Владата го зголемува притисокот врз стопанството за да исцеди повеќе пари за финансирање на долгови и непродуктивни проекти, сметаат економистите.
Владата го зголемува притисокот врз стопанството со цел да исцеди повеќе пари не само за администрацијата туку и за финансирање на долгови и непродуктивни проекти, сметаат економистите. Од стопанските комори до сега неколку пати посочуваа дека слабата ликвидност е рак рана на приватниот сектор. Од друга страна, министерството за економија најави засилени инспекции со цел заштита на правата на потрошувачите.
Управата за јавни приходи им наложи на фирмите електронско поднесување на даночни пријави, што секоја фирма ќе ја чини најмалку 3.000 денари годишно за електронски потпис попознат како токен. Актуелен е и предлог законот за финансиска дисциплина со кој се оди до јавно оцрнување на должниците. Колку ќе биде долга листата на неодговорни плаќачи останува да се види, но според универзитетскиот професор
Никола Поповски, вели дека во последниве неколку години процесот на цедење пари од приватниот сектор се претвори во тенденција. Ако се квантификуваат работите, околу 400 милиони евра од стопанството лежат во Народната банка во благајнички записи, вели Поповски.
„Во последните три години заради дефицитот на владата и Министерството за финансии има повлечено некаде околу 700 до 800 милиони евра, значи над една милијарда и нешто се пари испумпани за да се финансира јавниот долг и дефицитот на владата, што е огромно испумпување. Економистите обично сметаат дека се испумпуваат инвестициите од економијата и одат во инвестиции во јавниот сектор, каде што најчесто завршуваат во плати, социјални субвенции итн, во непродуктивни расходи.“
Евидентно е дека казната се повеќе се употребува како средство за прибирање на пари во народната каса, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски,
додавајќи дека казните се во ред ако бројот на казни е релативно мал во однос на бројот на казнети субјекти.
„Во нашиот случај се поголемиот број на казнети стопански субјекти зборува дека имаме проблеми во функционирањето на државниот систем и во поставеноста на самиот систем во одредени делови и од тие причини доаѓа до тој голем број на казни. Казната е за оној кој свесно и намерно го крши законот, кај нас сметам дека во голем број на случаи субјектите го кршат законот, затоа што финансиски не се способни да го издржат товарот кој го наметнува државата“, вели Најдовски.
Со измислување на нови давачки и основи за казни, можно е владата се обидува да го надополни недостатокот во буџетот, но ако се признае такво нешто, во основа се признава крах на буџетската, односно фискалната политика во државата, а како аргумент може да послужи податокот за раст на неданочните приходи во буџетот од ланските извештаи, додава Најдовски.
„Самото тоа покажува дека даночните приходи на државата не и се доволни за да ги задоволни потребите од трошоци, тука мислам на нерационални, на непотребни трошоци коишто ги има во буџетот, и од тие причини кај нас се повеќе казната наместо да е во оној дела на неданочни приходи, се повеќе од страна на владата се третира како даночен приход, што е апсурд.“
Покрај притисокот, државата од друга страна, не ги исполнува своите обврски, вели професорот Поповски.
„Јас лично имам примери од многу компании, земјоделски комбинати кои мораат да ги плаќаат обврските за ДДВ, за едно, за друго, но обврските што државата нив им ги должи по основ на субвенции, на враќање на други побарувања, не им ги исплаќа.“
Инаку, бројките во овогодинешниот буџет покажуваат дека власта планира да собере повеќе пари по основ на неданочни приходи. Износот пораснал со ребалансот на минатогодишниот буџет. Годинава, во споредба со ребалансот за лани, власта сака да собере 11 проценти повеќе по овој основ. Поточно во 2014 се планира да се соберат 1 милијарда 451 милиони 740 илјади денари или приближно 23 милиони евра повеќе од лани од неданочни приходи, каде меѓу другото спаѓаат такси и казни.
Во нашиот случај се поголемиот број на казнети стопански субјекти зборува дека имаме проблеми во функционирањето на државниот систем.Слободан Најдовски, економски аналитичар.
Управата за јавни приходи им наложи на фирмите електронско поднесување на даночни пријави, што секоја фирма ќе ја чини најмалку 3.000 денари годишно за електронски потпис попознат како токен. Актуелен е и предлог законот за финансиска дисциплина со кој се оди до јавно оцрнување на должниците. Колку ќе биде долга листата на неодговорни плаќачи останува да се види, но според универзитетскиот професор
Јас лично имам примери од многу компании, земјоделски комбинати кои мораат да ги плаќаат обврските за ДДВ, за едно, за друго, но обврските што државата нив им ги должи по основ на субвенции, на враќање на други побарувања, не им ги исплаќа.Никола Поповски, универзитетски професор.