Достапни линкови

Увозното брашно ја засени македонската пченица


Од една страна мелничарите се затрупани со залихи на брашно и пченица која се уште не им е исплатена на земјоделците, а од друга страна земјоделците се жалат дека амбарите им се натрупани со неоткупена пченица.

Навалицата на граница од поевтино брашно ги погоди и земјоделците и мелничарите. Над 10 илјади тони брашно чекаат влез во земјава велат од мелничарската индустрија. Од една страна мелничарите се затрупани со залихи на брашно и пченица, а од друга страна пак земјоделците се жалат дека амбарите веќе им се натрупани со неоткупена пченица.
Сите покрупни земјоделци што имаме над сто, двесте тона, кои имаме земја под концесија од државата, пченицата поради малата цена ја сместивме на чување кај млинската индустрија, со услов, ако ни ја платат, да не ни земат лежарина, и сега ним брашното не им се троши затоа што им дојде поевтино брашно и не само што не ни ја плаќаат туку ни велат земете си ја, што сакате правете со неа.
Тоде Лазаревски, земјоделец.

Мелничарите денеска имаа итен состанок во Стопанската комора каде што разговараа за следните чекори.
Тие повторно излегоа со барање од државата за субвенции од над 11 денари за килограм за откупена домашна пченица а цените на домашно произведеното брашно да се формираат во согласност со Новосадската берза. Мелничарите соопштија дека доколу не добијат субвенции нема да можат да им ја платат пченицата на земјоделците.

„Освен тоа што бараме субвенции за секој килограм пченица откупен над 11 денари, наше основно барање е да видиме како ќе одговориме на цената на српското брашно кое влегува во Македонија. Прашањето е што да направи мелничката индустрија со помош на Владата за да може да одговориме на тие цени и со тоа да опстане оваа индустрија и во иднина да се произведува пченица во Македонија“, изјави Николчо Георгиев, претседател на Здружението на мелничка индустрија.

Земјоделецот Тоде Лазаревски вели дека заедно со мелничарите се ставени во незавидна положба.

„Сите покрупни земјоделци што имаме над сто, двесте тона, кои имаме земја под концесија од државата, пченицата поради малата цена ја сместивме на чување кај млинската индустрија, со услов, ако ни ја платат, да не ни земат лежарина, и сега ним брашното не им се троши затоа што им дојде поевтино брашно и не само што не ни ја плаќаат туку ни велат земете си ја, што сакате правете со неа.“

Пред само една недела Стопанската комора предупреди дека со укинувањето на мерката за условен увоз земјава ќе ја очекува енормен увоз на брашно.

„Меѓу 5 и 10 тони се веќе најавени и чекаат влез, што значи дека годинава може да ги надминеме минатогодишните бројки од 42 илјади тони увезено брашно што тоа е неиздржливо за мелничарската индустрија“, изјави Васко Ристовски од Здружението за земјоделство и прехранбена
Меѓу 5 и 10 тони се веќе најавени и чекаат влез, што значи дека годинава може да ги надминеме минатогодишните бројки од 42 илјади тони увезено брашно што тоа е неиздржливо за мелничарската индустрија.
Васко Ристовски, Здружение за земјоделство и прехранбена индустрија во Стопанската комора на Македонија.
индустрија во Стопанската комора на Македонија.

Лазаревски вели дека сега земјоделците размислуваат дали воопшто да стартуваат со есенската сеидба затоа што ова е проблем со кој секоја година се соочуваат.

„Не знаеме што да правиме, дали да се спремаме за есенска сеидба или не, вложувањата се многу големи, не можеме да и конкурираме на Србија. Србија има производство 8 тона по хектар ние едвај имаме по два и пол тона и нив им одговара да продаваат евтина пченица. Не можеме да конкурираме, не знаеме што да правиме дали да се откажуваме од концесијата, од земјата, имаме механизација натрупано, кредити, тоа така лесно не е!“, вели земјоделецот Лазаревски.

Владините министри при укинувањето на мерката за условен увоз на пченица, а подоцна и на брашно во неколку наврати изјавуваа дека пазарот е стабилизиран и дека се создадени услови за таквиот потег. Пред само еден месец министерот за земјоделие Љупчо Димовски изјави дека 90 проценти од пченицата е откупена. Но земјоделците велат дека тоа не е точно.

„Кој ја откупил, кој млин ја откупил и платил нека покаже барем еден документ дека некој ја платил“, вели Лазаревски.

Тој објаснува дека еден од проблемите поради ваквата ситуација е во тоа што земјоделците не се обединети и ,како што вели, затоа што немаат квалитетно Здружение кои ќе преговара во нивно име и интерес, а не како досега само за личен интерес на неколкумина.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG