Достапни линкови

Животот поскапел за пет отсто за една година


Илустрација.
Илустрација.

Трошоците за живот во септември годинава се зголемиле за 5,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на живот преку кои се мери инфлацијата скокнаа за 5,3 насто во споредба со септември лани, објави Државниот завод за статистика. Дури за 15,2 насто скокнале трошоците за огрев и за осветление, облеката и обувките поскапеле за 6,6 насто, а исхраната за 5,8 насто. Ова е највисока инфлација измерена годинава. Растот на цените на пазарите и продавниците е надополнет и со пораст на цените во сообраќајот, културата и хигиената и тоа влијае врз квалитет на животот, коментираат граѓаните.
Струјата поскапена, вода, телефони, а платите во место. Најмногу е поскапена храната, ќе отидеш ќе потрошиш илјадарка и нема да купиш ништо, а колку зимаш, 15 илјади.
Анкетиран граѓанин.

„Струјата поскапена, вода, телефони, а платите во место. Најмногу е поскапена храната, ќе отидеш ќе потрошиш илјадарка и нема да купиш ништо, а колку зимаш, 15 илјади.“

„Ако пред две години можев да излезам со 200-300 денари, сега ми требаат минимум 500-600 да стигнам до Центар, да се вратам и ете една пијачка или влез во дискотека. Не е тоа што беше порано, пред две три години имаше гужви и беше поеуфорично, а сега не е толку.“
Затоа што сите цени на глобално ниво се одразуваат и во Македонија. Ние може да кажеме дека имаме поевтини производи или услуги ако тука се произведуваат, на локално ниво. Ние, затоа што се многу увозно зависна земја, освен трошокот да се произведе производот, плаќаме и транспортни трошоци и царина и други давачки кон државата и нормално дека цените ќе одат во нагорна линија.
Висар Адеми, универзитетски професор.

„Таксито е скапо, на пример од Ченто до Центар ми е 240 денари. Гледам сега што помалку да користам“, велат анкетираните граѓани.

Експертите анализираат дека податокот за растот на цените не е изненадување затоа што Македонија е во голем дел увозно зависна. Професор Висар Адеми дава предност на создавањето услови за домашно производство како една од мерките за ублажување на ударот кој зголемувањето на цените го предизвикува кај граѓаните. Но, според него, уште позагрижувачки ќе бидат ефектите во наредниот период, бидејќи е можно инфлацијата да биде повисока од проектираната, поради случувањата во економијата во светот. Според него, потребна е стратегија за долгорочно справување со идни зголемува на цените.

„Затоа што сите цени на глобално ниво се одразуваат и во Македонија. Ние може да кажеме дека имаме поевтини производи или услуги ако тука се произведуваат, на локално ниво. Ние, затоа што се многу увозно зависна земја, освен трошокот да се произведе производот, плаќаме и транспортни трошоци и царина и други давачки кон државата и нормално дека цените ќе одат во нагорна линија.“

Иднината во поглед на тоа дали и колку цените може да се вратат на ниво од пред летото е неизвесна, а дотогаш јавноста може да биде задоволна кога некоја невладина организација барем малку се обидува да ја менува сликата, но тоа ни малку не е лесно. АМАН не се откажува од протестите против последното поскапување на струјата кои продолжуваат вечер односно секој вторник во неделата. Последните реакции покажуваат дека политичките субјекти од власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за секој протест дека зад едни или други стојат партиски активисти. Но како што забележуваат од АМАН, партиите не се тие што им ги плаќаат сметките на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG