По расправата во собраниските комисии, иницијативата на АМАН за измени во Законот за енергетика е ставена и на дневен ред на пленарната седница во Собранието. Во иницијативата која ја потпишаа над 13 илјади граѓани се бара враќање на евтината дневна тарифа на струјата и граѓаните кои се исклучиле од парното греење да немаат обврска да го плаќаат. За граѓаните, иницијативата на АМАН е оправдана и ја поддржуваат.
„Ја поддржувам акцијата затоа што не можеме, особено ние пензионерите, редовно да плаќаме. Сметам дека цените се превисоки за нашиот стандард.“
„Мислам дека тие барања се сосема оправдани поради стандардот на граѓаните.“
„Би сакал цената да е пониска, барем да се воведе таа дневната евтина тарифа за да можеме како граѓани, како домаќинства да функционираме понормално.“
„Ги поддржувам тие барања затоа што стандардот на луѓето е многу низок, мислам дека струјата треба да биде поевтина за да може да опстанеме.“
Претставници на власта за време на расправата во собраниските комисии ја отфрлија иницијативата, бидејќи, според нив, повторното враќање на евтината дневна тарифа ќе значи дополнително оптоварување на електраните, поголем увоз на скапа струја и во краен случај зголемување на цената.
Граѓаните велат дека не се задоволни од таквата одлука на власта.
„Мислам дека пратениците погрешиле многу, барањата се за општото добро на сите граѓани и неоправдана е одлуката од страна на собраниските делегати.“
„Треба уште еднаш да го разгледаат тој нивен став, не знам дали беа категорични, но знам дека го одбија барањето на АМАН. Лично јас и моето семејство не сме задоволни од тоа.“
Професор Атанаско Тунески, кој е и член на СДСМ, вели дека граѓаните плаќаат скапа струја поради големиот увоз и големите трошоци на ЕЛЕМ за производство. Според него, цената на струјата не може да биде толку висока во услови кога стандардот на населението е низок.
„Регулаторот треба да одговори како ќе ги платиме сметките. Ако јас, вие или едно просечно македонско семејство со сериозни приходи не може да ги плати сметките, што останува за социјалните случаи или за еден човек кој е единствениот вработен во фамилијата или за некои кои имаат две просечни македонски плати. Вие со две просечни македонски плати, а ретко кој ги има две, најчесто е една, вие просто не можете да ги платите сметките.“
За АМАН, оправдувањата кои ги изнесе власта се доказ дека не ги штитат интересите на граѓаните.
Би сакал цената да се пониска, барем да се воведе таа дневната евтина тарифа за да можеме како граѓани, како домаќинства да функционираме понормално.Анкетиран граѓанин.
„Ја поддржувам акцијата затоа што не можеме, особено ние пензионерите, редовно да плаќаме. Сметам дека цените се превисоки за нашиот стандард.“
„Мислам дека тие барања се сосема оправдани поради стандардот на граѓаните.“
„Би сакал цената да е пониска, барем да се воведе таа дневната евтина тарифа за да можеме како граѓани, како домаќинства да функционираме понормално.“
„Ги поддржувам тие барања затоа што стандардот на луѓето е многу низок, мислам дека струјата треба да биде поевтина за да може да опстанеме.“
Мислам дека пратениците погрешиле многу, барањата се за општото добро на сите граѓани и неоправдана е одлуката од страна на собраниските делегати.Анкетиран граѓанин.