Достапни линкови

Како се трошат општинските пари во Битола?


Совет на општина Битола. Градоначалникот на Битола Владимир Талески и претседателката на Советот Силвана Анеѓлевска.
Совет на општина Битола. Градоначалникот на Битола Владимир Талески и претседателката на Советот Силвана Анеѓлевска.

Опозицијата обвини за непродуктивни трошоци ставени во функција на изборите, а од мнозинството тврдат дека се работело домаќински.

Власта и опозицијата ги судрија ставовите за начинот на кој се трошеле парите од буџетот на општина Битола во првиот квартал годинава кога се одржаа и локалните избори. Опозицијата обвини за непродуктивни трошоци ставени во функција на изборите, а од мнозинството тврдат дека се работело домаќински.
Со проста математика секој ден за кафански услуги сте трошеле 37. 500 денари или секојдневно сте арчеле по една и пол просечна месечна нето плата во време на сиромаштија, мизерија.
Васко Ковачевски, координатор на советничката група на СДСМ.

Васко Ковачевски, координатор на советничката група на СДСМ обвини:

„Предизборно за репрезентација, односно кафанско гоштевање народски кажано потрошивте 3. 380 000 денари или 55. 000 евра. Со проста математика секој ден за кафански услуги сте трошеле 37. 500 денари или секојдневно сте арчеле по една и пол просечна месечна нето плата во време на сиромаштија, мизерија.“
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.

Тој обвини дека со општински пари наводно се печатела и изборната програма на коалицијата „За подобра Македонија“ пред локалните избори.

„Секој ден за копирање или печатење се трошеле фантастични 46.000 денари или секојдневно повеќе од две месечни просечни нето плати. И за овие пари секојдневно ќе направеа по 50.000 ливчиња копии. Ова покажува дека
Што се однесува на привремените вработувања тоа се волонтери со нивниот број се исполнува лимитот за бројот на ефикасна администрација за спроведување на работите на општина Битола.
Соња Карапашовска, советник на ВМРО-ДПМНЕ.
сигурно со овие средства ја печатеа нивната изборна програма.“

Наташа Петровска, советник од СДСМ обвини дека со буџетски средства се печатеа и материјали во предизборието.

Ковачевски додаде:

„За привремени вработувања потрошени 2. 200.000 денари, време е на избори треба да се згрижат и исплатат партиските војници.“

Од советничкото мнозинство одговорија дека се трошело во рамките на нормалатаи предвиденото.

„Имаше обвинување за ставката трошоци за копирање и печатење, од планираните 5.000. 000 денари потрошени се 600.000 денари или расходот е 12 проценти што не е голем процент, имајќи во предвид дека се печатени општинскиот информатор, туристичкиот информатор, службениот гласник на општината. Што се однесува на привремените вработувања тоа се волонтери со нивниот број се исполнува лимитот за бројот на ефикасна администрација за спроведување на работите на општина Битола“, изјави Соња Карапашовска, советник на ВМРО-ДПМНЕ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG