Борците од НОБ останаа сами во чествувањето на 70 годишниот јубилеј од формирањето на деветте партизански одреди во Македонија. Централната манифестација деновиве се одржа во реснското село Златари, каде во 1942 година беше формиран битолско-преспанскиот одред „Даме Груев“. На чествувањето, иако беа поканети, не се појави никој од државниот врв, немаше министри, пратеници, ниту претставници на локалните самоуправи од Битола и Ресен.
Преживеаните борци и потомците на паднатите херои беа револтирани што државата ги игнорираше на ваква значајна манифестација.
„Ова се потресни настани, кога зборувам за нив се ежам. Среќа што некои луѓе се уште се сеќаваат, не заборавиле. Но, манифестацијата губи многу без претсавници од власта, значи не ги интересира. Ова не е празник само за мештаните и за тие неколкумина што дошле што од срце го почитуваат овој ден“, вели Богомил Богоев, син на народниот херој Мите Богоевски.
„Се формирале одреди, воделе борба за она што денес го имаме и да нема ние еден од државниот врв е повеќе отколку за жал. Но, нека им служи на честа, како што прават, така ќе им прават. Тие би требало да бидат први овде“, рече Благој Чоновски, претседател на Сојузот на борци од Прилеп.
Од прославата на јубилејот, борците порачаа да се запрат сите обиди за прекројување на македонската историја.
„Денес Македонија не е без проблеми поврзани токму со овој историски период од Народноослободителната војна во Македонија. Но, историјата е неуништива зашто народот е неуништив. Никој не може да ја валка, а да остане неказнет. Кога тогаш ќе дојде казната“, изјави Тодор Атанасовски, претседател на Сојузот на борци на Македонија.
Во 1942 година во Македонија биле формирани девет партизански одреди кои воделе борба за ослободување на Македонија. Меѓу нив трите битолски одреди Пелистер, Јане Сандански и Даме Груев, велешкиот Пере Тошев, крушевскиот Питу Гули и други.
Ова се потресни настани, кога зборувам за нив се ежам. Среќа што некои луѓе се уште се сеќаваат, не заборавиле. Но, манифестацијата губи многу без претсавници од власта, значи не ги интересира. Ова не е празник само за мештаните и за тие неколкумина што дошле што од срце го почитуваат овој ден.Богомил Богоев, син на народниот херој Мите Богоевски.