Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит нагласи дека постои високо ниво на загриженост во Брисел поради слободата на изразување и случајот со Кежаровски.
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, упати порака до сите политички фактори да се посветат на евроинтеграциите во наредните два месеци до декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија. Тој рече дека Македонија доволно ги исполнила копенхагеншките критериуми, но нагласи дека дел од земјите членки во ЕУ не се согласни со тоа.
Незаобиколна тема во неговиот говор пред Советот за евроинтеграции беше состојбата со медиумите и случајот со новинарот Томислав Кежаровски. Ховит нагласи дека постои високо ниво на загриженост во Брисел поради слободата на изразување и случајот со Кежаровски.
„Случајот со Кежаровски го покренува прашањето и создава впечаток дека тој процес е дел од селективната правда“, рече тој.
Како што рече Ховит, кој од денеска е во тридневна посета на Македонија, проблем е и корупцијата, непостоењето поделба меѓу државните функции и политичките партии, како и поларизираноста на политичарите. За време на неговата посета, тој рече дека тема на разговорите ќе биде и договорот што Македонија го потпиша со руската федерација за гасоводот и колку е тој компатибилен со европското законодавство. Ховит ова го кажа на Седницата на Советот за евроинтеграции на која беше презентиран и се дискутираше за извештајот на ЕК за земјава, како и за очекувањата од декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими рече дека извештајот претставува работен документ што го нагласува напредокот на државата, но содржи и препораки за унапредување на состојбите во општеството со цел побрзо интегрирање во ЕУ.
„Препораката на Македонија да ѝ се додели датум за почеток на преговорите ќе биде понатамошен придонес за зацврстување и интензивирање на агендата за европските реформи, а ќе придонесе и за побрзо решавање на спорот околу името со Грција“, рече Бесими цитирајќи го извештајот.
Јани Макрадули од СДСМ оцени дека извештајот на ЕК за земјава е дежа ву ситуација и дека е пример и за состојбата во која се наоѓа Парламентот, не само поради случувањата од 24 декември, туку и поради немањето демократски капацитет отворено и искрено да се дебатира.
„Овој извештај е непишан за нас и е напишан од нас и сè додека отворено не зборуваме за тоа што пишува во извештајот, сè додека не го прочитаме извештајот искрено и без предрасуди и сè додека бараме надворешни и внатрешни непријатели, Македонија ќе тоне на европскиот пат“, рече Макрадули.
Случајот со Кежаровски го покренува прашањето и создава впечаток дека тој процес е дел од селективната правда.Ричард Хови, известувач на Европскиот парламент за Македонија.
Незаобиколна тема во неговиот говор пред Советот за евроинтеграции беше состојбата со медиумите и случајот со новинарот Томислав Кежаровски. Ховит нагласи дека постои високо ниво на загриженост во Брисел поради слободата на изразување и случајот со Кежаровски.
„Случајот со Кежаровски го покренува прашањето и создава впечаток дека тој процес е дел од селективната правда“, рече тој.
Препораката на Македонија да ѝ се додели датум за почеток на преговорите ќе биде понатамошен придонес за зацврстување и интензивирање на агендата за европските реформи, а ќе придонесе и за побрзо решавање на спорот околу името со Грција.Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.