Најмалку година дена се одолговлечи изградбата на старскиот дом Сју Рајдер во Битола. Според планираните активности и најавите во јавноста, домот требаше да се догради уште минатата есен, а се уште во тек се градежни активности и не е започнато внатрешното опремување.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, деновиве го посети домот во изградба и изјави дека застојот е од администратиовни причини, односно останале без фирма за надзор на градбата.
„Во изминатиот период имаше одреден застој во изградба на домот Сју Рајдер. Застојот е поради одредена постапка во Министерството за локална самоуправа. Во овој момент тече постапката за избор на нов надзор за градба на овој објект чие што именување е неопходно и очекуваме до крајот на годината објектот да биде ставен во функција“, изјави Спасов.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески најави дека за скоро ќе се интензивира градбата.
„Требаше објектот да биде завршен минатата есен. Со пролонгирањето после зимата, договорот за надзор истече. Министерството за локална самоуправа прави постапка за избор на нов надзор. Мислам дека за скоро тоа ќе се заврши и убеден сум дека сите ќе продонесеме тоа до крајот на ов аа градежна сезона да се заокружи“, рече Талески.
Според него важно е што поскоро да заврши градбата зашто веќе две години штитениците од домот се сместени во хотел Битола, па се зголемија и трошоците за нивниот престој. Откако ќе се догради домот тие ќе се вратат во „Сју Рајдер“.
Старскиот дом се гради со средства од ИПА фондовите во висина од 850 илјади евра, а околу 178 илјади евра се обезбедени од општина Битола. Објектот комплетно се реконструира и во него лицата што се згрижени ќе добијат европски услови за престој. Ќе биде проширен и капацитетот зашто досега без сместени 140 старци, а секогаш имаше листи на чекање.
Во изминатиот период имаше одреден застој во изградба на домот Сју Рајдер. Застојот е поради одредена постапка во Министерството за локална самоуправа.Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, деновиве го посети домот во изградба и изјави дека застојот е од администратиовни причини, односно останале без фирма за надзор на градбата.
„Во изминатиот период имаше одреден застој во изградба на домот Сју Рајдер. Застојот е поради одредена постапка во Министерството за локална самоуправа. Во овој момент тече постапката за избор на нов надзор за градба на овој објект чие што именување е неопходно и очекуваме до крајот на годината објектот да биде ставен во функција“, изјави Спасов.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески најави дека за скоро ќе се интензивира градбата.
Требаше објектот да биде завршен минатата есен. Со пролонгирањето после зимата, договорот за надзор истече.Владимир Талески, градоначалник на Битола.