За три месеци ќе започне зонското паркирање во Битола, но проектот веќе го бранува градот под Пелистер. Реакциите се однесуваат на утврдениот ценовник. Во првата зона ќе се плаќаат по 30 денари за два часа, 20 денари во втората зона и 20 денари за три часа во третата зона. Но, ќе плаќаат и фирмите кои немаат свој гаражен простор и тоа по 6000 денари или 100 евра месечно за паркинг. Станарите од колективните згради по 200 денари за прво и 300 денари за второ возило.
„Можеби ќе се среди хаосот до некаде, но од друга страна од каде ќе најдат некои дуќанџии да плаќаат за паркинг по 100 евра месечно.“
„Покрај сите сметки што ги плаќаме кои ни јадат половина од приходите, уште и овие давачки ни требаа. Тој што нема не може ни зонското паркирање да го плати. Човек да не може да излезе со возило ако живее подалеку од центарот. Ќе не оптоварат, не можеме да издржиме од давачки“, велат анкетираните битолчани.
Опозицијата обвинија дека приватниот партнер кој ќе стопанисува со паркинг местата ќе има голема добивка, а мал дел ќе и плаќа на општина Битола.
„На овој начин ќе заработи приватниот партнер кој пак, секој месец на општината ќе и плаќа 2.000 евра. Најдобар показател е Општина Охрид каде новата локална власт ги оспори договорите за закуп. Сумата за која новата власт мисли дека е премала и го оштетува општинскиот буџет на Охрид е 9.000 евра и е за 4,5 пати поголема од средствата што нашиот приватен партнер ќе ги исплаќа на општина Битола“, изјави Златко Ќурчиевски од СДСМ.
Тој додава:
„Проблемот со недостиг на паркинг места можеше и мораше да се реши без финансиски последици врз буџетите на нашите граѓани. Прво да се воведи еднонасочен сообраќај, па ќе се добиеја дополнителни паркинг места. Во меѓувреме да се почни со изградба на монтажни и цврсти катни гаражи. Тогаш ќе видевме дали има потреба од или не од зонско паркирање.“
Низ Битола утврдени се 2.000 паркинг места со кои ќе управува концесионерот „Стентон градба“, сопственикот Благој Крстевски вели дека со зонското паркирање ќе се среди сообраќајниот хаос во Битола.
„Граѓаните ќе добијат зашто ќе биде хаосот во Битола регулиран. Од информациите што ги имаме сега има многу автомобили и комбиња кои со години се паркирани и стојат на едно место, а станарите и граѓаните не можат да ги користат паркинзите.“
Битолскиот градоначалник Владимир Талески смета дека ова е добро решение за проблемот со паркирање на возилата низ градот.
„Посебно имаме проблем со паркирање во пазарни денови или во сабота е скоро невозможно да се излезе со возило. Посебно градовите со стари градски јадра, заштитени објекти и улици имаат проблем со паркинг просторот. Досега во Битола тоа не беше регулирано, убедени сме дека правиме значајна работа, со што максимално ги канализираме условите за паркирање на возилата“, вели Талески.
Првите 15 минути паркирање ќе бидат бесплатни во сите зони, а во недела и неработни денови паркирањето со закон е бесплатно.
На овој начин ќе заработи приватниот партнер кој пак, секој месец на општината ќе и плаќа 2.000 евра. Најдобар показател е Општина Охрид каде новата локална власт ги оспори договорите за закуп. Сумата за која новата власт мисли дека е премала и го оштетува општинскиот буџет на Охрид е 9.000 евра и е за 4,5 пати поголема од средствата што нашиот приватен партнер ќе ги исплаќа на општина Битола.Златко Ќурчиевски, СДСМ.
„Можеби ќе се среди хаосот до некаде, но од друга страна од каде ќе најдат некои дуќанџии да плаќаат за паркинг по 100 евра месечно.“
„Покрај сите сметки што ги плаќаме кои ни јадат половина од приходите, уште и овие давачки ни требаа. Тој што нема не може ни зонското паркирање да го плати. Човек да не може да излезе со возило ако живее подалеку од центарот. Ќе не оптоварат, не можеме да издржиме од давачки“, велат анкетираните битолчани.
Опозицијата обвинија дека приватниот партнер кој ќе стопанисува со паркинг местата ќе има голема добивка, а мал дел ќе и плаќа на општина Битола.
Посебно имаме проблем со паркирање во пазарни денови или во сабота е скоро невозможно да се излезе со возило. Посебно градовите со стари градски јадра, заштитени објекти и улици имаат проблем со паркинг просторот. Досега во Битола тоа не беше регулирано, убедени сме дека правиме значајна работа, со што максимално ги канализираме условите за паркирање на возилата.Владимир Талески, градоначалник на Битола.