Со цел да се зачува споменичниот комплекс останат од 19 век за него во иднина ќе се грижи битолскиот Завод и музеј. Се смета дека објектот го граделе врвни мајстори од Смилево во време на битолскиот валија Ќоса Ахмет Зеки-паша. Мајсторите го доградиле воениот магацин и на валијата не му зеле пари велејќи „за света работа пари не се земаат“. Валијата подоцна сфатил што кажуваат откако од спротивниот рид видел дека објектот има форма на христијански крст формиран од обиколните
ѕидови и згради.
„Битола станува еден центар во тогашна Турија и изградено било џепането. Градено е 1848, а пуштено е во употреба 1876 година. Во него се чувало барут и џепане значи барутана. Во Првата светска војна било бомбардирано и една анегдота има дека дел во 1924 година експлодирал. Сочувани се стари градби и некои нови што биле градени на втор ден Велигден“, раскажува историчарот Владо Темелковски.
Џепането беше магацин со оружје за времето на ЈНА, а потоа и во АРМ, па беше многу обезбедувано, недостапно и мистерија за граѓаните на Битола. Содржи четири објекти од делкан камен со полукружни сводови и контрафори, обиколени со тврдина. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска најави дека објектот ќе се отвори за посетители.
„Се поголема промоција на оваа значајна споменична целина и значаен објект за Македонија. Ќе се користи за туристичка промоција и по валоризацијата и ревалоризацијата што ќе се направат добро е да се
пристапи кон заштита на сите тунeли кои постојат внатре во објектот. Тие да прераснат во туристичка атракција.“
Сепак, годините го сториле своето и џепането има потреба од конзервација зашто се потребни пари.
„Бараме оваа споменична целина да има својство на големо културно наследство заштитено со посебен режим на заштита“, вели директорката на Заводот, Лиле Христова.
Градоначалникот Владимир Талески, пак, најави дека филмаџиите веќе му фрлиле око на џепането.
„Многу филмски екипи се интересираат за овој објект. Станува збор за филмот што ќе го работи нашиот познат режисер Столе Попов, во очекување сме и на другата екипа што ќе ја предводи Дарко Митревски.“
Талески најави дека за скоро џепането ќе се електрифицира и ќе се направи пристапен пат до него.
Битола станува еден центар во тогашна Турија и изградено било џепането. Градено е 1848, а пуштено е во употреба 1876 година. Во него се чувало барут и џепане значи барутана.
„Битола станува еден центар во тогашна Турија и изградено било џепането. Градено е 1848, а пуштено е во употреба 1876 година. Во него се чувало барут и џепане значи барутана. Во Првата светска војна било бомбардирано и една анегдота има дека дел во 1924 година експлодирал. Сочувани се стари градби и некои нови што биле градени на втор ден Велигден“, раскажува историчарот Владо Темелковски.
Џепането беше магацин со оружје за времето на ЈНА, а потоа и во АРМ, па беше многу обезбедувано, недостапно и мистерија за граѓаните на Битола. Содржи четири објекти од делкан камен со полукружни сводови и контрафори, обиколени со тврдина. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска најави дека објектот ќе се отвори за посетители.
„Се поголема промоција на оваа значајна споменична целина и значаен објект за Македонија. Ќе се користи за туристичка промоција и по валоризацијата и ревалоризацијата што ќе се направат добро е да се
Ќе се користи за туристичка промоција и по валоризацијата и ревалоризацијата што ќе се направат добро е да се пристапи кон заштита на сите тунeли кои постојат внатре во објектот. Тие да прераснат во туристичка
атракција.