Постојат многу организации кои долги години работат во полето на човековите права, како и промоција на толеранцијата и унапредување на меѓуетничките односи, но сите нивни напори паѓаат во вода поради политичарите, велат од невладините организации.
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека колку и да се обидуваат невладините организации да ги релаксираат меѓуетничките односи во земјата, се што е изградено може да се урне за еден ден со само еден политички потег.
„Јас ќе се послужам со онаа народната, колку вие и да градите, јас за еден ден можат се да растурам, тоа го прават и политичарите. Тоа го покажува и она што се случува во последниот период, оние средношколски недоразбираа, немири, па и тепачки, кои денеска се појавуваат, утре веќе престануваат. Сетоа тоа наликува на некое сценарио подготвувано во некоја од партиските кујни.“
Претседателот на невладината Цивил, Џабир Дерала вели дека она што е проблематично е што граѓанските организации имаат се постеснет простор за делување.
„Секако поради општата атмосфера и поради погрешните политики и практики на инститициите на државата и на власа, гледаме постојана ерозија на меѓуетничките односи и псотојано кревање на тензиите и инцеденти кои се сериозни и кои можат да претставуваат закана за општата безбедност на државата, секако и за развојот воопшто.“
Но, Дерала додава дека не е до неефикасноста на невладините.
„Можеме да кажеме дека ние сме практично немоќни, бидејќи со еден чекор или половина чекор напред, нас овие политики и практики не враќаат десетинa чекори назад. Центирте на моќ во Македонија имаат повеќе средства, повеќе инструменти, истите ги употребуваат на крајо погрешен и деструктивен начин. Не можете вие со еден проект од шест месеци да придонесете кон поправање на сосотојбите кои со години се влошуваат, а за тоа одговорноста треба да се побара токму од центрите на моќ.“
Според Димовски, политичарите не треба да се залажуваат дека можат да добијат политички поени на меѓуетничките односи.
„Заврши ерата на национализмот, заврши ерата на меѓуетничките конфликти... Македонија треба да чекори кон едно модерно и современо време, а не со непромислени политички потези да се враќа сто години наназад.“
Од невладините порачуваат дека доколку има навистина нарушување на меѓуетничките односи, тогаш инцидентите нема да се појават денес, а утре да прекинат.
Заврши ерата на национализмот, заврши ерата на меѓуетничките конфликти... Македонија треба да чекори кон едно модерно и современо време, а не со непромислени политички потези да се враќа сто години наназад.Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека колку и да се обидуваат невладините организации да ги релаксираат меѓуетничките односи во земјата, се што е изградено може да се урне за еден ден со само еден политички потег.
„Јас ќе се послужам со онаа народната, колку вие и да градите, јас за еден ден можат се да растурам, тоа го прават и политичарите. Тоа го покажува и она што се случува во последниот период, оние средношколски недоразбираа, немири, па и тепачки, кои денеска се појавуваат, утре веќе престануваат. Сетоа тоа наликува на некое сценарио подготвувано во некоја од партиските кујни.“
Можеме да кажеме дека ние сме практично немоќни, бидејќи со еден чекор или половина чекор напред, нас овие политики и практики не враќаат десетинa чекори назад.Џабир Дерала, претседател на невладината Цивил.