Многустрани се причините за тепачките меѓу младите, велат социолозите, бидејќи нивното растење е полно со турбуленции, несигурни се во себе, имаат преголема енергија која треба да ја потрошат некаде, при што сето тоа не е канализирано од институциите. Последна во низата беше тепачката меѓу учениците од средните училишта Владо Тасевски и Марија Кири во населбата Аеродром.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека социјалната и економска состојба на државата е таква што ги фрустрира младите и посегнуваат по најлошиот начин на решавање на проблемите.
„Тоа се тепачки, тоа се промовирање на омраза, ширење на тензии и омраза меѓу нив, без оглед на тоа дали се работи за меѓуетнички тепачки, дали се работи за тепачки меѓу две различни групи на фанови или пак едноставно општи тепачки во кои учествуваат тие.“
Професорот Нелко Стојановски вели дека има и низа други општествени фактори кои влијаат врз однесувањето на младите, пред се образовниот систем кој никако да се реформира.
„Тие се често фрустрирани, учат не знаат зошто учат, дали тоа кај нас ќе го матријализираат тој свој труд или ќе треба да се спремаат некаде во странство да одат. Поттикнати од клучната пропаганда на медиумите дека некој друг ни е крив
на таквата тешка состојба, обично тоа може да биде на национална, на верска или на некоја друга основа. Семејството затајува исто така, несоодветно влијае во тој процес на социјализација во тие години кога им е најпотребно.“
И Дерала вели дека и покрај проектите против насилство на младите, тепачките се сė почести што е илустрација на еден поширок проблем, кој го имаат институциите.
„Процесот на образование е крајно девалвиран и во него имаме дури и отворени, а секако и помалку отворени содржини кои промовираат насилство, дискриминација и девијантни појави кај децата и кај младите, значи образованието е на прво место одговорно за ваквото однесување на младите.“
Стојановски исто така порачува дека освен семејството, образованието треба да ги насочува младите.
„Почнувајќи во семејствата, во домашниот амбиент, во едукацијата на младите, па преку училиштата да се поактивни, па преку полицијата којашто кога не треба реагира, да речеме кога ги дислоцира луѓето од паркот, а не кога треба да реагираат на вакви ситуации.“
Експертите порачуваат дека е потребна стратегија во која ќе се вклучат сите засегнати страни.
Процесот на образование е крајно девалвиран и во него имаме дури и отворени, а секако и помалку отворени содржини кои промовираат насилство, дискриминација и девијантни појави кај децата и кај младите, значи образованието е на прво место одговорно за ваквото однесување на младите.Џабир Дерала, Центар за слобода Цивил.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека социјалната и економска состојба на државата е таква што ги фрустрира младите и посегнуваат по најлошиот начин на решавање на проблемите.
„Тоа се тепачки, тоа се промовирање на омраза, ширење на тензии и омраза меѓу нив, без оглед на тоа дали се работи за меѓуетнички тепачки, дали се работи за тепачки меѓу две различни групи на фанови или пак едноставно општи тепачки во кои учествуваат тие.“
Професорот Нелко Стојановски вели дека има и низа други општествени фактори кои влијаат врз однесувањето на младите, пред се образовниот систем кој никако да се реформира.
„Тие се често фрустрирани, учат не знаат зошто учат, дали тоа кај нас ќе го матријализираат тој свој труд или ќе треба да се спремаат некаде во странство да одат. Поттикнати од клучната пропаганда на медиумите дека некој друг ни е крив
Тие се често фрустрирани, учат не знаат зошто учат, дали тоа кај нас ќе го матријализираат тој свој труд или ќе треба да се спремаат некаде во странство да одат. Поттикнати од клучната пропаганда на медиумите дека некој друг ни е крив на таквата тешка состојба, обично тоа може да биде на национална, на верска или на некоја друга основа.Нелко Стојановски, универзитетски професор.