Младите конзерватори од Југоисточна Европа преку заеднички обуки, истражувања, размена на искуства и соработка, ќе ги спасуваат античките и ранохристијанските мозаици од забот на времето и како силен адут во културното наследство ќе и ги претставуваат на јавноста. Убедени дека треба да работат на подобар третман, заштита и презентација, конзерваторите истражувачи од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора, БИХ, Хрватска и Словенија, на средба во Охрид заклучија
дека и покрај фактот дека државите секогаш на последно место ја ставаат културата, тие како млади луѓе мора да работат за доброто на културниот идентитет, преку заштита на мозаиците на отворено во археолошките локалитети и во музеите.
„Македонија изобилува со овој вид на културно наследство, што мислам дека е одлично, односно солидно е презентиран, но сепак треба да се следат светските искуства, каде особено би ги истакнал Италијанските и Француските, кои нудат голема можност за заштита и начини на презентирање на овој вид наследство. Една од најбитните точки, многу често во целиот регион што видовме дека се запоставува е одржувањето на мозаиците. Тоа е макотрпен и долготраен процес, затоа што кога едно дело се конзервира тоа не е за навек, туку за одреден временски период, за да му се продолжи животот“, вели академскиот сликар Никола Упевче.
Тој е еден од петмината конзерватори во земјава, кој десет години се занимава со конзервација на мозаиците во Охрид, еден од центрите на оваа уметност, каде во напластените историски слоеви нив ги има на 20-тина локалитети, а само на Плаошник се откриени над 1.500 метри квадратни мозаични површини од непроценлива вредност. Најнапред во конзервацијата на мозаиците е отидена Хрватска, каде има специјални школи и академии за конзервација во Загреб, Сплит и Дубровник, со повеќедецениска традиција.
„Најголем број мозаици во регионов има во Хрватска и Македонија затоа што сме ние на море, а кај вас има прекрасни езера и поволна клима, многу слична на нашата на приморјето. Мозаиците се горе-долу во задоволителна состојба, дел од нив се презентирани, другите заштитени, но средства секогаш недостасуваат. Во Хрватска имаме светски позната базилика кај Пореч, која е доста посетена, чии мозаици континуирано се реставрираат повеќе од 100 години, а на мозаиците во Пула, треба да им се даде поголема важност, од кои дел се недоволно познати, зошто недостасува поголема промоција и подобра заштита“, вели Тони Шаина, реставратор на мозаици и фрески од Хрватска.
Според кого треба да се олеснат механизмите за заштита, кои често заглавуваат во
бирократските механизми.
„Сите се стремат кон современите пристапи на конзервација, чии трендови се следат. Најголем проблем се скромните средства за оваа намена во регионов, на што треба да му се обрне внимание. Кадри имаме, но средствата се доста лимитирани во споредба со големината на мозаичното наследство, па затоа се поврзуваме, за да можеме сите заедно преку европските извори да издејствуваме повеќе пари за да реставрираме што повеќе мозаици, чија состојбата зависи од локалитет до локалитет и од музеј до музеј. На сите ни е во интерес повеќе да ги популаризираме мозаиците, за што е потребна и повисока свест кај населението“, вели Бранислава Лазаревиќ од „Централниот институт за конзервација во Белград“.
Оваа белградска институција ја организираше средбата на истражувачкиот тим за доброто на мозаиците во Охрид, со „Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид“ и странски институции и организации.
Една од најбитните точки, многу често во целиот регион што видовме дека се запоставува е одржувањето на мозаиците. Тоа е макотрпен и долготраен процес, затоа што кога едно дело се конзервира тоа не е за навек, туку за одреден временски период, за да му се продолжи животот.Никола Упевче, конзерватор од Македонија.
дека и покрај фактот дека државите секогаш на последно место ја ставаат културата, тие како млади луѓе мора да работат за доброто на културниот идентитет, преку заштита на мозаиците на отворено во археолошките локалитети и во музеите.
„Македонија изобилува со овој вид на културно наследство, што мислам дека е одлично, односно солидно е презентиран, но сепак треба да се следат светските искуства, каде особено би ги истакнал Италијанските и Француските, кои нудат голема можност за заштита и начини на презентирање на овој вид наследство. Една од најбитните точки, многу често во целиот регион што видовме дека се запоставува е одржувањето на мозаиците. Тоа е макотрпен и долготраен процес, затоа што кога едно дело се конзервира тоа не е за навек, туку за одреден временски период, за да му се продолжи животот“, вели академскиот сликар Никола Упевче.
Тој е еден од петмината конзерватори во земјава, кој десет години се занимава со конзервација на мозаиците во Охрид, еден од центрите на оваа уметност, каде во напластените историски слоеви нив ги има на 20-тина локалитети, а само на Плаошник се откриени над 1.500 метри квадратни мозаични површини од непроценлива вредност. Најнапред во конзервацијата на мозаиците е отидена Хрватска, каде има специјални школи и академии за конзервација во Загреб, Сплит и Дубровник, со повеќедецениска традиција.
„Најголем број мозаици во регионов има во Хрватска и Македонија затоа што сме ние на море, а кај вас има прекрасни езера и поволна клима, многу слична на нашата на приморјето. Мозаиците се горе-долу во задоволителна состојба, дел од нив се презентирани, другите заштитени, но средства секогаш недостасуваат. Во Хрватска имаме светски позната базилика кај Пореч, која е доста посетена, чии мозаици континуирано се реставрираат повеќе од 100 години, а на мозаиците во Пула, треба да им се даде поголема важност, од кои дел се недоволно познати, зошто недостасува поголема промоција и подобра заштита“, вели Тони Шаина, реставратор на мозаици и фрески од Хрватска.
Според кого треба да се олеснат механизмите за заштита, кои често заглавуваат во
Сите се стремат кон современите пристапи на конзервација, чии трендови се следат. Најголем проблем се скромните средства за оваа намена во регионов, на што треба да му се обрне внимание.Бранислава Лазаревиќ, „Централен институт за конзервација“ од Белград.