Сакаш да ми проповедаш права, правда, моралност, а молчиш пред човек само затоа што носи плаво палто со амблем на рака? До кога ќе живееш во страв? Мислиш некогаш да ја средиме работава или ќе си ќутиме дур не реши проблемот сам од себе да се реши?, пишува Марко Ѓорѓиев од МОФ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Во 2 часот наутро кога ќе седнеш да размислуваш за што било, кога си сакал да седнеш и да си направиш муабет со себе, некако перспективата ти се избиструва. Не дека ти влијае некоја света сила, повеќе како: на крајот на денот убаво ти е да си избереш тема и да се посветиш на истата, во мислите секако, нема сигурно да станеш да го склопиш Ајрон-мен костумот таму и тогаш.
Најчесто тоа се теми кои решаваме дека од утре ќе се почести во значително подобрена варијанта во нашиот живот. Но, скоро никогаш не е така се разбира, чест на исклучоци. Си велиме често дека тоа е поради тоа што системот/човекот/општеството/графичката-картичка не ни ги овозможува условите потребни за да се ‘реализираме’ себеси...
Но, што всушност значи тоа (за сите прашања освен за графичката, таму отприлика имам перцепција што би тоа значело)? Не, сериозно те прашувам, што значи да се „самореализираш“? Кои се тоа услови кои треба да се исполнат за ти да...
Релно што ќе се случи? Ќе бидеш посреќен/на? Ќе добие смисла твојата инсталација во соба? Ќе те почитуваат случајни индивидуи кои никогаш ги немаш сретнато и најверојатно нема ни да ги сретнеш? Вистина е дека секогаш се стремиме да се развиеме како сопствена личност во општеството, но, секогаш развојот го насочуваме кон социјално прифатената перцепција т.е. тоа што се смета дека е нормално во средината во која живееме.
Знаеш како оди тоа, мора да се припаѓа некаде ако сакаш да успееш во светов, не може туку така да придвижиш нанапред низ животот. А компромис е една од најчестите појави во животот. Не дека попуштаме, не ме сфаќајте погрешно. Ние сме горди суштества, не можеме да „потклекнеме“ така лесно на сè и сешто. Ама тоа е тоа што ти го мислиш. Мислиш дека си своја личност ако излезеш во Ха-Це компилација од текстил, ама всушност ти влијае маркетингот покрај твојот Фејсбук фид, твоите пријатели, соседот со секогаш современите модни коментари. Реалноста е дека на твојата одлука влијаат толку многу фактори, што скоро и да не постои мисла која не е рециклирана и испеглана верзија нешто што „врвот“ смета дека треба да постои. И со оваа мисла стигаме до с’ржта на мојава логика (ако како таква постои, вие тоа пресудете го): Зошто дозволуваме луѓе коишто ние сме ги поставиле на пиедестал над другите да, во недостиг од подобар збор, владеат над нашите животи? Зошто не можеме да размислуваме доволно за да прогледаме низ глупости кои ни се сервираат од различни страни? Толку ли е тешко да застанеш пред полицаец и да му ја побараш станицата и пред него да го пријавиш дека фрлил пикавец? Се плашиш? Не те боли тоа што гледаш како ти ја газат човечноста пред тебе? Буквално стои еден човек, те омаловажува подолу од мазга и ти стоиш и ништо не правиш! Треба да стигне до коска, да пресече, па да се освестиш? Дур не ти е животот во опасност си викаш „не е добро, ама е тоа што е“.
Па ти се слушаш ли колку лошо звучиш? Сакаш да ми проповедаш права, правда, моралност, а молчиш пред човек само затоа што носи плаво палто со амблем на рака? До кога ќе живееш во страв? Мислиш некогаш да ја средиме работава или ќе си ќутиме дур не реши проблемот сам од себе да се реши?
Не ме сфаќај погрешно, немам решение. Нема во последниов пасус да прочиташ никаква севселенска вистина од рангот на „како да си го преселиш стомакот од торзо во кујна за 2 дена“ или „како да си го ископаш потенцијалот од мозок“. Нема ни насока да ти дадам. Не дека не би го направил тоа, да знаев стварно како истото се прави. Кој не би сакал да биде колумнистот што го „решил“ светов? Ама не е така лесно. Вистината е една: Ние сме социјални суштества, но не можеш да ги третираш сите работи и личност во твојот живот еднакво. Не се сите исто присутни и важни во твојот живот. Не можам јас да се потпрам на мојот филмски идол за „џепарац“ за во град, исто колку што не можам да се потпрам на мајка ми да ми отсвири едно соло на Гибсон.
Не можеш да си апатичен. Во динамично општество, статични единки се оставени позади. А, пријателе, ние сме сите оставени на едно пола пат пред почетната точка. Ама не е се црно. Стани. Направи чекор. Нема да те чека времето, ама затоа и ти знаеш да трчаш. Прекини да припаѓаш во социјално прифатливи шеми само поради тоа што ‘така требало да биде’. Не може да очекуваш промена ако цело време го правиш само тоа што ти е ‘дозволено’ да го правиш. Остави фрлање на крпата; Замотај, оптегни, замавни, повлечи на сец и плесни го животот директно во фаца. Не иде веќе вака, време е за движење!
Толку ли е тешко да застанеш пред полицаец и да му ја побараш станицата и пред него да го пријавиш дека фрлил пикавец? Се плашиш? Не те боли тоа што гледаш како ти ја газат човечноста пред тебе?

Сакаш да ми проповедаш права, правда, моралност, а молчиш пред човек само затоа што носи плаво палто со амблем на рака? До кога ќе живееш во страв? Мислиш некогаш да ја средиме работава или ќе си ќутиме дур не реши проблемот сам од себе да се реши?