Да се изработат елаборати за повеќе планинските патеки во земјава, на јавно место да се обележат нивните карактеристики, а рекреативците да се информираат каде одат. На ова предупредува искусниот битолски алпинист инструктор Благојче Лазаревски, некогашен член на експедицијата на Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој се искачи на Монт Еверест.
Предупредувањата доаѓаат откако зачестија несреќите на рекреативци и планинари низ земјава. Последниот случај беше со 24-годишен скопјанец кој се лизна од карпа кај изворите на Бабуна под Солунска Глава и почина, а Лазаревски учествуваше во извлекувањето на телото.
Овој искусен алпинист апелира „планинарските друштва, клубовите за спортско качување, алпинистички, сите да кажат која е туристичка патека за во лето или зимски екстремни услови, маркирана да е, обезбедена е, со сатница, со надморска височина, со време на минување, дали треба некој да ги води и слично.
Лазаревски вели кога доаѓаат странски гости бараат водичи, но често се случува домашните посетители да тргнат без да се информираат и без соодветна опрема, па и со патики.
„Повикот до сите млади кои сакат да одат на планина, благовремено да се информираат во планинарските клубови или во националните паркови, ќе добијат соодветна информација. И да се придржуваат до информацијата, потоа е доцна. Планината не простува. Да се во добра психо-физичка подготвеност. Сите планини имаат и критични и фино пристапни патеки. Секој да си оцени каде го води неговото его, екстремни, стрмно, вертикално. Ако сам не може да го открие во себе, ќе побара помош во клубовите“, вели Лазаревски.
Тој посочува примери за европски планинарски центри каде безбедноста е на високо ниво.
„Во светот се познати таквите патеки, кои се обезбедени, исклинчени, со јажиња, со сајли, со висечки мостови, со скали. Но, и таму треба да се информирате. На пример, Виа Ферат во Италија има екстремни патеки каде што мора да дојде водич со вас. Кај нас нема такви патеки, но на тоа мора да се размислува“, додаде Лазаревски.
Годинава во последните шест месеци, загинаа две лица планинарејќи. Освен младиот скопјанец кој беше рекреативец, на Пелистер загина искусен 32-годишен планинар лизгајќи се со велосипед во провалија во близина на езерата Пелистерски Очи.
Планината не простува. Да се во добра психо-физичка подготвеност. Сите планини имаат и критични и фино пристапни патеки. Секој да си оцени каде го води неговото его.Благојче Лазаревски, алпинист инструктор.