Имаше ли политика во реакциите на тутунарите?

Министерството за земјоделство се сомнева во политизација на протестот на тутунарите. Тие, пак, велат оти само сакаат чесно да им се плати тутунот.
Министерството за земјоделство се сомнева дека во реакциите на тутунарите од пелагониско имало одредена манипулација и политизација. Ваквата реакција следува по објавениот прилог во кого тутунари го палеа тутунот и се жалеа дека откупувачите не им го ценат реално квалитетот.
Лицата кои симболично го палеле тутунот не ја искористиле законската можност и не се јавија кај надлежните, што ни дава основа да имаме сомнеж дека се работи за определена манипулација и политизација на настанот со цел внесување тензија.
Министерство за земјоделство.

Во доставена писмената реакција од Министерството се вели:

„Заради превенирање на можни манипулации во проценката на квалитетот, донесен е закон, според кој секој тутунар кој се сомнева дека неговиот тутун не се проценува соодветно може да се обрати до Министерството и Инспекторатот за земјоделство на јавно објавен број и да повика инспектори и комисија кои ќе бидат веднаш испратени да ја утврдат фактичката состојба“, се вели во реакцијата од Министерството за земјоделство.
Тука имаше од сите партии луѓе кои си бараат цена, си бараат маката да им се плати. Имаме снимки, можат луѓето да видат и активни членови на ВМРО-ДПМНЕ со книшки што се.
Љубе Соколовски, тутунар.

Лицата кои симболично го палеле тутунот, посочуваат од Министерството, не ја искористиле законската можност и не се јавија кај надлежните, што ни дава основа да имаме сомнеж дека се работи за определена манипулација и политизација на настанот со цел внесување тензија во период кога се очекува откупна година. Од министерството ги охрабруваат земјоделците доколку на кој било начин сметаат дека се дискриминирани тоа вреднаш да го пријават.

Тутунарите, пак, одговараат дека во нивните реакции немало политика, туку само реагирале што приватни откупни компании им го ценат тутунот класа подолу.

„Не сме дојдени да правиме некаква политика. Овде има луѓе од сите партии. И никому не порачувам да меша политика. Проценките се на најниско ниво од секогаш, откако сум јас тутунопроизводител. Треба да се мери според мострите, но да се покачат и класите“, изјави Љубе Соколовски од село Трновци.

„Немаме никаков проблем со политиката. Тука имаше од сите партии луѓе кои си бараат цена, си бараат маката да им се плати. Имаме снимки, можат луѓето да видат и активни членови на ВМРО-ДПМНЕ со книшки што се, има што на лице место го палат тутунот. Ако ни се плати по 180 денари за килограм во просек, немаме проблем за протест. Инспекторатите се известени, ќе поминат еден, двајца ако се погодат на кантарот на откупот, една бала две ќе земат повисока цена, а потоа сè продолжува по старо“, вели Васко Кебаковски од село Долно Српци.

„Јас сум вмровец со тапија, Томе Јаневски од Долно Српци. Јас ги барам средствата што треба да ни се исплатат. Годинава однесов тутун и ми го платија минимално“, реагира Јаневски.