Загрижувачка е тезата на премиерот Никола Груевски дека обвинувањата за неговото недемократско владеење се дело на група лустрирани лица, односно на таканаречени портали финансирани од дискутабилни извори, вели Билјана Секуловска, уредник на интернет страницата novatv.mk. Секуловска наведува низа примери кои говорат за недемократско владеење на актуелната Влада.
„Погледнете ги извештаите на Стејт департментот на пример, Европската комисија, медиумските организации говорат за политичка пресметка кога зборуваат за лустрацијата, селективна правда, стрмоглав пад на слободата на медиумите, се донесува нов закон за медиуми по брза постапка, потоа притвор на новинар како што е Томислав Кежаровски, сомнително загинување на Никола Младенов... Сето ова се параметри, критериуми околу кои треба да размисли премиерот Никола Груевски“, вели Секуловска.
Главниот и одговорен уредник на Канал 5 телевизија Лидија Богатинова, пак, не смета дека политиките на власта се режимски. За неа е жално што опозицијата и нејзините поддржувачи ги критикуваат токму оние делови од програмата на владејачката партија, кои, како што вели, се однесуваат на социјалдемократските принципи.
„Што повеќе инвестирање внатре во државата за да се спречи сè поголемата економска криза, таа мерка кај нас стапи на сила пред четири години, можеби не им се допаѓа на социјалдемократите што таа мерка беше најизразена во проектот Скопје 2014, меѓутоа и во други проекти, така што голем број, илјадници граѓани, илјадници работници останаа вработени, не ги изгубија своите работни места.“
За Богатинова не е спорна ниту слободата на медиумите во земјава.
„Медиумите се онолку слободни колку што самите ќе си ја направат границата.“
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу наведува неколку примери кои укажуваат на малиот демократски капацитет на владејачката гарнитура, потенцирајќи дека одредени владини претставници не знаат да стават јасна граница меѓу државата и партијата што ја претставуваат.
„Односот кон медиумите, односот кон финансирањето на медиумите, што значи фаворизирање на одредени медиуми, потполната партизација и тоа е дел од извештаите кои ние ги добиваме од нашите меѓународни партнери, од ЕУ, ставање на институциите во функција на партијата“, вели Муслиу.
Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која прави реформи, зголемува плати, пензии, социјална помош, намалува даноци, дава субвенции за земјоделците и ги зголемува правата на работниците.
Погледнете ги извештаите на Стејт департментот на пример, Европската комисија, медиумските организации говорат за политичка пресметка кога зборуваат за лустрацијата, селективна правда, стрмоглав пад на слободата на медиумите, се донесува нов закон за медиуми по брза постапка, потоа притвор на новинар како што е Томислав Кежаровски, сомнително загинување на Никола Младенов...Билјана Секуловска, уредник во novatv.mk
„Погледнете ги извештаите на Стејт департментот на пример, Европската комисија, медиумските организации говорат за политичка пресметка кога зборуваат за лустрацијата, селективна правда, стрмоглав пад на слободата на медиумите, се донесува нов закон за медиуми по брза постапка, потоа притвор на новинар како што е Томислав Кежаровски, сомнително загинување на Никола Младенов... Сето ова се параметри, критериуми околу кои треба да размисли премиерот Никола Груевски“, вели Секуловска.
Главниот и одговорен уредник на Канал 5 телевизија Лидија Богатинова, пак, не смета дека политиките на власта се режимски. За неа е жално што опозицијата и нејзините поддржувачи ги критикуваат токму оние делови од програмата на владејачката партија, кои, како што вели, се однесуваат на социјалдемократските принципи.
Што повеќе инвестирање внатре во државата за да се спречи сè поголемата економска криза, таа мерка кај нас стапи на сила пред четири години, можеби не им се допаѓа на социјалдемократите што таа мерка беше најизразена во проектот Скопје 2014, меѓутоа и во други проекти, така што илјадници граѓани останаа вработени.Лидија Богатинова, уредник на Канал 5.