Опозиционата СДСМ обвини дека со ребалансот се кратат пари за значајни проекти, а се зголемуваат трошоците за репрезентација. Од локалната власт велат ребалансот се прави со цел да се издвојат повеќе пари за инфраструктурни, градежни, капитални проекти, за образованието и друго.
Ребалансот на буџетот на општина Битола за 2013 година ги скара советниците од власта и опозицијата. Опозиционата СДСМ обвини дека со ребалансот се кратат пари за значајни проекти, а се зголемуваат трошоците за репрезентација.
„Пред избори со ветувања се купуваа гласови на многу жители од околните рурални средини, на кои им се ветуваше дека ќе имаат водовод и ќе пијат здрава вода. Тоа се планираше во буџетот со 15 милиони денари, кои денес со ребалансот се намалуваат за три пати, а за сметка на нив се зголемуваат трошците за репрезентации и за копирање и печатење. Вашиот партиски рекламен материјал од 2013 сега мора да се плати“, изјави Васко Ковачевски, советник од СДСМ.
Тој обвини дека на товар на општината се и обврските кои треба да ги плаќа Министерството за образование за битолските улилишта, околу 50 милиони денари за греење и превоз.
„Со овие пари ќе можеа да се изградат две до три училишта. Немаше да се случува децата во Братиндол и Канино да немаат училиште. Децата од Крклино имаат само рам конструкција на училиштето, се уште учат во две стари простории. Можете да отворите на социјалните мрежи и порталите ќе видите какви се санитарните чворови во училиштето „Климент Охридство„, а
се смета за најдобро во Битола“, додаде Ковачевски.
Зоран Стојчевски од СДСМ критикуваше дека во буџетот се скинати средствата за развој на туризмот, за нова опрема на пожарникарите, а се прават паркчиња.
„Пред неколку дена се пушташе забавен парк во населбата Горно Оризари. Јас кога ја видов тв снимката се запрепастив. Кога ги видов сите луѓе застанати со рејбан очила, со златни ланци си помислив дека се работи за голема инвестиција. Следниот ден отидов да видам колкав е паркот. Тоа е еден просечен двор од 200 квадратни метри што го има секој втор битолчанец. Има поставено две и пол клупи и лулашка за дечиња“, рече Стојчевски.
За реконструкцијата на улиците апелираше „да ја правите транспарентно, турате по 2 сантиметри асфалт за по некој месец пак да се соочуваме со дупки и крпеници.
Од локалната власт изјавија дека ребалансот се прави со цел да се издвојат повеќе пари за инфраструктурни, градежни, капитални проекти, за образованието и друго.
„Овој ребаланс е само 3 проценти од буџетот донесен во декември лани. Со тие проекти излеговме на локалните избори, најголем дел од буџетот го поддржаа граѓаните. Овој ребаланс се прави за подобрување на живот на граѓаните“, изјави советникот Николче Јанкуловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред избори со ветувања се купуваа гласови на многу жители од околните рурални средини, на кои им се ветуваше дека ќе имаат водовод и ќе пијат здрава вода. Тоа се планираше во буџетот со 15 милиони денари, кои денес со ребалансот се намалуваат за три пати, а за сметка на нив се зголемуваат трошците за репрезентации и за копирање и печатење.Васко Ковачевски, советник од СДСМ во Совет на Општина Битола.
„Пред избори со ветувања се купуваа гласови на многу жители од околните рурални средини, на кои им се ветуваше дека ќе имаат водовод и ќе пијат здрава вода. Тоа се планираше во буџетот со 15 милиони денари, кои денес со ребалансот се намалуваат за три пати, а за сметка на нив се зголемуваат трошците за репрезентации и за копирање и печатење. Вашиот партиски рекламен материјал од 2013 сега мора да се плати“, изјави Васко Ковачевски, советник од СДСМ.
Тој обвини дека на товар на општината се и обврските кои треба да ги плаќа Министерството за образование за битолските улилишта, околу 50 милиони денари за греење и превоз.
„Со овие пари ќе можеа да се изградат две до три училишта. Немаше да се случува децата во Братиндол и Канино да немаат училиште. Децата од Крклино имаат само рам конструкција на училиштето, се уште учат во две стари простории. Можете да отворите на социјалните мрежи и порталите ќе видите какви се санитарните чворови во училиштето „Климент Охридство„, а
Овој ребаланс е само 3 проценти од буџетот донесен во декември лани. Со тие проекти излеговме на локалните избори, најголем дел од буџетот го поддржаа граѓаните. Овој ребаланс се прави за подобрување на живот на граѓаните.Николче Јанкуловски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.