Експертите ги оценуваат последните постапки на Комисијата за верификација на факти како политичка злоупотреба во која страдаат демократските процедури. Стојан Андов, кој е иницијатор на првиот закон, ја нарече лустрацијата изместена и упати остри забелешки за работата на Комисијата. Законот требаше да спречи на јавни функции да останат или да дојдат некои што соработувале со тајните служби, но наместо свртување кон иднината, овој закон што е во функција се претвори во тенденциозно свртување кон минатото, коментира Андов.
Судејќи според неговите зборови, ниту законот кој е во функција во Бугарија и кој вклучува објавување на имиња на луѓето кои соработувале со тајните служби, нема да има последици како сега што се случува во Македонија.
„Преквалификации на личности, умрени личности итн., фактички се прави една огромна штета во државата. Оние кои сакаат да се објават можеа да донесат закон, не лустрација, туку како во Бугарија што направија, да ги објават службите и никаква лустрација тоа да не е, секој да си извлече заклучок за себе и готова работа. Мене ми го нудеа тој концеп и јас им го одбив“, вели Андов.
На последната седница, Комисијата за верификација на факти разгледуваше пет досиеја. Скулпторот, академик Томе Серафимовски е меѓу лустрираните. Пред две недели, Славко Јаневски беше прогласен за соработник на службите. На одлуките на Комисијата реагираше МАНУ и Друштвото на писатели. Академик Божин Павловски преку отворено писмо до премиерот Никола Груевски се откажа од членството во Македонската академија на науките и уметностите и од Друштвото на писателите на Македонија поради лустрацијата.
Лустраторите најавија дека на следната седница ќе одлучуваат и за уште еден академик, писател.
Публицистот Ибрахим Мехметии има чувство дека главни фигури на лустрацијата се луѓе од минатото и смета дека процесот води кон нови поделби во општеството.
„Прави нови поделби и отвора нови дилеми околу минатото на Македонија, на одредени личности кои имале исклучителна улога во тој период и со тоа мислам дека се постигнува спротивен ефект од она што требаше да го постигне лустрацијата“, вели Мехмети.
Комисијата, пак, негираше дека извршила нешто погрешно. На реакциите на повеќе институции, деновиве Комисијата за верификација на фактите објави дека со сиот респект кон личностите и институциите кои реагираа во јавноста, цени дека нивните ставови се без познавање на фактите и поради тоа ги отфрли како неаргументирани.
Преквалификации на личности, умрени личности итн., фактички се прави една огромна штета во државата. Оние кои сакаат да се објават можеа да донесат закон, не лустрација, туку како во Бугарија што направија, да ги објават службите и никаква лустрација тоа да не е, секој да си извлече заклучок за себе и готова работа. Мене ми го нудеа тој концеп и јас им го одбив.Стојан Андов, поранешен пратеник.
Судејќи според неговите зборови, ниту законот кој е во функција во Бугарија и кој вклучува објавување на имиња на луѓето кои соработувале со тајните служби, нема да има последици како сега што се случува во Македонија.
„Преквалификации на личности, умрени личности итн., фактички се прави една огромна штета во државата. Оние кои сакаат да се објават можеа да донесат закон, не лустрација, туку како во Бугарија што направија, да ги објават службите и никаква лустрација тоа да не е, секој да си извлече заклучок за себе и готова работа. Мене ми го нудеа тој концеп и јас им го одбив“, вели Андов.
Прави нови поделби и отвора нови дилеми околу минатото на Македонија, на одредени личности кои имале исклучителна улога во тој период и со тоа мислам дека се постигнува спротивен ефект од она што требаше да го постигне лустрацијата.Ибрахим Мехмети, публицист.