Пукнатини по фасадата, пожолтени фрески, пукнатини по ѕидното сликарство и на самата градба се само дел од оштетувањата на црквата Св. Ѓорѓи во преспанското село Курбиново.
Долги и дебели пукнатини по фасадата, пожолтени фрески, пукнатини по ѕидното сликарство и на самата градба. Ова се само дел од оштетувањата на црквата Св. Ѓорѓи во преспанското село Курбиново која датира од 12 век (1191 година).
Ако се направи споредба по вредност со сликата „Тајната вечера“ на Леонардо Да Винчи, тогаш повеќе од јасно е дека и за најмала гребаница на сликата на нозе ќе се дигне целиот свет, велат познавачите. Но, во Македонија и по алармирањето на невладиниот сектор, а ни по известувањето на битолскиот завод и музеј за исклучиво лошата состојба, нема официјална реакција од надлежните.
В.д директорот на управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ беше недостапен за коментар за случувањата.
Претседателката на невладиниот Центар за заштита на културно наследство Донка Барџиева Трајковска вели дека она што во последните години го привлекува вниманието и говори за континуирано пропаѓање на културното наследство во Македонија е ремек делото на византиската уметност од 12 век, живописот во црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново.
„Ние ја следиме интензивно состојбата во последните две години на овој објект. Секој ден, секој месец, таму процесите коишто се веќе предизвикани во однос на архитектурата го загрозуваат во голема мера и фрескоживописот и тука се неопходни итни мерки“, вели таа.
Според анализата на центарот, почетните деструкции на објектот се појавиле во 2001 година и за тоа во неколку наврати во изминативе години алармирале до надлежните институции.
Минатата година, Министерството за култура за истражувањето во оваа црква издвои само 2,5 илјади евра. Историчарот на уметност во битолскиот завод и музеј Ристо Палигора вели дека пукнатините на градбата имаат прогресивен тек и дека се работи за тектонски нарушувања на самата почва врз која лежи храмот. Дополнително објаснува дека треба да се истражат и причините за пожолтувањето на фреските.
„Очигледен е некој премаз на фреските во Курбиново кој предизвикува пожолтување на ѕидното сликарство. Е сега имаме ние најголем дел од фреските во Курбиново со една пожолтена како стара хартија боја, а горе во најгорните делови каде што не стигнале, изгледа немале скеле доволно високо, останата е она оригиналната боја. Така што и тоа треба да се испита да се види со што е премачкано, дали некој вид лак, или некој вид на фиксатив, да се види што е за да може да се отстрани“, вели Палигора.
Една од причините за состојбата во која се наоѓа црквата е и претходниот обид за реставрација на објектот во 1991 година. Според првичните сознанија до кои дошол Центарот при анализата, во објектот и во ѕидовите ја нема потребната константна влага за опстанок на живописот. Барџиева Трајковска вели дека еден од парадоксите е што објектите од културното наследство се влошуваат поради неквалитетното рестраврирање.
„Она на што би апелирала е во образованието да се изучуваат старите средновековни техники. Единствениот начин ние да ги спасиме спомениците на културата е да ги едуцираме кадрите во конзервација со она што значи средновековен систем затоа што не е ништо друго заштитата освен познавањето на техниката на материјалите на конструктивниот систем“, вели таа.
Во заклучокот на анализата е наведено дека освен што не се исполнети законските обврски, крајно неетички е да се игнорираат алармите кои се повторуваат во последните години од стручни лица, потребни се итни истражувачки работи кои треба да направат ревизија на конструктивното решение, ревизија на недостојните натстрешници и да се понуди идеална реконструкција и презентација на оригиналниот изглед и функција.
Секој ден, секој месец, таму процесите коишто се веќе предизвикани во однос на архитектурата го загрозуваат во голема мера и фрескоживописот и тука се неопходни итни мерки.Донка Барџиева Трајковска, Центар за културно наследство.
Ако се направи споредба по вредност со сликата „Тајната вечера“ на Леонардо Да Винчи, тогаш повеќе од јасно е дека и за најмала гребаница на сликата на нозе ќе се дигне целиот свет, велат познавачите. Но, во Македонија и по алармирањето на невладиниот сектор, а ни по известувањето на битолскиот завод и музеј за исклучиво лошата состојба, нема официјална реакција од надлежните.
В.д директорот на управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ беше недостапен за коментар за случувањата.
Треба да се испита да се види со што е премачкано, дали некој вид лак, или некој вид на фиксатив, да се види што е за да може да се отстрани.Ристо Палигора, историчар на уметноста во битолскиот завод и музеј.