На сериите поскапувања во Македонија им нема крај. Од први изминатиот месец трошоците за живот пораснале за 3,4 проценти. Поскапено е речиси сè, од основните животни трошоци до бензините. Падот на животниот стандард и поскапувањето многумина ќе ги доведат на работ на егзистенцијата, предупредуваат граѓаните. Својата разочараност од секојдневното поскапување на животните трошоци многумина ја изразуваат со штедење.
„Бидејќи стандардот е понизок, штедиме на сè, на пример на струја, повеќе користиме плин, боци купуваме, на сè.“
„Не е добро, прво храната е многу скапа, а потоа и сè друго.“
„Сите сме сиромашни, како живееме не знам ни самата. Се троши од платата цела плата, плус во минус уште цела плата. За живеење, од први до први“, велат анкетираните граѓани.
За покривање на елементарните трошоци како храна и сметки на најголемиот дел од граѓаните им е потребно да издвојат повеќе од 80 проценти од месечната плата. Според впечатокот на луѓето, и пазарот никогаш не бил поскап. Доматите во некои продавници достигнуваат и 90 денари за килограм.
„На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни“, вели една граѓанка.
Ако за некој може да се каже дека ја познава секоја промена на пулсот на градот, тоа се трговците. Колку што е попразна потрошувачката кошничка, толку е подолго чекањето муштерии, наведуваат продавачите кои работат со текстил.
„Многу послабо за разлика од минатите години. Се чувствува доаѓањето на кризата и веќе е присутна. Ако купувале на пример по 5-6 парчиња, да речеме, сега дали ќе си дозволат едно или две“, вели една продавачка.
Прогнозите на стручњаците не се оптимистички. Скапиот ран зеленчук и овошје на пазарите, според професор Мирач Хани, е последица на неповолните климатски услови во претходните месеци, што ги зголемило трошоците на производство.
„Нашето производство зависи и од увозот на репроматеријали, суровини, па и готови производи. И цената на земјоделските производи, еве и доматите поскапеа итн., а сето тоа се должи на увозот на репроматеријалите во земјоделието. Тоа е една од причините, ние зависиме од увозот, како на репроматеријалите, така и на готовите производи.“
Според Хани, цените на основните животни трошоци нити во наредните месеци нема да бидат стабилни.
На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни.Анкетирана граѓанка.
„Бидејќи стандардот е понизок, штедиме на сè, на пример на струја, повеќе користиме плин, боци купуваме, на сè.“
„Не е добро, прво храната е многу скапа, а потоа и сè друго.“
„Сите сме сиромашни, како живееме не знам ни самата. Се троши од платата цела плата, плус во минус уште цела плата. За живеење, од први до први“, велат анкетираните граѓани.
За покривање на елементарните трошоци како храна и сметки на најголемиот дел од граѓаните им е потребно да издвојат повеќе од 80 проценти од месечната плата. Според впечатокот на луѓето, и пазарот никогаш не бил поскап. Доматите во некои продавници достигнуваат и 90 денари за килограм.
Нашето производство зависи и од увозот на репроматеријали, суровини, па и готови производи. И цената на земјоделските производи, еве и доматите поскапеа итн., а сето тоа се должи на увозот на репроматеријалите во земјоделието. Тоа е една од причините, ние зависиме од увозот, како на репроматеријалите, така и на готовите производи.Мирач Хани, универзитетски професор.