Достапни линкови

Може ли лустрацијата да го подрие идентитетот?


За едни, лустрацијата на академиците и писателите е газење врз темелите на идентитетот. Други, пак, прашуваат каков е тој идентитет што може да се урне со лустрација на неколкумина луѓе, без разлика колку се битни.

Дали лустрацијата на академиците и писателите навистина може да ги подрие темелите на македонскиот идентитет? За едни тоа е газење врз темелите на идентитетот, другите, пак, прашуваат каков е тој идентитет што може да се урне со лустрација на неколкумина луѓе, без разлика колку се битни.
Окуражени од самиот државен врв, луѓето од Комисијата за лустрација, но не само тие, еден број луѓе, некритични, врзани за дневните интереси со власта, негираат речиси сè што е создадено во изминатите децении по војната, тврдејќи безмалку дека македонската државност почнала во последните седум години. Тоа се, се разбира, наизглед бесмислици, меѓутоа се редат во некој систем и во некој ред, опасен за самата наша национална, државна и културна егзистенција.
Димитар Башевски, писател.

Писателот Димитар Башевски вели дека начинот на кој се спроведува лустрацијата е спорен и од правен и од вредносен аспект. Со избегнувањето да се лустрираат луѓето што сега се на власт, а се лустрираат видни творци од повоениот период, се удира по виталните точки на македонската национална и државна опстојба, вели Башевски.
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.

„Окуражени од самиот државен врв, луѓето од Комисијата за лустрација, но не само тие, еден број луѓе, некритични, врзани за дневните интереси со власта, негираат речиси сè што е создадено во изминатите децении по војната, тврдејќи безмалку дека македонската државност почнала во последните седум години. Тоа се, се разбира, наизглед бесмислици, меѓутоа се редат во некој систем и во некој ред, опасен за самата наша национална, државна и културна егзистенција. За луѓето од страна, ова може да звучи чудно кога се случува во 21 век, но знаејќи ја македонската историска позадина, можат да се извлечат објаснувања и за денешните процеси и збиднувања“, вели Башевски.
Дека се објавени 20 или 30 документи каде што недвосмислено е утврдено дека две или три лица соработувале со тајните служби, иако во моментот две се на високи позиции во државата и дека ако се откријат тие документи, се урива историјата, идентитетот и такви работи, не знам јас како го сметаат тоа.
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите.

Претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека не може да сфати како со лустрацијата на академиците се удира по идентитетот.

„Дека се објавени 20 или 30 документи каде што недвосмислено е утврдено дека две или три лица соработувале со тајните служби, иако во моментот две се на високи позиции во државата и дека ако се откријат тие документи, се урива историјата, идентитетот и такви работи, не знам јас како го сметаат тоа“, вели Аџиев.

Башевски, пак вели дека лустрацијата, сама по себе, не може да го урне идентитетот, туку дека е дел од една поширока политика.

„Таа, во своите главни аспекти, ја има на пример антиквизацијата, која ја сметам за многу опасна, бидејќи го поткопува националното ткиво и македонскиот идентитет. Второ, го имам предвид негирањето на континуитетот на македонската државност, НОБ, борците, АСНОМ итн. Се изместува дури и илинденската борба, тенденциозно ставајќи во преден план некои актери од тој период, кои од македонската историја се оценети како луѓе кои не работеле баш во корист на државноста“, вели Башевски.

Тој вели и дека не може да се оттргне од впечатокот дека лустрацијата има и дневна употреба за пренасочување на вниманието од неуспесите на владата на сите полиња.

За МАНУ, одлуката за лустрација одамна починатиот писател Славко Јаневски е „основа за сомневање дека нејзин мотив може да претставува ставот на негација на македонската самобитност и на начелата на демократската правна држава“.

Друштвото на писатели на Македонија, пак, побара одговорност поради, како што велат, антиуставниот чин на лустрација на Јаневски.

„Во спротивно, ДПМ овој чин ќе го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и рушење на темелните вредности на македонската национална култура“, се наведува во соопштението од ДПМ.

На лустрацијата на Јаневски, реагираа голем број писатели и академици, а Комисијата за верификација на фактите веднаш потоа лустрираше двајца од најгласните критичари – академиците Божин Павловски и Томе Серафимовски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG