Најавите дека е возможно уште едно поскапување на цената на струјата ги вознемири граѓаните кои и до сега издвојуваа огромен процент од своите приходи за месечните давачки. Цената на струјата за македонскиот стандард е исклучително висока и секое поскапување би било неиздржливо, велат граѓаните.
„Со ова поскапување сега, не знам дали ќе се излезе на крај?“
„Јас лично 30 до 40 проценти од мојата плата давам за струја месечно.“
„Не верувам дека некој во оваа држава може да издржи уште едно поскапување на струјата.“
Степенот на сиромаштија кој и не може да се процени прецизно се движи околу 30 проценти во земјава, но до педесет проценти од луѓето живеат на работ на можноста месечно да ги покријат потребите со своите примања, потенцира професор Илија Ацевски.
Граѓаните ги споредуваат примањата со давачките и математиката никако не излегува.
„Во декември платив 5.000 за струја, во јануари и февруари по 3.500 до 4.000, а со ова зголемување сега не знам дали ќе се излезе на крај, а 13.700 имам пензија.“
„Од 3.000 до 5.000 плаќаме, а ако ни ја поскапат ќе нема, ние бараме да ни ја вратат и евтината струја преку ден.“
Во овој момент огромна е поларизираноста на граѓаните од оние неколку проценти 5-најмногу 10 за кои не би преставувало никакво значајно оптоварување зголемувањето на цената во случајов на една елементарна ставка и оние кои се помногубројни, а за кои секој процент поскапување значи многу.
„И во самиот пристап на државата, таа мора да води сметка за тие граѓани кои навистина не се во можност да ја поднесат таа вистина на струјата или како што постои и во многу држави до одредена потрошувачка државата да го подмирува тоа, односно тие што се елементарните потреби барем за овие групи на граѓани.“
Државните компании ЕЛЕМ, МЕПСО и австриската ЕВН се очекува да ги достават своите нови пресметки до Регулаторната комисија за трошоците, по што се поизвесни се корекции на цената на струјата и тоа кон средината на годината а не како до сега, во последниот месец.
Не верувам дека некој во оваа држава може да издржи уште едно поскапување на струјата.Анкетиран граѓанин.
„Со ова поскапување сега, не знам дали ќе се излезе на крај?“
„Јас лично 30 до 40 проценти од мојата плата давам за струја месечно.“
„Не верувам дека некој во оваа држава може да издржи уште едно поскапување на струјата.“
Степенот на сиромаштија кој и не може да се процени прецизно се движи околу 30 проценти во земјава, но до педесет проценти од луѓето живеат на работ на можноста месечно да ги покријат потребите со своите примања, потенцира професор Илија Ацевски.
И во самиот пристап на државата, таа мора да води сметка за тие граѓани кои навистина не се во можност да ја поднесат таа вистина на струјата или како што постои и во многу држави до одредена потрошувачка државата да го подмирува тоа, односно тие што се елементарните потреби барем за овие групи на граѓани.Илија Ацески, социолог.