Објектот на охридската касарна, кој е еден од најголемите во Македонија, веќе две години откако се исели и последниот војник зјае празна и го чека реализирањето на првичната идеја таму да се изгради Универзитетски кампус.
Охридската касарна од која пред две години се исели и последниот војник зјае празна и го чека реализирањето на првичната идеја истата да прерасне во Универзитетски кампус. Но, барем засега од тоа нема ништо. Објектот на касарната, кој е еден од најголемите во Македонија, пропаѓа и чека на подобри времиња. Заменик началникот на Генералштабот на АРМ, Насер Сејдини неодамна изјави дека армијата се откажала од дел од касарните и гарнизоните во државата затоа што се покажало дека од нив нема потреба.
„Ги отстапивме со намера за во рамките на тие објекти кои постоеја, општините и другите институции економски да зајакнат и да создадат некакви предиспозиции за одредени вработувања. Конкретно во гарнизонот во Охрид, еден мал дел од касарната се даде на граничната полиција и тој функционира, а еден многу мал дел остана на армијата за потребите на Центарот за обука на вода. Најголем дел се даде на Министерство за образование со цел таму да се изградат приоритети од она што има потреба. Речиси две години не се преземени никакви мерки, касарната е сè уште како што беше, само што нема војска“, рече Сејдини.
Дали и што на општината ќе и припадне од овој атрактивен комплекс ќе се знае откако ќе помине владината процедура за пренамена на објектот. Дури тогаш општината ќе може да реализира дел од зацртаните активности, вели градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
„На ова место донесена е планска документација за урбанизација на овој дел од касарната и во тек се преговори односно координација со Министерството за одбрана и со Министерството за внатрешни работи околу пренамена на овој простор, односно преземање на ингеренциите од страна на Министерството за одбрана под ингеренции на локалната самоуправа. Ние ја имаме отпочнато постапката“, истакна Бакрачески.
Спортски центар, факултети, амбуланта, црква, трговски центар, се дел од содржините кои треба да никнат на потегот на некогашната охридска касарна.
„Имаме една улица која ја пробиваме која е многу функционална поради тоа што го скратува патот на движење. Од содржини имаме спортски центар, високообразовни институции, државни институции, амбуланта, црква на почетокот и трговски центар на средина. Овој е план кој може да се спроведе“, рече Зоран Рафтоски од Општина Охрид.
Речиси две години не се преземени никакви мерки, касарната е сè уште како што беше, само што нема војска.Насер Сејдини, заменик началник на Генералштабот на АРМ.
На ова место донесена е планска документација за урбанизација на овој дел од касарната и во тек се преговори односно координација со Министерството за одбрана и со Министерството за внатрешни работи околу пренамена на овој простор.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.