Без вештачки снег и вложување во инфраструктурата понудата е слаба. Поатрактивни и поевтини се скијачките центри во соседството. Без вложување, домашните центри не можат да бидат конкурентни на меѓународниот пазар.
Планините во Македонија нудат идеална клима за зимски туризам, но се чини дека ова малку и значи на земјава. Веќе со години се намалува бројот на ноќевања во домашните зимските центри од низа причини.
Туристичките работници размислуваат како да ги заживеат Маврово, Шапка, Крушево и Поникава во текот на целата зимска сезона, а не само за викенди и празниците, додека во останатите денови овие места се пусти, а хотелите празни. Без вештачки снег и вложување во инфраструктурата понудата е слаба наведуваат некои од нив, меѓутоа Нехар Селим најмногу е разочаран дека недостасува популаризација, додавајќи дека тоа на нашите зимски центри им е потребно.
„Без никаква помпа помина
отворањето на ски сезоната во Маврово. Кај нас многу недостасува таа медиумска кампања. И не е само скијање, туку и санкање, ако ништо друго барем на свеж воздух. Знаете ли како изгледа Маврово сега под сонце, под сино небо и снег околу? Како од бајка, тоа е едната приказна. Втората приказна е што ние не сакаме да вложиме во таа
инфраструктура, или не знаеме, или не сакаме или не можеме“, вели Селим.
Туристичките работници забележуваат дека има се помалку туристи, но не мислат дека високата цена на ски картите во сместувачките капацитети е причина за тоа. Тие велат дека се приватници и дека треба да има поттикнувања и од државата. Пресметуваат дека и за нив се скапи сметките за струјата и одржување. Кога би имало поголем интерес тогаш би можело и да се намалат центите, но не е така, вели Нехар Селим.
„Никој не треба да се жали што во Маврово картата е 1.100 денари, затоа што сепак трошоците се големи, меѓутоа Маврово не сака да вложи во
топовите, не сака да вложи во нови жичарници. Старите жичарници што ги имаме тие се за во музеј. Во последните три години ние ги изгубивме најдобрите гости во Маврово, тоа беа гостите од Албанија, тие отидоа во Црна Гора.“
Без вештачки снег понудата е слаба. Стазите не се одржуваат.
Хотелиерите велат дека цените се на минимум и не може да бидат пониски зошто се многу високи цените за одржување. Од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот велат дека работат и во делот на промоцијата и овозможување поволни услови за инвестирање на странски и домашни компании во луксузни објекти и ресорти онакви какви што има во соседните земји за да конкурираат на меѓународниот пазар.
Кристијан Џамбазовски изјави дека е предвидена развојна зона за туризам на Шапка, но нагласува и дека развојот на Македонија како ски дестинација зависи од повеќе фактори.
„Банско ги подигна критериумите и перцепцијата за она што претставува еден ски-туристички центар на Балканот и ние сега се обидуваме да го следиме Банско и да создадени услови и кај нас да се направат ски центри коишто ќе бидат конкурентни. Би го издвоил Маврово кој освен како ски центар, би можело да биде и целогодишно туристичко место и ние работиме за негово промовирање во сите насоки како туристички центар.“
Зимскиот туризам треба да се прилагоди на новите барања како тоа што го направија Бугарија и Србија во нивните ски центри вели, Миле Спировски од АТАМ. Како и да е зимските центри во соседна Бугарија и Србија, а во последно време и Грција и Црна Гора се полни и на почетокот на оваа зима. Хотелиерските проходи таму цветаат. Таму туристичките работници прават сè да ги привлечат и задржат гостите, а во цената е вклучено сè од цена на соба, до цена на стазата, а гостите се задоволни, вели тој. Спировски оценува дека тоа е причина зошто и оваа сезона македонските туристи ќе ги одберат соседните планини за зимување.
„Пред две години е изграден еден скијачки центар во близина на Лерин во Грција, и од Битола секоја година има околу 250 сезонски карти, нормално Пелистер им е на 10 километри, а не одат, а одат подалеку, во Вигла во Лерин, на Боровец и во Банско, трошат и многу повеќе пари, меѓутоа кога нема инфраструктура нема“.
Никој не треба да се жали што во Маврово картата е 1.100 денари, затоа што сепак трошоците се големи, меѓутоа Маврово не сака да вложи во топовите, не сака да вложи во нови жичарници. Старите жичарници што ги имаме тие се за во музеј.Нехар Селим, туристички работник.
Туристичките работници размислуваат како да ги заживеат Маврово, Шапка, Крушево и Поникава во текот на целата зимска сезона, а не само за викенди и празниците, додека во останатите денови овие места се пусти, а хотелите празни. Без вештачки снег и вложување во инфраструктурата понудата е слаба наведуваат некои од нив, меѓутоа Нехар Селим најмногу е разочаран дека недостасува популаризација, додавајќи дека тоа на нашите зимски центри им е потребно.
„Без никаква помпа помина
Банско ги подигна критериумите и перцепцијата за она што претставува еден ски-туристички центар на Балканот и ние сега се обидуваме да го следиме Банско и да создадени услови и кај нас да се направат ски центри коишто ќе бидат конкурентни.Кристијан Џамбазовски, Агенција за поддршка и развој на туризам.
Туристичките работници забележуваат дека има се помалку туристи, но не мислат дека високата цена на ски картите во сместувачките капацитети е причина за тоа. Тие велат дека се приватници и дека треба да има поттикнувања и од државата. Пресметуваат дека и за нив се скапи сметките за струјата и одржување. Кога би имало поголем интерес тогаш би можело и да се намалат центите, но не е така, вели Нехар Селим.
„Никој не треба да се жали што во Маврово картата е 1.100 денари, затоа што сепак трошоците се големи, меѓутоа Маврово не сака да вложи во
Без вештачки снег понудата е слаба. Стазите не се одржуваат.
Пред две години е изграден еден скијачки центар во близина на Лерин во Грција, и од Битола секоја година има околу 250 сезонски карти, нормално Пелистер им е на 10 километри, а не одат, а одат подалеку, во Вигла во Лерин, на Боровец и во Банско.Миле Спировски, АТАМ.