По разговорите во Њујорк кои завршија без напредок, експертите имаат поделени мислења околу тоа дали евентуален нов формат на преговори би бил поуспешен. Универзитетскиот професор Стево Пендаровски вели дека форматот нема никаква врска со тоа што ни се случува во рамките на спорот и оти евентуалниот успех или неуспех не е одреден од него.
„Тоа што нема позитивен исход во преговорите досега, нема никаква врска со капацитетите на Нимиц, туку има врска со политичката волја на двете страни што преговараат. Моето уверување е дека Нимиц е најмалиот проблем, ако е воопшто проблем во тој триаголник меѓу Македонија, Грција и ОН“, вели Пендаровски.
За разлика од него, професор Мерсел Биљали е убеден дека е дојдено време кога посредникот не може да понуди ништо ново и дека средбите на повисоко ниво меѓу премиерите на Македонија и Грција би му дале поголемо значење на проблемот за името.
„Поголемо значење му се дава на проблемот со тоа, отколку на ниво на кое секој верува дека нивната сила е доста ограничена“, вели Биљали.
Пендаровски, пак, потсетува дека искуството во минатото покажало дека средбите меѓу министрите за надворешни работи и премиерите меѓу двете земји не го дадоа посакуваниот ефект. Прашањето за името, според него, не е приоритет ниту за Скопје, ниту за Атина и формалните средби кои се случуваат одвреме навреме се само замајување на јавноста дека нешто се работи.
„Имавме средба на министри и по средбата имавме изјава на нашиот министер дека планини ги делат двете страни. Пред три години имавме осум или девет средби на највисоко политичко ниво, на премиерско ниво, дел од нив и во тет-а-тет формат и немавме ни милиметар напредок и не мислам сега дека проблемот е воопшто во форматот, бидејќи и овој формат неформално сме го испробале“, вели Пендаровски.
Билјали, пак, е на мислење дека со средбите се прави обид за дефокусирање на јавноста. Убеден е дека двете страни се подготвени на компромисно решение.
„Цело време се фокусира јавноста кон идентитетот и јазикот, што значи дека името не се споменува. Тоа е индикација дека се спремни за компромис за ова прашање. Мислам дека конечно е дојдено време да се подигне нивото на преговорите и да се заврши барем главниот дел“, вели Биљали.
По дводневните средби на медијаторот Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис, посредникот изјави дека не бил постигнат ниту договор за следната средба во Њујорк или посета на Македонија и Грција. Според Нимиц, немало приближување на ставовите меѓу двете страни и дека главното прашање на несогласување е опсегот на употреба на името, откако Грција инсистира на формулата едно име за севкупна употреба, што за Македонија е неприфатливо.
Тоа што нема позитивен исход во преговорите досега, нема никаква врска со капацитетите на Нимиц, туку има врска со политичката волја на двете страни што преговараат.Стево Пендаровски, универзитетски професор.
„Тоа што нема позитивен исход во преговорите досега, нема никаква врска со капацитетите на Нимиц, туку има врска со политичката волја на двете страни што преговараат. Моето уверување е дека Нимиц е најмалиот проблем, ако е воопшто проблем во тој триаголник меѓу Македонија, Грција и ОН“, вели Пендаровски.
За разлика од него, професор Мерсел Биљали е убеден дека е дојдено време кога посредникот не може да понуди ништо ново и дека средбите на повисоко ниво меѓу премиерите на Македонија и Грција би му дале поголемо значење на проблемот за името.
Цело време се фокусира јавноста кон идентитетот и јазикот, што значи дека името не се споменува. Тоа е индикација дека се спремни за компромис за ова прашање.Мерсел Биљали, универзитетски професор.