Достапни линкови

Загрозен имиџот на македонското овошје и зеленчук


Пестициди во овошјето и зеленчукот, вратени производи од увоз, лош имиџ за македонското производство. Кој е одговорен за целата ситуација?

Во последно време се јавуваат сомнежи дека се повеќе има зеленчук и овошје кои се прскани, но засега не сме слушнале дека се тестирани примероци што би покажало во колкав процент тие се позитивни на пестициди. Оваа тема стана актуелна откако тестираните примероци на краставици се покажа дека биле позитивни на пестициди во Хрватска, а истото ни се случи и со грозјето во Франција. Ова ги налути некои од домашните стручни лица кои констатираа дека тежината за извозот на зеленчук и овошје во кои се кријат различни пестициди ја носат и нашите инспектори.
Сигурно никој нема да измери колку ова финансиски ќе не чини, но ќе чини нашиот имиџ, веројатно некои ќе откажат, дури не се заборави тоа веројатно нашите извозници ќе имаат проблеми.
Борис Aнакиев, универзитетски професор.

Професор Борис Aнакиев коментира дека ова го загрозува имиџот на македонското овошје и зеленчук.

„Сигурно никој нема да измери колку ова финансиски ќе не чини, но ќе чини нашиот имиџ, веројатно некои ќе откажат, дури не се заборави тоа веројатно нашите извозници ќе имаат проблеми. Треба и нашите инспектори, нашите одговорни да бидат казнети, а не само производителите.“

Според него исто така на пазарите нема тезги на кои се продава зеленчук и овошје кои се тестирани за присуство на пестициди. Тој вели дека изостанува попис на намирници дали и кај кои производи се најдени пестициди и во колкаво
Сметаме дека некои работи многу се надувани се со цел да се каже дека нашата домашна храна не е толку квалитетна, како онаа што се носи од било каде на нашите пазари.
Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.
количество.

„Ние ниту на еден пазар немаме соодветна контрола, лани се земени мостри низ Македонија од домашните пазари и се уште нема резултати.“

Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделците се обидува да ја убеди јавноста дека македонскиот зеленчук и овошје се неправедно критикувани и оти државата редовно прави контроли на она што се извезува така и на продуктите што се присутни на пазарите.

„Има контрола на самата граница, има тука санитетска служба што успешно си ја извршува својата работа, има контрола и на она што се продава на нашите пазари. Сметаме дека некои работи многу се надувани се со цел да се каже дека нашата домашна храна не е толку квалитетна, како онаа што се носи од било каде на нашите пазари.“

Овошјето и зеленчукот што Македонија го извезува во земјите на ЕУ мора лабораториски да биде испитано за присутност на активни материи од пестицидите, вели Тантаров. Но, кога станува збор за ова тема со оглед на вратениот извоз од Хрватска се повеќе граѓани сметаат дека треба да размислуваме што внесуваме во себе и кога јадеме здрави продукти како јаболка салати, спанаќ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG