Објектите кои полека никнуваат на Плаошник во Охрид, а кои се дел од проектот за возообновување на Свети Климентовиот универзитет ќе бидат под лупата на УНЕСКО, чии што претставници наскоро ќе дојдат во Охрид, за да видат што навистина се случува на терен. На Плаошник во моментот се градат објектите каде што ќе биде сместен музејот, Свети Климентовата библиотека, резиденцијалниот објект за црквата и манастирскиот конак.
Директорката на Охридскиот Завод и музеј Тања Паскали Бунташевска вели дека информации за проектот до УНЕСКО од страна на Управата за заштита на културното наследсттво биле испратени уште пред отпочнување со негова реализација, но оти за сега немало никакви забелешки од нивна страна.
РСЕ: Ќе има ли некакви реперкусии сето ова?
„Се надевам дека нема да има. Сето тоа ќе биде дефинирано со камен и фасадно ќе се обработат како и секој еден објект. Сите објекти кои денес се градат се од цврста градба“, вели Бунтапевска.
Просторот околу Плаошник не треба да се преоптерети со прекумерна градба, вели архитектот Димитар Зарчев.
„Можеби останатите објекти кои се таму предвидени со разни содржини можат да ја деградираат црквата, а која стана некакво одбележје на тој простор таму. Јас лично мислам дека прекумерна градба не е во ред и треба да се внимава како се реализира.Треба да се има осет за просторот“, вели Зарчев
УНЕСКО ќе има на што да реагира од она што ќе го види во Охрид, но нивните реакции се задоцнети, вели Зарчев.
„Претпоставувам дека ќе има за што да реагира, но малку доцнат, бидејки ова значи после свадба тапани. Веројатно ќе има критики. Градот Дрезден го избришаа од списокот на УНЕСКО поради еден мост кој не е вклопуваше во амбиентот. Тие кога некоја работа ја разгледуваат се многу построги отколку кога даваат совети од подалеку“, вели Зарчев.
Туристите и охриѓани сметаат дека Охрид ќе добие црвен картон од УНЕСКО за се она што од урбанистички аспекет се случува во градот.
„Во однос на стариот град УНЕСКО има укажано дека не смее да се прават работи кои не се соодветни во однос на заштитеното јадро на градот. Ќе се изненади и до сега се изненадуваше и беше укажано бидејки јас бев дел од комисијата наша, а која работеше за стариот град и заштита и тоа на неколку пати беше укажано. Укажуваа дека ако градот продолжи да се гради и надградува со ова темпо во заштитеното јадро несоодветно дека постои опасност да се одземе статусот споменик на УНЕСКО“, вели турист.
„Мислам дека не треба да се градат такви работи. Добро го направија мозаикот на Плаошник, но не се сложувам да се гради таму и мислам дека е тоа грешка голема. И ќе реагира УНЕСКО сигурно за тие работи“, вели граѓанин на Охрид.
Се надевам дека нема да има. Сето тоа ќе биде дефинирано со камен и фасадно ќе се обработат како и секој еден објект. Сите објекти кои денес се градат се од цврста градба.Тања Паскали Бунташевска, Охридскиот Завод и музеј.
Директорката на Охридскиот Завод и музеј Тања Паскали Бунташевска вели дека информации за проектот до УНЕСКО од страна на Управата за заштита на културното наследсттво биле испратени уште пред отпочнување со негова реализација, но оти за сега немало никакви забелешки од нивна страна.
РСЕ: Ќе има ли некакви реперкусии сето ова?
„Се надевам дека нема да има. Сето тоа ќе биде дефинирано со камен и фасадно ќе се обработат како и секој еден објект. Сите објекти кои денес се градат се од цврста градба“, вели Бунтапевска.
Претпоставувам дека ќе има за што да реагира, но малку доцнат, бидејки ова значи после свадба тапани. Веројатно ќе има критики. Градот Дрезден го избришаа од списокот на УНЕСКО поради еден мост кој не е вклопуваше во амбиентот. Тие кога некоја работа ја разгледуваат се многу построги отколку кога даваат совети од подалеку.Димитар Зарчев, архитект.