Вчерашната порака на Ховит дека случајот со новинарот Кежаровски создава впечаток дека во земјава се спроведува селективна правда, треба да се сфати како аларм за одвојување на политиката од правниот систем, велат дел од експертите.
„Мојата порака до оваа и до сите други партии е дека политичкиот дијалог во земјава треба да создаде консензус со кој ќе се осигура дека евроатланската иднина е апсолутен приоритет на оваа земја“, рече известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Денеска не сакаше да го коментира случајот со новинарот Кежаровски и најави повеќе детали за него и за слободата за изразување за утрешната прес конференција.
За дел од експертите пак вчерашната порака на Ховит дека случајот со новинарот Томислав Кежаровски создава впечаток дека во земјава се спроведува селективна правда, треба да се сфати како аларм за одвојување на политиката од правниот систем. Но, наспроти укажувањата на европратениците универзитетскиот професор Алајдин Демири вели дека Владата е глува на забелешките и си тера по свое.
„Владата не е баш заинтересирана да се корегира, што се толкува како инаетење со ЕУ, во смисла ние ќе си тераме наше, односно ќе ве учиме што е правда и како е правда“, вели Демири.
За разлика од Демири, професорот Никола Дујоски смета дека забелешките на европските политичари треба да бидат насочени кон промена на законодавството, односно на висината на казните пропишани за дело за кое се товари Кежаровски.
„Во Европа казните за вакви дела се сосема поразлични, ние во тој дел не се усогласени. Во ЕУ имате условни казни, имате парични казни, евентуално казна затвор од неколку месеци, но кај нас кривичното дело е санкционирано со најмалку 4 години, тоа е спорното.“
Игнорантскиот однос на власта кон критиките од Брисел, за Демири е симптоматичен и укажува на тоа дека земјава не е заинтересирана да стане дел од евроатланските структури, туку дека сето ова го прави формално. Демири предупредува дека ако ваквиот однос продолжи, Македонија ќе се соочи со натамошна изолација.
„После овие извештаи сме многу блиску дури и да ни се одземе статусот. Македонија нема таква волја да се зачлени, има и некое алтернативно решение кое јас мислам многу бргу ќе го облеоденат.“
Дујоски повторува дека забелешките на европратениците можат да постигнат некоја промена во политиката само ако се насочени кон промена на актуелното законодавство, но не и на политиките на власта или селективноста во постапувањето.
„Секоја друга забелешка која оди надвор од кривичниот законик судот нема да ја прифати, јасно е предвидено колку е за тоа дело, тука треба да бидат насочени забелешките кон промена на законодавството, а не на политиките.“
Ховит кој е во тридневна посета на Македонија, вчера се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции каде меѓудругото испрати порака до сите политички фактори да се посветат на евроинтеграциите во наредните два месеци до декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија. Исто така рече дека Македонија доволно ги исполнила копенхагеншките критериуми, но нагласи дека дел од земјите членки во ЕУ не се убедени во тоа.
Мојата порака до оваа и до сите други партии е дека политичкиот дијалог во земјава треба да создаде консензус со кој ќе се осигура дека евроатланската иднина е апсолутен приоритет на оваа земја.Ричард Ховит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент.
За дел од експертите пак вчерашната порака на Ховит дека случајот со новинарот Томислав Кежаровски создава впечаток дека во земјава се спроведува селективна правда, треба да се сфати како аларм за одвојување на политиката од правниот систем. Но, наспроти укажувањата на европратениците универзитетскиот професор Алајдин Демири вели дека Владата е глува на забелешките и си тера по свое.
„Владата не е баш заинтересирана да се корегира, што се толкува како инаетење со ЕУ, во смисла ние ќе си тераме наше, односно ќе ве учиме што е правда и како е правда“, вели Демири.
За разлика од Демири, професорот Никола Дујоски смета дека забелешките на европските политичари треба да бидат насочени кон промена на законодавството, односно на висината на казните пропишани за дело за кое се товари Кежаровски.
Во ЕУ имате условни казни, имате парични казни, евентуално казна затвор од неколку месеци, но кај нас кривичното дело е санкционирано со најмалку 4 години, тоа е спорното.Никола Дујоски, универзитетски професор.