Без зимска влага ништо од посевите

Високите температурите некарактеристични за овој период од годината негативно ќе влијаат на земјоделските култури, велат познавачите.
Температурите што се натпросечни за овој период од годината негативно ќе влијаат на земјоделските култури, особено на есенските посеви поради немањето доволно влага во почвата, велат експертите. Краткотрајните врнежи од дожд во изминатиот период достигнаа 10 до 20 литри на метар квадратен, но тоа е доволно само за површинскиот слој на почвата која е многу сува, вели професор Борис Анакиев.
Не е нормално кога во јануари немате снег воопшто, не чини за земјоделците, особено за македонското земјоделие кое е многу зависно од зимската влага.
Борис Анакиев, универзитетски професор во пензија.

„Македонија е сушно подрачје и ако нема зимска влага, првин есенските култури нема да се развиваат како што треба, а за пролетните да не зборуваме. Не е нормално кога во јануари немате снег воопшто, не чини за земјоделците, особено за македонското земјоделие кое е многу зависно од зимската влага.“

Сонцето и маглата не ги радуваат земјоделците. Според
проценките на терен може да има голема загуба особено кај житните култури доколку во февруари или март не стигнат врнежи, вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци.

„Вакво време според мене, ја сум 40-50 години скоро во тоа производство на жита и други
Полјоделците легнуваат и стануваа со помислата дали и кога ќе заврне снег,инаку без снег тешко ќе биде да се очекуваат некои големи приноси.
Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.
култури, досега не паметам, ни јас, ни другите постари земјоделци. Полјоделците легнуваат и стануваа со помислата дали и кога ќе заврне снег,инаку без снег тешко ќе биде да се очекуваат некои големи приноси, може да не снајде она што беше ланската година кога приносите беа преполовени.“

Штетите може да бидат големи и ова покажува дека македонското производство не може да биде конкурентно без наводнување вели професор Борис Анакиев. Тој препорачува Македонија да инвестира во градење на мали акумулации за наводнување и оспособување на старите системи за наводнување кои се уништени во периодот на транзицијата.

„Природата си има свои закономерности, кога има дожд, кога снег, кога е зима, кога е лето, ама сега настана пореметување и од 130 илјади хектари колку што имавме изградени системи за наводнување ние денеска наводнуваме околу 40 илјади хектари, другото се уништи. Треба тие канали да се обноват, да се градат нови, за се инвестира во наводнување, затоа што знаете дека и во април може да фатат суши, сведоци сме на такви години.“

Инаку од Хидрометролошката управа велат дека засега нема нови моменти и најавуваат дека во наредните неколку дена температурата ќе се искачи до 16 степени.