Историско-шнајдерските ножички успешно ги отстранија страниците од историјата по 1941 година, обележувајќи ги како идеолошки некомпетентни, па дури и опасни, пишува политикологот Соња Стојадиновиќ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Последниве неколку дена требаше да бидат денови на прослава, оддавање почест и сеќавање на луѓето кои дури и малолетни, имаа храброст да тргнат да се борат за слободата на Македонија. Партизаните кои ги дадоа животите за да се ослободат од бугарскиот окупатор Велес, по два дена Куманово и на крај Скопје. Некои од нив, а не биле во мал број, не ни биле членови на Комунистичката партија, некои биле и попови и оџи. Но сите биле луѓе со една кауза и една желба, да имаат свој дом, своја земја, своја слободна држава.
Овие денови поминаа бледо, со поставување на цвеќиња на „преживеаните споменици“ и кажување празен, „пригоден“ говор. А во некои градови го немаше ни тоа, немаше дури ни истакнати знамиња по улиците.
Континуираното одбивање да им се оддаде и оддава достојно признание на паднатите и живи борци од НОБ од страна на актуелната владејачка гарнитура, повлекува многу прашања. Која е вистинската причина за таквиот, во најмала рака индолентен и безобразен однос, кој дури по малку преминува во хистеричен страв. Страв од што? Да се признае фактот дека борбата била водена од страна на комунистите? Па многу антифашистички борби во Европа, пред и во текот на Втората светска војна, биле организирани и водени од комунистите. Зарем треба да се срамиме што сме во друштвото на анти-Франко Шпанија, француското движење на отпорот, италијанските комунисти? Ако се срамиме од тоа, а историските шнајдери континуирано се трудат да ни го наметнат тоа чувство, тогаш ајде да прекроиме уште една друга историска вистина. Ако не сакаме да сме дел од гордата група на антифашистички земји, тогаш останува да „признаеме“ дека бугарската окупаторска војска ја ослободи Македонија, а не ја пороби. Да кажеме јавно дека во Втората светска војна сме биле на страната на поразениот, а не на победникот. Барем со тоа ќе можеме да ги покриеме и оние смешни бели униформи на гардистите за кои ни се смеат Бугарите и велат дека сме ги земале од нив. Па после се лутиме како мали деца кога соседите ќе ни речат дека крадеме од нивната историја.
Дали Македонија има историја со која можеме да се пофалиме и можеме да ја величаме, само до 1914 година? Или периодите на изучување на светлата македонска историја се античките периоди и периодите на функционирањето на ВМРО (во кој било облик и со каква било идеологија)?
Историско-шнајдерските ножички успешно ги отстранија страниците од историјата по 1941 година, обележувајќи ги како идеолошки некомпетентни, па дури и опасни.
Можеби една од следните историско-шнајдерски идеи ќе биде да се каже дека АСНОМ бил основан од страна на комитите, а не од страна на партизаните.
Соочувањето со историјата, но со реалната, со факти поткрепена историја, а не онаа прекројуваната, е одлика на зрела држава со зрел народ. Вили Брант имал храброст да се поклони пред споменикот на убиените Евреи од страна на нацистите и да признае дека Германија неописиво многу згрешила. Тој негов гест не му ја разниша титулата на Канцелар од главата ниту, пак, Германците нешто изгубија. Напротив, добија. Ја признаа грешката на своите предци и сега се први во борбата истата да не се повтори.
Шнајдерите и квази историчарите мораат да се соочат со фактот дека партизаните и Комунистичката партија имаат далеку поголем придонес во борбата за слободна и независна Македонија отколку комитите и ВМРО. Признавајќи го тој факт, ќе бидат на исто ниво со Вили Брант. А тоа не е малку.
Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на Петар Петровиќ Његош. Една негова мисла многу убаво го објаснува погрешното однесување кон историјата: „Тој што цело време се врти кон минатото, со задникот оди во иднината“.
Зарем сакаме нашата иднина да го гледа нашиот задник?