Достапни линкови

Груевски го чекаат во Брисел


Со Премиерот Никола Груевски во Брисел во петок ќе имаме можност да разговараме за извештајот на ЕУ за Македонија и начините за решавање на спорот за името, ни изјави Петер Стано портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Премиерот Никола Груевски в петок во Брисел ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, ни потврди неговиот портпарол Петар Стано. Во меѓувреме еден ден претходно на 24 октомоври во план е и средба во Њујорк меѓу медијаторот во спорот со името Метју Нимиц и преговарачите на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Посета на земјава на 28 месецов, пак, најави известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит. Стано вели дека очигледно во фокусот на разговорите ќе биде извештајот за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, кој беше објавен минатата недела.
Секако сите знаат дека напредокот е поврзан со прашањето за името така да веројатно ќе се разговара и за начинот како да се дојде до решение меѓу двете земји.
Петар Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Ова е добра можност да се дискутира за содржината на извештајот за напредокот. Што е постигнато во Македонија на патот на земјата кон ЕУ и исполнувањето на потребните критериуми. Секако и за предизвиците кои престојат и што треба да се направи со цел Македонија да може да дојде поблиску до друга фаза. Секако сите знаат дека напредокот е поврзан со прашањето за името така да веројатно ќе се разговара
Петар Стано.
Петар Стано.
и за начинот како да се дојде до решение меѓу двете земји.“

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека веројатно постои координиран обид да се задржи динамиката по објавувањето на извештајот и да се види што може да се издејствува од македонската страна. Но, според него не треба многу да се очекува од средбите
Очигледно постои координација, но сите тие и Ховит и Филе и Нимиц, тие се задолжени за тоа и нема никаков спектакуларен пробив надвор од тој круг сега.
Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.
кои се дел од активностите кои треба да се спроведат.

„Очигледно постои координација, но сите тие и Ховит и Филе и Нимиц, тие се задолжени за тоа и нема никаков спектакуларен пробив надвор од тој круг сега, нема никаков ангажман од некоја поистакната политичка личност што би внела нова динамика, тоа е се уште во тој стар круг од кој досега ништо не излезе, но да видиме.“

Малески додава дека е јасно како бел ден оти Грција повторно ќе не блокира во декември кога Европскиот Совет ќе одлучува дали да започне преговори со Македонија.

„Сега се прави обид да се избегне тоа за да се издејствува нешто, колку што го слушнав вицепремиерот Бесими, тој рече некаков напредок, што тоа конкретно значи треба да се види со нашите политичари кои ќе одат таму или странците кои ќе дојдат овде, но малку е веројатно дека било што ќе се случи во декември и во голема мерка залудна ќе биде целава оваа работа и на Комисијата ако не се направи обид.“

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими изјави дека е важно до декември да има напредок во спорот со името за да може препораката да се ефектуира во Европскиот Совет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG