Достапни линкови

Јасни позиции за непопуштање пред Нимиц


Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц
Средба на претседателот Ѓорге Иванов и посредникот на ОН Метју Нимиц

„Претседателот Иванов очекува Грција да покаже конечно конструктивност и да се придржува до рамката во која се води процесот, услови без кои не може да се дојде до заемно прифатливо решение“, ни соопштија од Кабинетот на Претседателот.

По најавите за нова средба на преговарачите со посредникот Метју Нимиц од кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов соопштуваат дека државниот врв одржува континуирани координации, има јасни позиции со кои амбасадорот Јолевски настапува.
Претседателот Иванов очекува Грција да покаже конечно конструктивност и да се придржува до рамката во која се води процесот, услови без кои не може да се дојде до заемно прифатливо решение.
Соопштение од Кабинетот на Претседателот.

„Претседателот Иванов очекува Грција да покаже конечно конструктивност и да се придржува до рамката во која се води процесот, услови без кои не може да се дојде до заемно прифатливо решение“, ни соопштија од Кабинетот на Претседателот.

Експертите со минимални очекувања од исходот на разговорите. Тоа што средбата е свикана веднаш откако во извештајот на Европската комисија беше сугерирано решавање на спорот за името без одлагање, за аналитичарите е своевиден обид на Унијата да изврши притисок врз преговарачкиот процес.

„Од една страна нема дилеми дека тоа е веќе во функција на приемот на Македонија во ЕУ и дека сите негови напори се врзани и координирани со Брисел, меѓутоа силен е впечатокот дека процесот на Нимиц е веќе потрошен, дека од
И министерот за надворешни работи и премиерот и претседателот на државата, секогаш инсистираат на некои ставови кои не одат во прилог на решавање на спорот.
Беким Кадриу, универзитетски професор.
него не може да очекува ништо ново“, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски

И покрај информациите за поголема вклученост на Европската Унија во преговарачкиот процес, професорот Беким Кадриу смета дека тоа нема да се случи и оти овој процес ќе остане под покровителство на Обединетите нации.

„Европската унија мислам дека повеќе може да притиска на Грција, отколку врз преговарачот Нимиц и втора работа, зошто би притискале врз Грција, ако подеднакво виновна за целата ова ситуација е и Македонија, не
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.
може вие да инсистирате Грција да попушти во ситуација кога Македонија има потреба да се интегрира во Македонија, а Грција е таму членка.“

Македонија е и блокирана и уценета, а медијацијата на Нимиц очигледно не помага, е ставот на Никовски. Ако се соочите со ситуација која е безизлезна, а како таква медијацијата ја толерирате, тогаш и вие носите одговорност, вели тој.

„Тоа се сė безуспешни обиди, бидејќи тоа на некој начин и самиот Нимиц го кажа при последната посета на Скопје, ни кажа дека разликите се големи.“

Според аналитичарите нема простор за надеж дека преговорите ќе се интензивираат пред декемврискиот самит на Унијата. Согледувањето на тврдите позиции на двете страни не влева надеж дека следната средба на преговарачите и Нимиц во Њујорк ќе резултира со напредок, вели Кадриу.

„Нашите официјални лица и министерот за надворешни работи и премиерот и претседателот на државата, секогаш инсистираат на некои ставови кои не одат во прилог на решавање на спорот, тие одат повеќе по правец на зацврстување на тие ставови, демек не попуштаме.“

Следната средба на преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис со Нимиц е закажана за 24 октомври. При последната посета на Нимиц во регионов минатиот месец, тој соопшти дека меѓу двете страни се уште има несогласувања, најмногу за опсегот на употребата на евентуалното компромисно име. Песимистички пораки прати и министерот за надворешни работи Никола Попоски по неговата средба со грчкиот колега Евангелос Венизелос, кога изјави дека меѓу двете земји има планини кога е во прашање спорот за името.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG