Тие кои за прв пат ланскиот септември заедно удрија камен темелник и дадоа зелено светло за почетокот на изградбата на новиот Свети Климентов универзитетски комплекс во Охрид, станаа најлути противници чиј камен на сопнување стана проектот „Плаошник 2014“. Иако, при фрлањето на лопатите со земја заедно се фотографираа, сега локалната и централната власт си разменуваат најостри стрели и најлути политички обвинувања, кој е во право кој не, кој се грижи за градот, кој работи против него и граѓаните, кој мисли на иднината на младите генерации, кој на личните интереси, каде завршуваат граѓанските пари од државниот буџет и општинската каса.
Политичките опоненти се препукуваат околу одлуката на градскиот совет, општина Охрид да не и ги прости на владата како инвеститор на капиталниот проект на Плаошник со почетна вредност од 9 милиони евра, 1,6-те милиони евра за комуналните давачаки. Иницијаторите на предлогот, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека овие пари можат да се пренаменат за изградба на друг објект од културата во Охрид.
„Сметаме дека една таква инвестиција е многу важна за Охрид, една таква инвестиција е можеби една од најголемите, што ќе се покаже и од образовен и научен, културен и туристички аспект како една од најплодоносните што ќе ги има Охрид. Она што е важно, бараме општината да земе учество во тоа преку уредување на градежното земјиште, таканаречените комуналии и бараме со тоа да си ја зацементира својата улога, да покаже политички сенс за една ваква инвестиција од која ќе има Охрид корист“, вели Дејан Паноски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, што постојано го критикува градоначалникот и градската власт за недомаќинско управување со Охрид.
Но како локалните вмровци не мислат предводниците на другите политички партии, според кои во време кога се даваат милиони евра за изградба на „Скопје 2014“, апсурдно е да се бада ослободување од давачките на владата за „Плаошник 2014“.
„Сега не е моментот за тоа, бидејќи општ интерес се и канализациониот систем, атмосферската вода, улиците, тротоарите и паркинзите, а тој општ интерес се реализира со пари од комуналиите. Законот е тука дециден, а тоа е дека парите што се даваат за комуналии, односно надоместокот за уредување на градежното земјиште, може општината да го користи само за таа намена“, вели Томислав Тунтев, координатор на советничката група на СДСМ.
Граѓаните кои како и дел од стручната јавност реагираат на мегаломанството на проектот кој и не им е познат на сите, а предвидува изградба на 23 образовни, културни, религиозни и туристички објекти, реагираат на промената на ликот на некогашниот Имарет, и стравуваат сега да не изникне таму нов „Археолошки Дизниленд 2014“, кој со свеќите и евтините тезги ќе ги привлекува најевтините туристи.
„Јас сум оние што упорно мислат дека рушењето со динамит на Имарет за да на истото место се изгради импозантен Плаошник е чиста небулоза од причина што Имарет е од 11 век, а Плаошник од 21-виот век. Со опустошувањето на целиот тој простор, со сечењето на огромните пространства шума, мислам дека си отиде мирот, тишината и мистиката на локалитетот. А некогашните туристи чинам дека таму ги привлекуваше токму тоа“, смета жител на Охрид.
За судбината на комуналиите за „Плаошник 2014“, последниот збор треба да го каже охридскиот градоначалник, кој сака директно за тоа да разговара со владините претставници, но и децидно најавува дека ќе стопира дивоградба таму и ќе поднесе кривични пријави против инвеститорот, доколку нелегално се гради комплексот кој ја вознемири јавноста во време на предизборието.
Она што е важно, бараме општината да земе учество во тоа преку уредување на градежното земјиште, таканаречените комуналии и бараме со тоа да си ја зацементира својата улога, да покаже политички сенс за една ваква инвестиција од која ќе има Охрид корист.
Политичките опоненти се препукуваат околу одлуката на градскиот совет, општина Охрид да не и ги прости на владата како инвеститор на капиталниот проект на Плаошник со почетна вредност од 9 милиони евра, 1,6-те милиони евра за комуналните давачаки. Иницијаторите на предлогот, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека овие пари можат да се пренаменат за изградба на друг објект од културата во Охрид.
Јас сум оние што упорно мислат дека рушењето со динамит на Имарет за да на истото место се изгради импозантен Плаошник е чиста небулоза од причина што Имарет е од 11 век, а Плаошник од 21-виот век. Со опустошувањето на целиот тој простор, со сечењето на огромните пространства шума, мислам дека си отиде мирот, тишината и мистиката на локалитетот. А некогашните туристи чинам дека таму ги привлекуваше
токму тоа.