Животот на Молиер – драмата која за неколку дена ќе ја доживее својата премиера во Скопје. Господине Поповски, ако Молиер бил човекот којшто жестоко се борел против лицемерието, очекувате ли пораката да ја разберат лицемерните коишто се наоѓаат насекаде околу нас?
Со самото тоа што неговото творештво, неговите драми до ден денеска се останати како едни од најиграните текстови, најиграните претстави, зборува за тоа колку малку се менува човечкиот табиет, значи карактерот. Она со што тој, во своите драми, се пресметувал или што многу му пречело и денеска е една појава со којашто сакале-не сакале се соочуваме во секојдневниот живот. Ние мораме да застанеме и да помислиме што сме, што точно правиме, како се однесуваме кон работите. Нас времето многу не забрзува, не прави да немаме време да погледнеме и да помислиме на работите околу себе. Гледав некоја видео-снимка за една жена којашто поминува улица во Москва со патерици, паѓа, колите поминуваат и никој не запира да и помогне да стане. Тоа е страшно вака кога ќе го видиш, до која фаза сме. Затоа мислам дека ова покрај главната порака за лицемерието носи во себе една подлабока порака.
Како вие како поединец, како индивидуа се борите против двете лица на продавачката, на колегата, на соседот, на директорот?
Јас не знам дали веќе воопшто се борам или дали се обидувам да се конфронтирам со работите како што сум правел порано. Порано мислев дека треба да се укажува, дека постојано треба да се зборува. Сега мислам дека тоа веќе нема никаква корист, значи зборот веќе одамна ја има изгубено силата. Денеска ти може да кажеш што било, може да се објави што било, тоа е дискутабилно. Дискутабилен е начинот на којшто денеска ние би требало да го коментираме или да го менуваме светот. Во таа смисла имам една фаза во која што повеќе се обидувам да го правам она што мислам дека треба да го направам и да го работам најдобро што можам, отколку да некому кажувам или укажувам ништо, затоа што методите повеќе не се исти, мислам дека мораме да го најдеме орудието за новото време.
Начнавме една тема, системот во кој живееме. Многумина се разочарани, воопшто разочарано зборуваат за падот на вредностите, за потребата од пронаоѓање на некаков духовен мир и тн. Зарем навистина е толку лошо?
Јас не мислам дека е толку лошо. Јас мислам дека работите се добри баш затоа што ни се чинат дека се лоши. Ако тоа можеме да го констатираме, значи може да констатираме една потреба за менување и најверојатно дека светот доаѓа до една точка на логична потреба на менување. Се случија многу нешта коишто останаа непрокоментирани. Да речеме, последната голема промена започна со падот на Берлинскиот ѕид и со една голема промена на Исток, на менување на идеологиите, на осуда на еден систем, условно речено на тој комунистички систем и како работите да дојдоа на свое место.
Неколку години подоцна, 20-тина години подоцна, ние ја живееме најсилната економска криза којашто го тресе светот, која што, пак, од друга страна, е резултат на еден друг систем којшто не го осудивме, не го нападнавме, така што мислам дека не е завршена задачата со уривањето на Берлинскиот ѕид. Не мислам дека едностраното прогласување на едниот систем за подобар од другиот ни овозможи да го промениме светот. Едноставно мислам дека треба да ги согледаме двете страни на медалот и мислам дека не чека нешто што е сега еден похуман пристап. Јас не гледам дека тоа е духовното и дека тоа може после тоа да се пренесе на сите, мислам дека така не функционира, човекот функционира во согласност со општеството и со работите околу себе. Не би се повлекувал толку длабоко во себе само, мислам дека таму нема толку многу силни решенија, мислам дека решенијата мора да бидат во комуникацијата. Само едноставно мислам дека не чека нешто што е посериозно размислување за овој систем во којшто живееме, значи за ова општество во коешто живееме.
Кога зборуваме за таа некоја духовна криза во општеството, ве погодува ли фактот што луѓето повеќе сакаат да гледаат турски серии отколку да одат во театар?
Па не веќе, не ме погодува веќе, тоа е еден долготраен процес и не мислам дека со забраната на еден тип на култура ќе успееме да ја дигнеме оваа култура, ниту, пак, мислам дека театарот треба да се бори на тој начин што ќе стане турска серија, па ќе ги привлече гледачите. Едноставно мислам дека мора на еден поинаков начин да одиме, телевизијата е силен медиум, ама театарот има една друга предност, театарот е затворена темна кутија во којашто е мир, кадешто си ослободен од работите од надвор, каде што главниот збор е замисли си, а тоа е нешто што трае со векови, човекот ја има таа потреба да си замисли, мислам дека силата на театарот е баш во тоа, да понуди една поинаква реалност, да понуди едни поинакви решенија од оние што може да ги добиеш инстант на телевизија или во весник.
Долго време работевте надвор од земјава и се уште продолжувате, но како да се сфати вашето враќање во МНТ? Дали тоа значи дека театарот се изборил за својата независност?
И јас исто така многу размислував што точно значи и дали треба да се вратам и да работам повторно тука или не. Не мислам дека човек може да го помине сиот живот во гнев или во конфликт со некого. Јас не сум човек што долго држи во себе ниту конфликт, ниту гнев. Ова е мој театар, ова е мое место, Скопје е мој град и не мислам дека треба по секоја цена да ја изгубам комуникацијата со него. Овде се случиле едни од претставите коишто ми се најважни во мојата кариера и не не случајно одбрав еден таков текст којшто зборува за театарот. Ова другово што ме прашувате, за тие односи, тоа е нешто што првенствено мислам дека е проблем, не на политиката, колку што е проблем на луѓето во театарот или во некоја друга бранша. Политиката сама по себе сака се да стави под контрола, тоа е во нејзината природа, прашање е зошто ние сме го дозволиле тоа.
Можевме ли да ја спречиме партизација во уметноста и во културата?
Не знам, затоа што не ја спречивме, а дали сме можеле не знам. Ние имавме период на незаинтересираност на политиката за култура и уметност, каде што функциониравме по инерција и период во којшто силно се воспоставија стандардите. И во едниот и во другиот случај, најголема одговорност гледам во луѓето од уметноста и од културата, не во политиката. Во првата фаза кога политиката беше инертна ние не седнавме да кажеме „чекај, сакаме вака“, а во втората фаза кога политиката ја презеде културата и рече „е сега ќе правите вака“, ние немавме сила да кажеме „нема вие да ми кажете, туку јас самиот знам што треба да правам“. Во двата случаи, единствени виновници сме ние самите. Тоа е мојот најголем проблем, не власта, политиката, партиите, најголем проблем сме ние самите, бидејќи не успеваме да застанеме и да кажеме „ова е мое, овде не чепкај, јас сум господар на сцената“ и оваа претстава зборува за тоа. Дали е тоа возможно или не е, не знам додека не седнам да го направам.
Колку, гледајќи како функционираат работите во македонското општество, колку еден проект како што е вонинституционален театар, нели Театарот на Навигаторот Цветко, може да биде имун на политичките или партиските притисоци?
Ништо не може да биде имуно на политички или на партиски пристисоци, значи не постои сфера којашто е имуна на тоа. Токму тоа е нашиот најголем проблем, со којшто во еден одреден момент ќе мораме да се судриме. Се додека не изградиме општество кое реагира на појавите со сопствена глава, се дотогаш ќе ни се случуваат страшни нус појави. Не може ти да имаш една земја во која ќе се случи убиство на дете и ќе излезат 20 родители да протестираат. Толку родители има цела Македонија?! Или толку се тие кои се незасегнати од политичкото прашање? Значи, постојат теми и појави во државата за кои мора да реагираме сите како општество. Се додека не се формираме со глава, со очи и со уши, се дотогаш ќе талкаме меѓу овие смешни појави и ќе ни кажуваат вие сте од оваа страна или од онаа страна. Не, ние реагираме како една сериозна индивидуа и тоа треба да биде изразено без разлика кој каде припаѓа.
Имате ли впечаток дека живееме во време во коешто луѓето се плашат отворено да зборуваат и за своите проблеми, и за своите стравови, затоа што имаат поинакво мислење од другиот? Дури и да имаме доволно критична маса, зошто таа се плаши да се спротивстави на тој што не мисли како неа?
Затоа што нема резултат од тоа. Порано било многу полесно, ќе кажеш Бог ќе го казни, јас сум си мирен, друг ја презема одговорноста и ја очекуваш големата казна, тој ќе гори во пеколот и тн. Кога тоа се укина, сега ни останува правниот систем. Е сега правниот систем како функционира, мислам дека други многу подобро ќе кажат место мене. И луѓето бидејќи немаат доверба ни во едното, ни во другото се повлекуваат во таа апатија да не ги коментираат работите. Не сите, да не ме разберете погрешно. Не сите, има светли примери како што се на пример група професори којашто се бори за автономија на Универзитетот. Тоа за мене е еден од најубавите примери како не треба да се молчи или хорот на Плоштад Слобода. Значи, постојат луѓе, не можам да кажам дека ги нема, но тоа се уште не е на едно потребно ниво. Мислиш дека на политичарите им е добро во таква една ситуација да владеат?! Па и нив не им одговара тоа, тоа не произведува добро.
На кои политичари мислите?
Јас не мислам дека постои, сега кога ќе собереме се заедно и кога ќе погледнеме, не би ги делел на опозициски и позициски. Не би ја префрлувал топката на едно место. Работата е доведена до овде со заеднички сили на опозицијата и власта и сега не може да ми се амнестира кој како ќе стигне во зависност од тоа каде се наоѓа во кој момент се наоѓа. Па ние имаме феномен во кој власта постојано тврди дека е виновна опозицијата, а шест години е на власт, опозицијата го тврди спротивното. Тоа е нивната приказна, ние не смееме да влеземе во нивната приказна, ние сме овде да размислуваме. Дваесет години од осамостојувањето на оваа земја не можеме да ги гледаме резултатите поделени на нивните четири години, па четири години, тоа е нивен проблем.
Се изморивме слушајќи ја истата приказна...
Апсолутно, не можам јас на секои четири години да се приспособувам. Така ништо не се менува, тоа е менување на чорапи и на гаќи, ние се бавиме со нешто многу подолготрајно, ние ставаме темели на една многу посериозна мисла, таа не може да ми ја менува кој како ќе стигне на секои четири години.
Имате став дека културата во Македонија е мртва. Како ги перцепирате тогаш културните обележја, историски споменици? Што ви кажуваат кога поминувате крај нив?
Значи тука постојат две работи. Една е реaлната потреба. Ако ме прашувате дали требаше? Да, требаше. Треба да се направат постаментите и да се направат спомениците на нашата култура. Дали треба да бидат вакви какви што се, дали треба да изгледаат вака, дали треба да бидат изведени од овие уметници, дали треба да бидат во оваа форма? Не. Значи не. Со двете раце не. Штета е што толку пари одат на нештo што изгледа како миленцето на комшиката, миленцето на телевизорот со гондола од Венеција шлапната одозгора. Тоа е страшното.
Се работи за голем невкус?
Апсолутно се работи за голем невкус. И жал ми е што е вклучен само еден слој на уметници, на луѓе, што можат да ги коментираат, да ги создаваат и да ги прават. Никој не е против дека тоа требаше да биде направено. Апсолутно мислам дека е одлично што е поставени некои работи што никогаш не сме ги имале и требаше да бидат направени, но не вака. Не во оваа форма како што изгледаат.
Треба да се направат постаментите и да се направат спомениците на нашата култура. Дали треба да бидат вакви какви што се, дали треба да изгледаат вака, дали треба да бидат изведени од овие уметници, дали треба да бидат во оваа форма? Не. Значи не. Со двете раце не. Штета е што толку пари одат на нештo што изгледа како миленцето на комшиката, миленцето на телевизорот со гондола од Венеција шлапната одозгора. Тоа е страшното.Александар Поповски, режисер.