Сонцето од Вергина и лавчето на ВМРО-ДПМНЕ се исцртани на големата училишна чешма во дворот на основното училиште во битолското село Бистрица.
Жолтото шеснаесеткрако сонце од Вергина и златниот лав со круна на главата на црвена позадина се исцртани и обоени на големата училишна чешма во дворот на основното училиште „Крсте Мисирков“ во битолското село Бистрица каде учат околу 200 ученици. Дел од родителите не се противат на оваа постапка, но има и такви кои сметаат дека на партиски симболи не им е местото во школо.
„Сè што треба да научат децата го имаат во учебниците. Нема потреба да се испишуваат знаци по ѕидови или чешми, сè има во учебниците. Таму учителите ќе им ги објаснат знаците и нивното значење. Пред училиште може да биде истакнато знамето на државата, ако требаше знаците да ги има, ќе ги имаше внатре во училиштето.“
„Дали се национални или партиски, ние не знаеме. Но, ги гледаме на знамињата на партиските митинзи на ВМРО-ДПМНЕ“, велат жители на село Бистрица.
Помошник директорот на училиштето, Љупчо Стефановски, објаснува дека чешмата, иако е во школскиот двор, е на месната заедница, па тие ги исцртале ознаките. Но, тој во сонцето и лавот не гледа партиски симболи.
„Во нашето училиште има просторија од здружен дом која ја користи месната заедница. Таа се грижи за паркот, за чешмата и сметале дека вака требало да ја означат. Подолго време таа чешма е вака нацртана, но јас не гледам ништо партиско и затоа е вака нацртана“, изјави Стефановски.
Инаку, на интернет страницата на ВМРО-ДПМНЕ, златниот лав со круна на главата изведен на црвен штит е запишан како партиски грб. Тој како симбол на партијата е поставен и на партиското знаме. Што се однесува на сонцето од Вергина или ѕвездата од Кутлеш, е симбол откриен при археолошки ископувања во 1977 година во Егејска Македонија или денешна северна Грција, на гроб во кој се сметало дека почивал македонски антички крал.
Ова не е првпат овие симболи да се поставуваат во склоп на училишни објекти. Истите беа исцртани на надворешниот ѕид од спортската сала во Демир Хисар пред четири години. Тогаш од Агенцијата за млади и спорт, која ја градеше салата, изјавија дека не се работи за партиски симболи, туку за старомакедонски знаци во чиј дух треба да бидат воспитани идните генерации.
Сè што треба да научат децата го имаат во учебниците. Пред училиште може да биде истакнато знамето на државата, ако требаше знаците да ги има, ќе ги имаше внатре во училиштето.жител на Бистрица.
„Сè што треба да научат децата го имаат во учебниците. Нема потреба да се испишуваат знаци по ѕидови или чешми, сè има во учебниците. Таму учителите ќе им ги објаснат знаците и нивното значење. Пред училиште може да биде истакнато знамето на државата, ако требаше знаците да ги има, ќе ги имаше внатре во училиштето.“
„Дали се национални или партиски, ние не знаеме. Но, ги гледаме на знамињата на партиските митинзи на ВМРО-ДПМНЕ“, велат жители на село Бистрица.
Помошник директорот на училиштето, Љупчо Стефановски, објаснува дека чешмата, иако е во школскиот двор, е на месната заедница, па тие ги исцртале ознаките. Но, тој во сонцето и лавот не гледа партиски симболи.
Подолго време таа чешма е вака нацртана, но јас не гледам ништо партиско и затоа е вака нацртана.Љупчо Стефановски, помошник директор на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Бистрица.