Достапни линкови

Влада на народот - сега или никогаш!


Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.
Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.

Би им порачал да се освестат малку, да почнат да работат за граѓаните, и да ја вратат Република Македонија на патот на кој беше пред 6 години. Ако оваа иницијатива не ја гледаат како можност да го направат тоа, тогаш нема да имаат друга шанса да покажат дека се влада на народот, пишува за РСЕ Александар Гочев од граѓанската иницијатива АМАН.

Не случајно го одбрав насловот на оваа колумна. Последниве неколку недели од кога се случија настаните на 24 декември (црниот понеделник), се почесто ја слушаме оваа власт и пратениците од владеачкото мнозинство дека се избрани од народот, дека народот им ја дал власта за да управуваат со државата.
Кога би го земале примерот дека за еден пратеник да добие мандат од граѓаните и да ужива имунитет му требаат некаде околу 8 до 9.000 граѓани, тогаш логично би било дека и 13.169 потписи би значело прифаќање на овој предлог-закон без размислување.

Зошто ја започнав вака оваа колумна?! Во средата на 30-ти јануари, граѓанската иницијатива АМАН ги предаде собраните 13.169 потписи за враќање на евтината дневна тарифа и укинувањето на наплатата од страна на Топлификација за исклучените граѓани. Искрено, мислам дека подобар начин за оваа власт да покаже дека е влада одбрана од народот не постои. Иако не верувам дека ќе наидеме на расположение од власта, сепак се надевам дека на момент ќе се сетат дека во оној четири годишен мандат кои им го доделиле граѓаните, треба барем еднаш да помислат на нив. Демократијата подразбира спроведување на волјата на граѓаните, без разлика на различните политички гледишта.

Кога би го земале примерот дека за еден пратеник да добие мандат од граѓаните и да ужива имунитет му требаат некаде околу 8 до 9.000 граѓани, тогаш логично би било дека и 13.169 потписи би значело прифаќање на овој предлог-закон без размислување.

Во соработка со сите колеги од АМАН, земавме обврска пред граѓаните кои ги дадоа своите потписи за поддршка дека ќе се потрудиме и ќе дадеме се од себе за да може предлогот на граѓаните да стигне во Собранието и народните избраници да одлучуваат за истиот.

Моето мислење дека во Македонија власта е недемократска, го имав формирано уште многу одамна. Случувањата од 24-ти декември не ме изненадија бидејки истото тоа ние од АМАН, го искусивме уште многу одамна. Би сакал на кратко да ви ги опишам случувањата кои ги доживеавме за да можете да сфатите дека диктатурата постои од многу одамна.

Во нацистичка Германија, фашистите онаму каде што живееле Евреи на куќите им пишувале „Тука живее Евреин, тој не заслужува да живее”, примерот го посочив затоа што нешто слично на ова ни се случуваше и на нас. Од како премиерот излезе и кажа дека АМАН било соросоидно здружение, платеници на СДСМ, по кратко време излегоа плакатите низ цело Скопје каде неколку личности бевме заокружени како луѓе на Бранко Црвенковски. Тоа е нешто слично како и примерот со Евреите, но во нашиов случај е нешто пострашно, не е напишано на нашите куќи, туку сите кои не се согласуваат со она што АМАН го бара имаат многу полесен начин да не препознаат и нападнат.
Уцените и притисоците не стивнуваа, постојано бевме бркани од некои матни типови, еден од нашите активисти беше пресретнат во паркот Жена - борец му беа покажувани активисти на слики, бараа некој си лидер, но изгледа дека се уште не можат да ја сфатат како функционира хоризонталната поставеност. Многупати беа обивани коли и дуќани, бевме бркани со автомобили низ центарот на Скопје, во тие моменти се чувствував како да снимаме акционен филм, а не како да сме во реалноста на оваа наша Македонија

Уцените и притисоците не стивнуваа, постојано бевме бркани од некои матни типови, еден од нашите активисти беше пресретнат во паркот Жена - борец му беа покажувани активисти на слики, бараа некој си лидер, но изгледа дека се уште не можат да ја сфатат како функционира хоризонталната поставеност. Многупати беа обивани коли и дуќани, бевме бркани со автомобили низ центарот на Скопје, во тие моменти се чувствував како да снимаме акционен филм, а не како да сме во реалноста на оваа наша Македонија.

Случувања имало многу, но последново сакам да го истакнам како најдрско и најдиректно. Имено, на еден од последните протести на АМАН група граѓани организираа контра-протест и делеа бонбони пред ЕВН - Македонија. Додека траеше протестот ние бевме пред Регулаторната комисија за енергетика, а тие пред приватна компанија. Еден од учесниците, момче на возраст од 20-тина години се упати кон нас и дојде на запраша што бараме таму, од како направивме еден краток тензичен муабет, дечкото се претстави дека е од УМС на ДПМНЕ и рече дека имаме 15 минути да се исчистиме од таму. Би сакал да напоменам дека сите овие случувања беа пријавени во Министерството за внатрешни работи, но за ниедно од нив до сега нема одговор.

Мислам дека доволно кажав за тоа со каква власт се соочуваме. Поентата на гореспоменатото ми беше дека и да не ја прифати парламентарното мнозинство оваа иницијатива, гревот ќе им остане засекогаш.

На самиот крај би им порачал да се освестат малку, да почнат да работат за граѓаните, и да ја вратат Република Македонија на патот на кој беше пред 6 години. Ако оваа иницијатива не ја гледаат како можност да го направат тоа, тогаш нема да имаат друга шанса да покажат дека се влада на народот.
XS
SM
MD
LG