа на блокирани сметки поради неподмирена давачка, а извршителите земаат релативно голем износ на пари во споредба со оригиналниот долг. Од компаниите од неодамна се бара и годишна уплата за електронски клуч за поднесување документи, кој чини околу 50 евра годишно, па тука се и фирмарината и инспекциите со европските казни врз македонскиот стандард. Владините декларации за воведување на построги мерки за фискална дисциплина делуваат како закани за сите потенцијални претприемачи кои се интересираат за сопствен бизнис, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.
„Се дава многу лоша порака дека сите мали недостатоци или нерегуларности ќе имаат казни, а се знае дека стартапот во првите три години треба да се помогне и во вид на некој инкубатор каде што го развиваат неговиот производ или услуга, треба да му се помогне со инвестиции или некоја финансиска инјекција, а не да се прати порака – вие почнете со бизнис, ама ние сме зад врата да ве казниме во првиот момент кога ќе видиме нешто нерегуларно“, вели Адеми.
Инаку, според последните податоци на Народната банка, во јануари биле блокирани над 53.000 сметки на фирми и повеќе од 40.000 сметки на граѓани. Блокадата важи за сите сметки на правниот субјект или на физичкото лице.
Најголемиот предизвик го гледам во континуираното инвестирање, во инвестирањето во понатамошен развој. Помалите бизниси многу тешко се одлучуваат на инвестирање и проширување на постојните капацитети.Синиша Пекевски, бизнис консултант.
Поддршката постои, вели бизнис консултантот Синиша Пекевски, појаснувајќи дека Агенцијата за вработување нуди мерки за поддршка, а тука се и институциите кои даваат обука.
„Најголемиот предизвик го гледам во континуираното инвестирање, во инвестирањето во понатамошен развој. Помалите бизниси многу тешко се одлучуваат на инвестирање и проширување на постојните капацитети“, вели тој.
Се дава многу лоша порака дека сите мали недостатоци или нерегуларности ќе имаат казни, а се знае дека стартапот во првите три години треба да се помогне.Висар Адеми, економски аналитичар.