Манипулација со младите или да?!

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Зарем ќе гледаме секојдневно полицајци со оклопи по автобусите и автобуските постојки низ Скопје, зарем секојдневно родителите ќе се „убиваат“ од грижи за тоа дали утре своето дете ќе се врати здраво или со скршена глава?!, пишува во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа, Дино Блажевски претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Изгледа младите и нивната иднина, то ест иднината на државата пак е ставена во втор план по којзнае кој пат. Не може скоро секоја година да се јавуваат истите проблеми кај младите, младинскиот стандард, студентските проблеми како нивното сместување, превозот кој е, рака на срце, кога ќе го спомнеш ко да си кажал нешто најлошо за државата, па властодршците бегаат ко ѓаволот од крстот.
Ако оваа држава не може да обезбеди слобода на движење на секој граѓанин па и на нас младите, во најмала рака да отидат до училиште и да се вратат дома без некому да се скрши нос, за какви решенија на проблеми и компромиси во иднина би разговарале?!

Згора на се последниве неколку дена се соочуваме со старо-нов проблем кој обично се јавува пред некаков клучен или некаков одлучувачки момент за владеењето на оваа власт. Повторно тепачки по автобуси, повторно главни актери младите Mакедонци и Aлбанци само што на тапет не е никаква кауза туку како што ќе рече министерката за внатрешни работи „манипулирање со децата за дневно политички поени“ или можеби параван за нешто што се случува или ќе се случи во меѓувреме?!

Кога некаде ќе слушнеме некаков проблем со кој се соочува еден млад човек тоа обично се неговиот стандард, образованието или неговиот развој како човек во ова испревртено општество, посебно во нашата држава, но кога ќе размислам поподробно доаѓам до заклучок дека младите во Македонија настрана од овие секојдневни проблеми со кои се соочуваат имаат и еден друг посуштествен проблем, проблем кој е предоцна да се решава сега во 21-иот век.

Всушност на младите во Македонија им е ускратено основното право на слободно движење насекаде низ државата, а да не зборуваме во средината каде што живеат и учат. Па луѓе, тоа не е проблем со некаква дупка на улица на која утре може да и се фрли количка со асфалт и краткотрајно да се реши туку е суштествен проблем кој ни во најмала рака не е карактеристичен за време во кое живееме сега и за држава која е полноправна членка во ОН. Ако оваа држава не може да обезбеди слобода на движење на секој граѓанин, па и на нас младите, во најмала рака да отидат до училиште и да се вратат дома без некому да се скрши нос, за какви решенија на проблеми и компромиси во иднина би разговарале?!
Зарем ќе гледаме секојдневно полицајци со оклопи по автобусите и автобуските постојки низ Скопје, зарем секојдневно родителите ќе се „убиваат“ од грижи за тоа дали утре своето дете ќе се врати здраво или со скршена глава?!

Скоро секоја година МВР се фали со програми наменети за средношколци, основци за тоа како треба да се однесуваат во училиштата и надвор од нив, скоро секоја година разни предавања за тоа на кое ниво е меѓуетничката толеранција помеѓу младите во Македонија особено во западните и северозападните делови од државата и заклучокот од сите тие предавања и програми се овие тепачки?!
До кога ќе замижуваат надлежните органи на ваквите немили настани?

Ако тоа е начинот на кој Вие ги решавате проблемите, воопшто не се трудете, оставете не нас младите сами да си ги решиме проблемите на оној начин на кој Вие очигледно не можете или не сакате.
Зарем вашата заложба за решавање на веќе постоечките проблеми на младите во државата ќе резултираат со нови проблеми и поделби на национална основа?
Ако тоа е начинот на кој Вие ги решавате проблемите, воопшто не се трудете, оставете не нас младите сами да си ги решиме проблемите на оној начин на кој Вие очигледно не можете или не сакате. Точна е девизата дека секоја генерација има своја борба така и помладите генерации во Македонија иако во моментов токму поради маргинализирањето на нивните барања за решавање на најгорливите проблеми се поспани или летаргични сепак се свесни за тоа во каква каша може да бидат доведени доколку некој си игра со нивните стремежи за остварување на нивните интереси и права, но се и спремни за активно учество во решавањето и донесувањето на одлуки кои би им носеле само арно.

Иако не можејќи како млади директно да предложиме или директно излеземе со некакви решенија (сите знаеме зошто е тоа така), сепак искористувајќи ги алтернативните можности како отвореноста на некои медиуми во интернет сферата или како што се организираните дебати и конференции од страна на невладиниот сектор кој иако сиромашен се уште покажува знаци на живот и се занимава со прашања поврзани со младите, даваме свој придонес и секогаш ќе работиме токму за младите во Македонија сакал тоа некој да го прифати или не и во никој случај нема да дозволиме проблемите на младите да се решаваат со поттикнување на нови проблеми. Ние сме свесни за тоа колку се важни овие прашања, прашања од суштинско значење за младите, добро би било да се свеснат и сите останати младински организации без разлика дали станува збор за политички или НВО сектор, а воедно со исто толку сериозен пристап да пристапат и засегнатите органи на власта вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт.

Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија отсекогаш се борела и ќе се бори заедно со сите млади за почитување на правата и секогаш работи за и само за интересите на младите во Република Македонија. Тоа го докажува нашето секојдневно алармирање на овој или оној начин, нашите повици и стремежи за што поактивна младина во Македонија. Ајде вистински да докажеме дека клучниот сегмент, моторот со кој се движи Македонија кон подобра европска иднина се токму младите.