Тутунари од битолскиот дел на Пелагонија запалија помали количини тутун пред откупната станица во село Ивањевци жалејќи се дека откупните компании нереално им го ценат квалитетот за една класа подолу. Најголемиот дел од родот, велат, им се откупува како четврта класа и добиваат 55 денари за килограм. Од Министерството за земјоделство побараа со контроли на терен да издејствува реална проценка од компаниите при откупот на годинешниот род.
„Тутунот не го садам од хоби, туку за егзистенција. Ова што го видов ме разочара. Државата под итно да преземи мерки. Проценките се на најниско ниво од кога сум јас тутунопроизводител, 55 години. Мострите се многу строги, никогаш не можеме да го достигнеме тој квалитет. Нека ми кажи некој доктор на науки за тутун како може овој тутун да оди за тројка? Само да го видиш се гледа дека е втора класа, а 40 проценти можеби и прва“, изјави Љубе Соколовски, тутунопроизводител од село Трновци.
„Откупувачите го ценат годинешниот род една или две класи подолу во споредба со ланската проценка. Министерството да ги пушти инспекторите на терен да видат што се случува. Тутунот го земаат 50 проценти помалку од лани. Ова е понижување за нас тутунопроизводителите. Велат, ако ви одговара, ако не, одете. Некои земјоделци незадоволни родот го враќаат неоткупен дома“, вели Златко Мартиновски, тутунар од село Ивањевци.
Перо Ничевски од Здружението на тутуноберачи од општина Могила вели:
„Надлежното министерство да ги преиспита мострите зашто тие се толку силни па не се совпаѓаат со цените што ги имаме по класи.“
Од откупните компании во Битолско не успеавме да добиеме одговор за состојбите со откупот. Од подрачното одделение за земјоделство велат доколку има незадоволни земјоделци да ги пријават случаите за комисиите да направат проверки на терен.
Тутунот не го садам од хоби, туку за егзистенција. Ова што го видов ме разочара.Љубе Соколовски, тутунопроизводител.
„Тутунот не го садам од хоби, туку за егзистенција. Ова што го видов ме разочара. Државата под итно да преземи мерки. Проценките се на најниско ниво од кога сум јас тутунопроизводител, 55 години. Мострите се многу строги, никогаш не можеме да го достигнеме тој квалитет. Нека ми кажи некој доктор на науки за тутун како може овој тутун да оди за тројка? Само да го видиш се гледа дека е втора класа, а 40 проценти можеби и прва“, изјави Љубе Соколовски, тутунопроизводител од село Трновци.
Откупувачите го ценат годинешниот род една или две класи подолу во споредба со ланската проценка.Златко Мартиновски, тутунар.