По неуспешната битка преку институциите за поевтинување на струјата и воведување на дневна ефтина тарифа на граѓаните како место за битка им останува само улицата велат од граѓанското здружение АМАН. Нивната реакција доаѓа по вчерашната одлука на Уставниот суд со која се отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на одлуката на Регулаторната комисија за укинување на дневната ефтина струја за граѓаните, која ја донесе пред 8 месеци.
По 8 месечна битка со институциите, бирократијата и државата на граѓаните им останува битката да ја вратат на улицата, но за тоа повеќе немаат сила, граѓаните се помирија со ситуацијата, вели Александар Гочев од АМАН.
„Не можат да најдат логичност во овие одлуки, во некои чекори што ги направија државните институции, но нели кога државата произведува легален рекет, што друго останува освен граѓаните да го плаќаат?“
Разочараноста од институциите кои немаат слух за потребите на граѓаните е голема, па идеата за спроведување референдум на кој граѓаните ќе може да го кажат своето мислење за високите сметки, веќе не е во игра.
„Со самото тоа што гледаме дека сите институции одат сихронизирано, референдумот ќе биде само еден неуспешен обид, значи ние ќе направиме еден референдум во обид со кој само ќе ја потрошиме еенрегијата кај граѓаните, а нема да постигнеме никаков ефект.“
Граѓаните велат дека освен што плаќаат за околу илјада денари поскапа струја, сменети се и нивните животни навики.
„Сите што сакаат да готват, треба да готват навечер, а кој го тоа прави во свет? Како вампири навечер да пуштаме машини за садови, за перење алишта. Со правосмукалка не можеш да работиш рано наутро, кога сите спијат тие да тропаш и пак мораш да работиш на скапа струја.“
За голем дел од граѓаните укинувањето на ефтината струја во изминатава година влијаело многу на нивниот домашен буџет.
„Плата не даваат редовно и од кај ќе платиш. Имам заостанати сметки кој знае колку и не можам да ги платам. Тие треба да направат како порано кога беше поефтино, а сега цело време е иста цената, нема ефтина ни за викенд.“
„Ни викаат дека и покрај поскапувањата, сме имале најефтина струја, но што правиме со платите?“
„Работа е што треба да се штеди, кој колку пари има толку да троши.“
Граѓанското здружение АМАН во изминативе неколку месеци организираше протести, собираше потписи за измена на законот за енергетика. Откако нивната иницијатива не помина во Собранието, ја подржаа иницијативата на еден граѓанин доставена до Уставен суд. Но, судот смета дека Регулаторната комисија за енергетика имала законско право да го дополни Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинствата со таква одредба и затоа Уставниот суд не најде причина да расправа за оваа иницијатива.
Со самото тоа што гледаме дека сите институции одат сихронизирано, референдумот ќе биде само еден неуспешен обид, значи ние ќе направиме еден референдум во обид со кој само ќе ја потрошиме еенрегијата кај граѓаните, а нема да постигнеме никаков ефект.Александар Гочев, АМАН.
По 8 месечна битка со институциите, бирократијата и државата на граѓаните им останува битката да ја вратат на улицата, но за тоа повеќе немаат сила, граѓаните се помирија со ситуацијата, вели Александар Гочев од АМАН.
„Не можат да најдат логичност во овие одлуки, во некои чекори што ги направија државните институции, но нели кога државата произведува легален рекет, што друго останува освен граѓаните да го плаќаат?“
Разочараноста од институциите кои немаат слух за потребите на граѓаните е голема, па идеата за спроведување референдум на кој граѓаните ќе може да го кажат своето мислење за високите сметки, веќе не е во игра.
Сите што сакаат да готват, треба да готват навечер, а кој го тоа прави во свет? Како вампири навечер да пуштаме машини за садови, за перење алишта. Со правосмукалка не можеш да работиш рано наутро, кога сите спијат тие да тропаш и пак мораш да работиш на скапа струја.Анкетиран граѓанин.